@George конфигураторот не им е баш најдобар ти дава да ја селектираш опремата што оди како стандард дополнително и затоа си стасал до 58 000 евра.
Како второ за да не бегаме ептен офтопик на мојава тема да се објасниме накратко (ако некој има потреба од дополнителна дискусија ќе ги замолам админите да отворат тема за разлики на моделите и за цена зошто е така):
1. Гледав Сеат Леон со ист мотор како ГТИ-то... поефтино е каде каде ама внатре каде каде е попластично и се познава разлика во материјали
2. Материјалите општо за изолација, за седишта... не се исти иако на око изгледаат како да се
3. ГТИ моделот се склопува во две фабрики Волфсбург Германија и некаде во Австрија за разлика од рестото на Голф 7
4. Веќе спомнаа колегите погоре во основната цена имаш опрема што е стандард за Голф како електронска рачна и сл
5. Името... јбг
Генерално оди види ги сите во живо, пробај извози ги, опипај и сам ќе си донесеш заклучок.