Топ моторче, чувајте си ги, средувајте си ги, пластики ако треба мењајте - се за да не остарат. Пластиките се најтешки/најскапи, другото се се менува лесно и е ефтино. Ама веќе 50 (70)цц 2т нема, а нема ни да има. Суво злато ќе стануваат.
Фала ти, кратко го возам ама сум доста задоволен. Ги исполнува моите очекувања, со еден исклучок што мислев дека ке троши помалку.

Мада тоа и не ми е битно многу, битно е дека е практичен за во градов и ми брка одлична работа. Не знам колку оди, јас го имам до 70 возено и сметам дека е повеќе од доволно тоа, за мене.
Немам намера да го продавам, иако се помислив на тоа, само што го купив ми го испозаебаа "мајстори" ама го средив и ке го чувам.
Чекам да се стопли и да го јавнам, да не се акам со кола веќе.
Што мислите инаку, ми рекоа за добри плочки задни, 1300/1400 денари. Многу некако ми делуваат, со оглед на тоа што претходдно купив 560 денари. По местење одма почнаа да чкрипат, па мајсторов вика до нив било, неквалитетни...