Автор Тема: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)  (Прочитано 523490 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1800 на: 13 Август 2018, 16:15:14 pm »
од уво

Цитат
Член 53
Утврдување на преправка или поправка


(1) Доколку при техничкиот преглед на возилото се утврди преправка или
поправка на возилото заради којашто податоците во сообраќајната дозвола и во
регистарот на податоци во врска со возилата не се согласуваат со утврдената
состојба на возилото може да се издаде писмен документ за извршен технички
преглед само врз основа на дополнително изведена постапка за единечно
одобрување во согласност со членот 19 на овој закон, односно со соодветен упис
во потврдата за сообразност.
(2) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече
за прекршок на правно лице за технички преглед што постапува спротивно на
одредбите од ставот (1) на овој член.
(3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице за технички
преглед ќе му се изрече на одговорното лице кај правното лице за технички
преглед за сторен прекршок од ставот (2) на овој член.


Трет дел
Промени на возилата


Член 54
Евидентирани промени на возилото


(1) Сопственикот на возилото е должен да побара промените во возилото кои
настанале по неговото одобрување, а не претставуваат преправки и поправки
согласно со членот 19 на овој закон, да бидат евидентирани кај техничката
служба, во рок од 15 дена од денот на извршената промена.
(2) Промените од ставот (1) на овој член се однесуваат на вградување на
одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се
разликуваат од основно вградените, а истите биле одобрени за вградување во
конкретниот тип (варијанта, односно изведба) на возило, како што се:
- издувни системи,
- влечни уреди за возилата, чијашто најголема вкупна маса не поминува 3.500 кг,
со исклучок на трактори,
- спојлери и
- светлосни тела и други.
(3) Вградувањето на одделни системи, составни делови, самостојни технички
единици и опрема од ставот (2) на овој член го врши правно или физичко лице
што е регистрирано за одржување и поправка на возила, за што издава потврда
за вградување.
(4) Вградувањето на уреди за погон на течен нафтен гас, на компримиран
земен гас, или друг уред согласно со одредбите на овој закон врши правно или
физичко лице кое добило овластување од Министерството за внатрешни работи.
(5) Овластувањето од ставот (4) на овој член се издава на правно или физичко
лице кое поседува овластување од производителот на уредите или опремата што
ја вградува, кое ги исполнува просторните, материјално-техничките,
безбедносните услови, како и условите во однос на кадарот за вградување на
уредите и дополнителната опрема на возилата.
(6) Ако овластеното лице за вградување на уред за погон на течен нафтен гас,
односно на компримиран земен гас, или друг уред и дополнителна опрема не ги
извршува доверените работи во согласност со закон, или престане да ги
исполнува условите од ставот (5) на овој член, министерот за внатрешни работи
со решение ќе му забрани вршење на работите и ќе определи рок од 30 дена за
отстранување на утврдените недостатоци.
(7) Ако овластеното лице не ги отстрани утврдените недостатоци од ставот (6) на
овој член, министерот за внатрешни работи со решение ќе му го одземе
овластувањето.
( 8 ) Решението од ставот (7) на овој член е конечно и против него може да се
поведе управен спор пред надлежен суд.
(9) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за
прекршок на сопственик на возилото кој постапува спротивно на одредбите од
ставот (1) на овој член.
(10) Глоба во износ од 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за
прекршок на правно лице сопственик на возилото што постапува спротивно на
одредбите од ставот (1) на овој член.
(11) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се
изрече на одговорното лице кај правното лице за сторен прекршок од ставот (10)
на овој член.
(12) Глоба во износ од 480 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за
прекршок на физичкото или правното лице што постапува спротивно на
одредбите од ставот (4) на овој член.


Член 55
Неевидентирани промени на возилото


(1) За промените на возилото, што немаат поголемо влијание врз безбедноста
на сообраќајот на патиштата, односно врз животната средина и може правилно да
се извршат на едноставен начин пред почетокот на користење на возилата,
сопственикот на возилото не е должен да побара нивно евидентирање.
(2) Промените од ставот (1) на овој член се однесуваат на вградување на
багажник, антена, украсни елементи и друго.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1801 на: 13 Август 2018, 16:24:13 pm »
да не функционише ова случајно ?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1802 на: 13 Август 2018, 16:36:51 pm »
да, посебно делот кај спојлери, светлосни тела...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1803 на: 13 Август 2018, 19:57:32 pm »
бла бла бла... прдење уз ветар акцијава...  9 мотори собрале... чекај со букви ДЕВЕТ мотори одземале.
абе пола се нелагални по прашање документи, они за ауспуси се фатиле... еден куп без возачки возат, не се знае колку направени КАФЕ РЕЈСЕРИ од некои други мотори претрпеле надворешни преправки (што не е страшно) но и доста преправки на шасија (што е нај страшното), а правени се најчесто по гаражички некои, подруми итн итн... се комбинираат суспензии, виљушки, носачи па и машини за да се добие ПОСАКУВАНИОТ ФИНАЛЕН ИЗГЛЕД на нај глупиот мотор на свет наречен кафе рејсер, без да се потроши ни секунда во размислување околу безбедноста на тој кастм мотор, без да се размисли за издржливоста на преправките по прашање оптеретување при експлоатација секојдневна. промашена суспензија, во комбинација со преправана статика е рецепт за откачување на предно тркало во вожња...
на прсти се бројат мотори правени во профи сервиси или бајкбилдери, каде што и соодветна документација ке ти дадат за сработеното... кастм мотор не би возел, па што сака нека е... мил ми е животот.. не би сакал да ми се раздели на два дела моторот кога го возам, без оглед колку брзо возам дали е тоа 20 на саат или 200 на саат... не е баш интересно да ти се деси тоа, а се дешавало...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1804 на: 18 Август 2018, 16:45:39 pm »
Ми имаат спомнато дека Беверли/Скарабео 500 имаат некои проблеми, ама не и кои. Знае некој нешто?

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3698
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1805 на: 18 Август 2018, 18:58:50 pm »
Шо ќе ти 500ка, доста ти е 350ка :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1806 на: 18 Август 2018, 19:40:01 pm »
350 е замена за 500, 500 е од првите модели 350(330цц) е од вторите модели и не беше прашањето дали ми треба или не.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1807 на: 19 Август 2018, 01:14:02 am »
Другар го има неколку години, го утепа од возење и нема никаков проблем до сега. А и јас имам слушнато дека не се баш најпогодени.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1808 на: 19 Август 2018, 12:19:42 pm »
Beverly 500 е супер скутер за повеќе намени. Имам возено еден и имам правено муабет со газдата околу моторот. Проблеми најчесто има со бомбина, кога се вози на влажно може да допре влага до неа, па да прави проблем. Прскање вд40 го решава проблемот.
Друг проблем што го знам е дека и за поситни дефекти му светнува чек енџин ламбиче и знае да не прима, да тресе ама ова не се случува често. Толку знам за дефекти.
Мое возачко искуство: Беверли 500 е силен мотор. Многу торк уште на ниски обртаи. За низ град мислам дека летно време и ќе грее доколлку го развозуваш низ големата градска гужва. Од друга страна за крујзање е измислен. Можеш да го возиш на пристојни брзини без да се слуша и да прави бука. Редовен сервис е ист како и на секој скутер со ЦВТ пренос, би можел да го средиш сам,само секако за овој компонентите се поскапи. Ако си мераклија на спидвејче нема да згрешиш сецни ја гаста и се прекршува,  ко салама е кога го  лизгаш😂

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1809 на: 19 Август 2018, 17:07:28 pm »
Мислам дека за посериозни проблеми ми збореше, нешто во врска со моторот или преносот, бомбина и не е така страшно.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1810 на: 20 Август 2018, 02:51:40 am »
Мислам дека за посериозни проблеми ми збореше, нешто во врска со моторот или преносот, бомбина и не е така страшно.
После одредена километража 60.000+  почнува да троши уље.. и тоа обилно

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1811 на: 01 Септември 2018, 20:34:30 pm »
Мислам дека за посериозни проблеми ми збореше, нешто во врска со моторот или преносот, бомбина и не е така страшно.
После одредена километража 60.000+  почнува да троши уље.. и тоа обилно
точно... одприлика на таа километража треба каричиња нови, и гумици на вентили, секако летечи и лежечи, без потреба да се иде на 1-ва или 2-ра специјала... смениш тоа и спремно е за уште толку да пројде, па пак и така... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1812 на: 12 Септември 2018, 22:29:27 pm »
Ваа ако падне че и сокине цицките  :D


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1813 на: 15 Ноември 2018, 09:37:31 am »






Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #1814 на: 28 Ноември 2018, 12:35:24 pm »
Не сум по спортски мотори, ама ова е  :-X