Мала презентација за една апликација со која животот станува полесен, особено ако си зависник од форум како Карклуб или било кој друг, а немаш при рака нешто поголемо од телефон.
Да не ме фатите за зуб, апликацијата ја има за повеќе платформи, ама насловот е за Андроид бидејќи скриншотите и објаснувањето е за тоа како изгледа на Андроид, предпоставувам дека и на другите платформи е слично
Ова е офоцијалната страна:
http://www.tapatalk.com/index.phpНормално го има и на маркетите, соодветно за која платформа се работи.
Апликацијата се плаќа (околу 120ден.), но мангупи како нас не е проблем да ја најдат и кракната. Со тоа што кракнатата верзија не работеше баш како што треба, така да платената верзија е полн погодок.
После инсталацијата, се’ што треба да се направи е во
Search да се впише
carclub.mk и воала. Нормално, секој форум што ќе ви падне на памет може да го побарате, секој посериозен е достапен на Тапаталк.
Еве како изгледа Карклуб на Тапаталк:
Сликите си ги отвара во самата апликација. Може да се зумираат и може да се даунлоадираат.
Според мене, маана е што јутјуб линковите не ги отвара нит во броусер, нит во јутјуб апликација. Дава опција да ја отвориш страната во броусер, па од таму да бркаш работа.
Е сега, си има и одредени предности апликацијата, во однос на десктоп верзијата. Две работи мене ми оставија впечаток, од кои едната посебно.
Има можност да се подеси, кога посетуваш одредена тема да те даде на првата непрочитана порака. Значи некоја интересна тема, во која има повеќе мислења споделено, а не си ја отворил извесно време, со самото пристапување те носи од последното мислење кога последен пат си ја посетил темата. Мене оваа опција побајаги ми се нашла, за да не пропуштам нешто што се дешавало околу темата, нали
. Супер би било и десктоп верзијата на форумот да има една таква опција.
Другата работа е категоријата
Who's online . Тука не само што може да се види кој е он-лајн, туку и што во моментот прави на форумот
Едноставно, Тапаталк е нонстоп во топ 5 апликации без разлика дали се работи за Ајфон или Андроид или телефон на друга платформа и е маст хев апликација што секој форумџија треба да ја поседува.
Ако има некој прашања, тука сме да споделиме искуства