Секој мотор треба да се проба за да се каже дали го бива или не... Воздушно или водено ладење, е баш сеедно... Ако воздушно ладење е страшно, пробајте оклопен мотор со водено ладење низ град да го возите. На семафор кога ќе ти се погоди (а барем еднаш дневно ќе се погоди) да вклучи перка... Не јајцата, туку од под брада т.е. од грклан до глуждови ќе те свари па и лајт крцкаво ќе те потпече... Затоа постојат мотори за во град и мотори за на отворено, ама тоа на балканов не важи, соодветно на економската состојба нели... Оклопен мотор и било кој ваздушњак се за на отворено (не зборам за скутери, туку за тро побрзи машини)...
Од друга страна, со соодветна опрема (облека) може да се вози било што и низ град. На моторите не им е ништо, предвидени се да издржат. 99,99% се со железни дихтуни, неможе да прегреат и изгорат, само им се намалува животниот век, односно побрзо ќе потроши карики и семеринзи, како и почесто менување масло. Опремата за на мотор, за градски услови има вентилација обезбедено на телото, како и изолација на делот за седење и репродуктивните органи (и машки и женски)...

Со таква опрема возењето низ град воопшто не е по непријатно од било кој друг мотор од таа големина, сепак, се држам до правилото дека не се сите мотори за низ град.