Имав прилика да се повозам во количево, и можам да кажам дека е одлично. Материјали добри, тивко во кабина, убави седишта, квалитетна внатрешност. Но кокпитот е малку чуден, специфичен како и секогаш за Швеѓаните.
После два -три дена, имав прилика да направам директна споредба со А-Класата.
Цената е 24 и кусур, акциска.
Разликата од едното до другото возило за истите пари е неспоредлива.
Почнувајќи од моментот на отварање на вратата, седнување во А-Класата, затварање на вратата, кокпитот и инструмент таблата, воланот, седиштата, целокупната внатрешност.
Значи воопшто не е конкуренција со цената. Реалното вредење на возилцево по мене не треба да помине 18к евра. Но сепак тоа е лично мое мислење.
Далеку е да биде конкуренција на ДС4, А3, но може да влезе во комбинација со Голф7, Астра, и30, Сид и тн.