Мартин, законот важи за сите мерни урди за брзина во германија.
Ти може уредот да го калибрираш, но неговата прецизност е одредена од начин на изработка и потребата за одредена прецизност.
На пример, МВР распишува тендер и вика „бараме ласерски мерачи на брзина, со прецизност од 3%“ се јавуваат фирми кои нудат скупи ласери со прецизност 0.1%, и ефтини со прецизност 2.5%. Што мислиш кои ќе ги земе МВР? Секако, законот одредил дека ќе ти одземат од прочитаната брзина 3%, така да, дали измерил со 0.1 или со 2.9% прецизност - тотално небитно.
Баш ме интересира, кај си прочитал дека ласерските радари мерат со 0% толеранција?
И што се случува ако има ветер кој во моментот може да го заниша сталакот?
Прецизно мерење со минимални толеранции (пак не со нулта) - само во лабараториски услови - каде се вршат повеќе мерења, па крајниостите се отфрлаат и се зема просек од останатите мерења. Тоа на терен, со било каков инструмент - не!