Дечки, едно прашање до поискусните моторџии.
Се работи за Хонда ЦБР1000РР 2008 година, модел СЦ59.
Прв пат треба јас да менувам масло, и дилемата е следна:
10W30
10W40
По "јузер мануал", стои 10W30, иако има и графикон каде што е наведено дека во зависност од повисоки температури во регионот каде се вози, може да "пројде" и 10W40.
Мајсторот што го има одржувано моторот досега, ме убедува дека подобро било 10W40, и дека такво е ставано досега.
Ама попрво би му верувал на корисничкото упатство на јапонецот, отколку на наши мајстори, бидејки сепак се конструктори на самата машина.
Малку ми се смешни муабетите од типот "ке го троши ако е поретко".
Мене ми е важно да подмачкува како што треба, потрошувачката би ја ставил во втор план.
Како би изиграле вие?
Благодарам однапред.
@Kikac во први борбени редови
