@fuzzjaw со здравје да се вози! вакво нешто ретко се начекува, па кога ќе можеш да не почастиш и со едно видео да го чуеме!
Да протнам и едно прашање врзано со патот до Охрид, сеа во Април сум на суд во Охрид ради казна со кола минатата година, па мислев да се пробам прв пат на подогла релација со мотор...ме загрижува само делот кај мостовите пред и после стража, пошто асфалтот е насобран ко тепих...се осеќа многу? пролизгува ли и со која брзина ги поминуваш? Глупо прашање и доста почетничко ама нема да штети совет плус си викам...
Фала ти. Викендов ако сум во можност ќе ставам едно микрофонче позади и ќе снимам
Инаку, за патот, Стража не е страшна, мостовите се заебани само на почеток и крај кај шо се тие металните одводи, инаку се супер. Поголем проблем е Пресека, таму е поизгужван асвалтот и имаш подлабоки бразди. Би ти рекол само полека и без нагли потези, гледај ако мојш да не пропадниш во браздите кај шо поминале камиони/автобуси, држи се или во лева лента (нагоре) или на средина на лентата (иако ова не е секогаш најпаметна идеја).
Исто, како алтернатива, мојш и место преку Стража, да се качиш до Маврово и да се вратиш преку Дебар. Маврово - Дебар е тазе среден патот, супер е за мотор и немат премногу сообраќај, а од Дебар до Струга ќе си возиш полека пошо имат незгодни кривини и уште понезгодни возачи.