Дајте предлози до кај €5/6000 што да се бара 
Зависно што сакаш....
Ако си за тјуринг мотор моја препорака Suzuki V-Strom 2007-2010 650, идеално моторче јас го возам 3 години, на старо го купив 2012..не е скапо за одржување, идеално е и за низ град и за на отворено, има добра лежерна вожња и за совозачот
Honda Varadeo 1000 cc 2007-2010, исто идеално моторче за долги стаси, стабилно, не кварливо, со делови се наоѓаат лесно низ МКД. Цена околу 5000-6000, со се куфер се наоѓаат
Брзинец (не ги поштувам многу) -Suzuki gsx-r 600, 750 2007-2010, носат спрема годината ознака к8, к7...разликата е во колорната шема. За делови имаш Мaxima, имаш Dynamix, Солун и Софија на секој чекор. Исто луѓе кои ги возат ми кажуваат дека имаат лесна вожња, меѓутоа се непрактични за градска вожња. Ако не е силуван не би имало проблем..другар има поминато од 2007 до сега 43.000 со таква машина само редовен сервис и тера....
Сити моторче, kawasaki Er-6n, ги карактеризираат како сити или роад моторчиња се со помала снага до кај 50-60кс. Мојата идеја кога купував моторче беше тоа да купам баш ваков, али после подолга претрага не најдов, и ми улета сузукито.
Или исто моторчиња кои се покажале од оваа класа e i Suzuki bandit 650A, исто одржливо моторче, убаво за онака лежерна вожња, лесни се за управување низ град. Идеални моторчиња за почетници.
Чопер Suzuki Intruder m800, или Honda Shadow
Скутери Suzuki burgman 600(400 на ново е околу 5500) ,Piaggio x10 350