И јас ќе препорачав некој пикап, бидејќи мислам дека ќе ги задоволи потребите. Само ќе си докупиш поклопец за багажниот простор и немаш гајле.
Имаш избор релативно голем. Од искуство можам да препорачам Ford Ranger, Nissan Navara и Volkswagen Amarok (сме ги возеле на тест), а во игра се и Mitsubishi L200, Toyota Hilux и уште пар други.
Штом спомна дека би се возела колата на автопат, јас би одбрал да е возилото што е можно „поцивилно“. Во тој случај мислам дека најдобар избор би биле Ford Ranger и VW Amarok.