Здраво колеги
Ај ако може некој да го објасни ова чудо.Во пост погоре пишав дека од скоро купив скутер Пежо Џет Форс карбуратор.Пред некој ден се беше во ред и му ги заменив гумите но тогаш не го запалив.Денес решив да му го заменам и антифризот.Ги откачив цревата,од и до пумпата и цревото од цилиндарот за да истече стариот антифриз.Ставив дестилирана вода за да се испере стариот антифриз,се вратив назад и наполнив нов.Кога пробав да го запалам скутерот,на копче воопшто не реагираше.Кога пробав на курблата,два пати не сакаше да запали, а на третиот пат курблата се заглави во долна позиција.Го отворив капакот на варијаторот и осигурачот кај курблаата се откачил Го средив и тоа и конечно по неколку обиди запали на курбла(на копче не регаира воопшто).Работеше неколку минути како под саух на поголеми вртежи од вообичаено, и прилично чадеше.Кога конечно сакав да го повозам,МЕСТО НА НАПРЕД СКУТЕРОТ ОДИ НА НАЗАД. Дали има некој идеа што воопшто се случи?!?