Автор Тема: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)  (Прочитано 655839 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55282
  • Махер
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #975 на: 02 Октомври 2016, 19:19:30 pm »
Најглупава инвестиција во животот е скутерче од 50 кубици.
Зошто? Јас баш сакав да си оправдам едно за низ сообраќај. Муабетот ми е дека е без полагање А категорија, инаку секако дека е подобро 350ка моторче. Да го брчиш по град натаму наваму, за ефтино и без барање паркинзи ми личи дека е океј.

Едини проблем ми е што изгледаат потресително лошо, и звучат катастрофално. Само заради тоа би земал мотор наместо скутер.



Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30708
    • CARclub.mk
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #976 на: 02 Октомври 2016, 19:21:20 pm »
Најглупава инвестиција во животот е скутерче од 50 кубици.

Не се согласувам. Од практичен аспект, за ваму-таму низ град и бркање секојдневни обврски, 50-ка е многу практична, паметна и корисна инвестиција. Ем ако имаш возачка, не ти треба да полагаш пак.

Зошто? Јас баш сакав да си оправдам едно за низ сообраќај. Муабетот ми е дека е без полагање А категорија, инаку секако дека е подобро 350ка моторче. Да го брчиш по град натаму наваму, за ефтино и без барање паркинзи ми личи дека е океј.

Едини проблем ми е што изгледаат потресително лошо, и звучат катастрофално. Само заради тоа би земал мотор наместо скутер.

Точно тоа и му е намената. Јас сум веќе скоро решен следната година да зеам 50ка.


Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2854
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #977 на: 02 Октомври 2016, 19:27:19 pm »
А според тебе доставувачиве на пица и храна треба со yamaha r1  да се возат низ град, така?
Многу е прост одговорот.Тоа чудо дури да покрене и да достигне до некоја брзина нормална за во сообраќајот без да пречи до никој за истото време скутер од 125 или 150 кубици ке го снема. Друга работа троши повеке од скутер од 125 или 150 а оди и убрзава трипати поспоро.Трета работа е што кога вењке спомна доставувачи на пица со тоа скутерче изврти го Скопје 7-8 пати дневно вози го по 300 км дневно и ке видиш дека за 3 месеци штраф нема да остане од него (особено кинезаријава што ја продаваат)
Затоа ке си земеш скутер со нормални карактеристики и нормална коњажа за да функционираш нормално.
Јас возам Сузуки Бургман 400 за низ град и функционирам одлично со него.50 коња е и тегне како луд.И истиот момент ми текнува за Солун да одам со него,само одам ставам јакна и тргнувам без да се двоумам за ништо.
Така да според мене треба воопшто да не се произведуваат тие моторчиња

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #978 на: 02 Октомври 2016, 19:29:03 pm »
Си има предности 50ката... Не треба полагање.. Евтина регистрација.. Премногу евтини делови.. Целосен ремонт кошта околу 2500 денари...

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4652
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #979 на: 02 Октомври 2016, 19:31:23 pm »
за 50 кубика имаш годишен трошок само за АО,и уљенце и тоа.трошат околу 3-3.5 литри на 100 и литро двотактол на 1000км.за низ град се добра опција,мене ми е ептен практична.не сум спор,релативно брзо иде до 50 за својата тежина од 130 кг,а на поголем правец иде и 75,дури и со двајца,ама тогаш на старт е желка :)
подобра опција за мене е секако скутер од 300-500 кубика,но не е толку агилен и тесен како 50ката за на семафор ако е голема колоната отидеш понапред.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2854
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #980 на: 02 Октомври 2016, 19:36:05 pm »
Најглупава инвестиција во животот е скутерче од 50 кубици.

Не се согласувам. Од практичен аспект, за ваму-таму низ град и бркање секојдневни обврски, 50-ка е многу практична, паметна и корисна инвестиција. Ем ако имаш возачка, не ти треба да полагаш пак.

Зошто? Јас баш сакав да си оправдам едно за низ сообраќај. Муабетот ми е дека е без полагање А категорија, инаку секако дека е подобро 350ка моторче. Да го брчиш по град натаму наваму, за ефтино и без барање паркинзи ми личи дека е океј.

Едини проблем ми е што изгледаат потресително лошо, и звучат катастрофално. Само заради тоа би земал мотор наместо скутер.

Точно тоа и му е намената. Јас сум веќе скоро решен следната година да зеам 50ка.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ако имаш од пријател да земеш да повозиш недела дена низ Скопје 50-ка пред да направиш било каков потег, па види дали ке ти брка раб......Ама верувам дека НЕ .....

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30708
    • CARclub.mk
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #981 на: 02 Октомври 2016, 19:38:20 pm »
Имам поминато повеќе од 20.000 км на 50-ка низ Скопје. :)

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2854
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #982 на: 02 Октомври 2016, 19:41:50 pm »
Јас најискрено неможам да функционирам на такво мало.......

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2315
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #983 на: 02 Октомври 2016, 19:42:56 pm »
Јас пред 1 месец зедов 50сс,благодарејќи на Зеро,баш како на сликата погоре.Забрзувањето на семафор му е одлично,до 40км/ч додека трепнеш кренало,и се препородив откако го зедов.Кавадаци е мал град и е идеален за скутерче,паркинг не бараш,троши 4л на 100км.Моето е ограничено на 50км/ч но за во Кавадарци и тоа е многу.
Се каам зошто до сега не сум инвестирал во скутерче,за 1месец го извозив 300км и дури сега знам како е да не ми ја мислиш за паркинг.

Една од подобрите инвестиции која сум ја направил.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2854
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #984 на: 02 Октомври 2016, 19:44:56 pm »
Јас пред 1 месец зедов 50сс,благодарејќи на Зеро,баш како на сликата погоре.Забрзувањето на семафор му е одлично,до 40км/ч додека трепнеш кренало,и се препородив откако го зедов.Кавадаци е мал град и е идеален за скутерче,паркинг не бараш,троши 4л на 100км.Моето е ограничено на 50км/ч но за во Кавадарци и тоа е многу.
Се каам зошто до сега не сум инвестирал во скутерче,за 1месец го извозив 300км и дури сега знам како е да не ми ја мислиш за паркинг.

Една од подобрите инвестиции која сум ја направил.
Неделно по 500 км го возам.Досега од 2006 до сега 54 666 има ете сега се симнав од него.Тоа чудо незнае за доста

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #985 на: 02 Октомври 2016, 19:49:43 pm »
imav hamachi 50cc... samo strafot se vadi od kapakot na karburatorot i se kine rozevata zica na ogranicuvacot na vrtezi, fabricki se 80cc, znam zasto posle 1000km go odnesov da mi smenat kit i samo sto go otvorija mi rekoa deka e 80-ka, im zemav edna coca cola za makata, vadenje ogranicuvacite i na krajna idese 90 (normalno laze ne e tolku), do 70 razvivase metak a do krajna mu trebase malce vreme...2.5l na 100km prezadovolen...

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7622
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #986 на: 02 Октомври 2016, 19:51:48 pm »
Најглупава инвестиција во животот е скутерче од 50 кубици.

Во Скопксиве гужви, протести и блокирани улици секој втор ден, скутерчево е најдобар избор. Нема застој, секаде поминува, паркираш кај сакаш. Забрзување до 80км/ч подобро од 99% од колите кои возат нормално низ град. :) Веќе 15.000км низ Скопјево со Априлиа ср50, не би ја сменил за ништо друго. Колку живци нерви ми има зачувано, ехее... најдобра инвестиција за зачувување живци и нерви во ваков секојдневен сообраќаен метеж во Скопјево. ;D :D

Работите што ги може ова 50че, не ги можат 125/150ките.. :D

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2854
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #987 на: 02 Октомври 2016, 19:55:12 pm »
Секој има право на свој избор и  мислење.Тоа што е погоре напишано е моето.Јас не би инвестирал во 50-ка.Едноставно ги наведов причините кои се за тоа.Јас кога би избирал и кога би требало да купувам секогаш би одел на нешто поголемо и побрзо.Иначе утре сабајле за Софија одам пак со неа да си ја видам колата и тоа е тоа.

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7622
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #988 на: 02 Октомври 2016, 19:57:19 pm »
Да во право си, штом патуваш на отворен пат, нормално дека ти треба појак мотор. Ама за низ град, гужви.. само 50ка. :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #989 на: 02 Октомври 2016, 20:27:24 pm »
Дени за кивејот имам читано дека ќе се распадне за 10000км бетер и од кинеските скутерчиња бил. Пежото е со електрично вбризгување? Некои спидфајт беа такви и сите ги претвараат на класично карбураторско вбризгување пошто се проблематични. Да имав пари секако ќе земев италијанско или јапонско скутерче ама тоа е. Јас до сега потрошив околу 100 евра само за да го донесам кинесково во некоја нормална возна состојба пошто претходно беше мизерија, а за повеќе не вреди да инвестирам. Парите што се даваат на година за возење на 50ка се смешни. Плус цело лето си раат за паркинг :D