NC750X е многу убав пакет. Не знам дали би го зел за патување со сопатник, некако слаб ми е со снага, ама за соло патување и за daily driver е феноменална опција. Го возев од вујко ми во 2-3 наврати, DCT моделот, многу убава позиција за седење, и ми се бендиса позицијата на резервоарот. Место горе во грпката, ставен е долу пониско, и со полн резервоар имаш драстично пониско тежиште, за во кривини е многу постабилен. Плус, горе имаш складишен простор.