Знам за случаи (мислам дека неколку прочитав и тука на форум) кога од салон ти ја даваат нерегистрирана колата ниту осигурана, и како сега ти да ја однесеш до технички да ја регистрираш, треба да и се тресеш и ќе налета некој што не внимава. Така да би било ОК да можат барем да средат се од салон и во случаи кога колата треба да се носи во друг град да издадат привремени таблички.
Конкретно кај мене во случајот дел од сумата за колата е на лизинг, така да како што разбрав ќе си ја добијам регистрирана но ќе морам да си ја платам регистрацијата.
Кога сме кај лизинг, некој да сподели искуство?
Кажи конкретно што те мачи за лизинг?
Инаку штом колата ти е на лизинг, тогаш каското ти се вади од дента на регистрацијата, и започнува од 00:01 часот. Мојот голф мене ме чекаше со германски шампањ, регистриран, осигуран и каско. Не платив никаква додатна такса.
Па еве конкретно дали ја држат колата додека не започне да важи каското или можеш да ја земеш денот штом помине регистрација? Инаку како што веќе спомнав треба да платам регистрација и осигурување, е сега другото прашање ми е во врска со каското, ми понудија од Еуролинк првата година бесплатно но да се обврзам дека 3 години кај нив ќе бидам како осигуран. Што препорака имате за каското, дали да вадам фул со осигурување од кражби таму, штета некоја и сл како и да беше и каде имате најдобро искуство?
Каско можеш да извадиш со про-фактура или фактура на која го има бројот на шасија, без разлика дали ти е земена колата и нема врска со регистрацијата.
Пробни таблици за ново возило можеш да извадиш без да го носиш возилото на технички.
Процедурата е следна:
-Вршите примопредавање на колата.
-Ти ги спремаат документите во различни папки(за пробни таблици, регистрација и сл.).
-Продавачот ја вади колата од салон и ја паркира на паркингот.
-Одиш да вадиш пробни таблици.
-Се враќаш во салонот и си ги ставаш пробните таблици.