Автор Тема: VW Golf MK7 GTI facelift  (Прочитано 80920 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #315 на: 20 Јуни 2018, 14:30:49 pm »
Е за тоа ќе треба да се обратиш до VAG групацијата, јас неможам да ти одговорам :D

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #316 на: 20 Јуни 2018, 14:31:53 pm »
Мене ме интересира зошто е толку скап стварно ли е толку посебен и вреден голфот ?

Пошто шкодата октавиа рс со истиот мотор е 27.000 евра

25.500 e почетна цена на Октавија рс според ценовникот. Сигурно и на тоа можи да се извади некој попуст.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #317 на: 20 Јуни 2018, 14:38:03 pm »
Мене ме интересира зошто е толку скап стварно ли е толку посебен и вреден голфот ?

Пошто шкодата октавиа рс со истиот мотор е 27.000 евра

Tolku e cenata, poso Golf e Golf, a Skoda e skoda. Skoda i najdobri da se na cel svet pak ke se skoda. Sepak si plakjas i ime/brend, pokraj performansite

Отсутен George

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #318 на: 20 Јуни 2018, 14:56:19 pm »
Почетна цена со тоа што веќе доаѓа со многу опрема пошо е РС модел, инаку разликата за брендот неможе да е толку голема мора да има нешто 58.000 евра е голф гти а шкодата 25.000, истиот мотор иста групација

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #319 на: 20 Јуни 2018, 15:02:37 pm »
Е вака верзии се вадат и муабети дека некој комшија имал Голф ГТИ од 58.000 евра :D

Golf Mk 7.5 GTI почнува од 32.328 Евра во Македонија
Skoda Octavia RS FL Почнува од 25.531 Евра

Разликата не е мала, но не е ни 33.000 евра :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #320 на: 20 Јуни 2018, 15:05:39 pm »
Па освен традицијата, имаш подобра звучна изолација, подобри материјали во внатрешноста особено кај вратите и кај климата, различни светлосна сигнализација кај ентериер (кај шкода уште фураат со зелено светло во внатрешност што многу нервира), електронска рачна и аутохолд имаш кај голф, кај октавија е механичка итн. Сигурно не вреди тоа 8.000 но секој си има право на избор.

Мислам и со сета можна опрема неможе да стигнеш до 58к евентуално голф Р да земеш.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #321 на: 20 Јуни 2018, 15:11:14 pm »
Воопшто не се исти колите, не си правете Бајрам :D А тоа дека за 25.000 (без ценкање) имаш бомба од ауто, тоа е друг муабет. :)

Отсутен George

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #322 на: 20 Јуни 2018, 15:11:27 pm »
Моја грешка се играв со конфигураторот напукав све опрема и излезе 58.000 евра вака е реална разликата

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #323 на: 20 Јуни 2018, 15:13:37 pm »
Почетна цена со тоа што веќе доаѓа со многу опрема пошо е РС модел, инаку разликата за брендот неможе да е толку голема мора да има нешто 58.000 евра е голф гти а шкодата 25.000, истиот мотор иста групација

Немој вакви глупости, некој ќе ти поверува, ќе помисли стварно...

Еве...

Golf Mk 7.5 GTI почнува од 32.328 Евра во Македонија
Skoda Octavia RS FL Почнува од 25.531 Евра

Отсутен George

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #324 на: 20 Јуни 2018, 15:17:31 pm »
Се попраив брат прочитај ги сите пораки :D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #325 на: 20 Јуни 2018, 15:26:13 pm »
Мислам дека веќе новата Октавија фејслифт РС добива XDS а е стандард во секоj голф и 1.6 тди

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #326 на: 20 Јуни 2018, 15:58:42 pm »
@George конфигураторот не им е баш најдобар ти дава да ја селектираш опремата што оди како стандард дополнително и затоа си стасал до 58 000 евра.

Како второ за да не бегаме ептен офтопик на мојава тема да се објасниме накратко (ако некој има потреба од дополнителна дискусија ќе ги замолам админите да отворат тема за разлики на моделите и за цена зошто е така):

1. Гледав Сеат Леон со ист мотор како ГТИ-то... поефтино е каде каде ама внатре каде каде е попластично и се познава разлика во материјали
2. Материјалите општо за изолација, за седишта... не се исти иако на око изгледаат како да се
3. ГТИ моделот се склопува во две фабрики Волфсбург Германија и некаде во Австрија за разлика од рестото на Голф 7
4. Веќе спомнаа колегите погоре во основната цена имаш опрема што е стандард за Голф како електронска рачна и сл
5. Името... јбг

Генерално оди види ги сите во живо, пробај извози ги, опипај и сам ќе си донесеш заклучок.
« Последно менување: 20 Јуни 2018, 16:06:21 pm GTI16V »

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #327 на: 20 Јуни 2018, 19:45:19 pm »
Има леон со 230кс? Нели Фр моделот е со 1.8, а купрата со 300+кс?

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #328 на: 20 Јуни 2018, 20:07:47 pm »
Нема Леон со 230 коња. Технички, FR е ниво на опрема и може да се добие со скоро било кој мотор. Кај нас мислам дека се нуди со 1.4 TSI и со 2.0 TDI. 1.8 TSI мислам дека само по нарачка.

Cupra е 300 коња, да.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK7 GTI facelift
« Одговори #329 на: 20 Јуни 2018, 20:15:33 pm »
Не прецизирав, Купра гледав да, но тие дополнителни 70кс не ми беа пресудни за чуството внатре ентериерот и изведбата. Рака на срце премногу ми беше пластична. @zeroSignal ти имаш повеќе искуство со тест возења и имаш споделено во засебни теми за секое од возилата, но поправи ме ако грешам во врска со ентериерот меѓу Леон ете и Купра да е и Голфот.