Nema da se promeni rastojanieto od zemjata do mars na primer, ama samite atomi bi trebali da nababrat... ako vlijae na nimi crna sila... neli taa pridonesuva za raznebituvanje na sve shto e materijalni, duri i na samiot elektron shto po moja logika treba i dijametarot na elektronot da se zgolemi. Znaci delovite na elektronot ne znaeme shto gi drzi, ama sigurno ne gi drzi gravitacija. Ili ja su vo teska zabluda ili covekot ja sozdal crnata energija od nemaj kade t.e. ne postoi...
Ти си во тешка заблуда братче. тоест не си во заблуда него неја познаваш материјата. Не ја познава ни 99,99999% од населението на планетава да бидам максимално корентен према тебе.

Ne tuku crnata energija raboti obratno od crnata materija, prema naukata.
Demek ja "rastvata" materijata i ja pretocuva vo energija.
Se uste nema nekoj si dolazi...
Не не не. Ништо не се раствара и не се менуваат димензиите на фундаменталните честици.
Значи просто е, според моменталниот степен на запознавање на градбата на просторот и времето и според функционалните модели кои се користат за анализа на појавите во вселената, во галаксиите има далеку помалку материја (количински) отколку што е минимално потребно за да ја држи галакцијата заедно како целина. Ѕвездите во галаксиите ротираат околу заеднички центар, но со оглед на далечината од центарот на галаксијата и со оглед на брзината на движењето, нема доволно материја за да произведе гравитција за да ги држи ѕвездите заедно и според тековните модели галаксиите би требало да се дисинтегрираат.
Е сега, треба да се дисинтегрираат ама не се дисинтегрираат, со милијарди години галаксиите со компактни. Значи нешто ги држи заедно, произведува гравитација а според стандардниот модел само материја може да генерира гравитација. А што е тоа што генерира во случајов гравитација? Немаме поима. Исто како што кучето нема поима зошто постои ден и ноќ, не може да сфати неговиот мозок, така и ние не можеме во моментов да сфатиме од каде е таа екстра материја кога ја нема, има вакуум на нејзино место, не можеме да ја детектираме.
Нашето не-знаење за вишокот гравитација добило кодно име: темна материја.
Исто така, на поголема скала со почетоците на вселената од теоретскиот почеток Big bang односно по нашки Големиот прскот (Голема експлозија е многу погрешен назив и затоа е ревидиран и заменет), материјата добила кинетичка енергија поради која волуменот на вселената е во константно ширење. Според Њутновиот закон според кој во вакуум ако на едно тело му се зададе моментум (се задава брзина на движење) телото ќе го задржи моментумот се додека на него не почне да делува сила која ќе го забави, забрза или ќе му го смени векторот на движење. Според стандардниот модел, би требало сета материја (групирана во галаксии, галактички јата и галактички клустери) да забавува со ширењето бидејќи силата на гравитација делува контра насоката на движење кон надвор од центарот на Прскотот. Меѓутоа, спротивно на очекувањето според стандардниот модел (читни малце што се подразбира под стандарден модел) наместо материјата да забавува со ширење таа забрзува. тоа значи дека на материјата делува некоја сила чие потекло и механика (квантна) на делување не можеме да ја објасниме.
Нашето не-знаење за вишокот на енергија која делува контра гравитацијата добило кодно име и ја нарекуваме: темна енергија.
Во принцип тоа е тоа. Темната материја и темната енергија се само непознати елементи во равенката која сакаме да ја користиме за да го објасниме начинот на функцинирање на универзумот. Тие две алки кои недостасуваат во нашето знаење се главната моментална цел на објаснување на космологијата и општо квантната механика како дисциплина. Ти си генерално во право кога велиш црната енергија работи обратно од ефектот на црната материја, но не можеме да дискутираме за поим како „раствара“ или било што друго да и „праи“ едната на другата. Едноставно тоа се хипотетички називи, тотално генерички сега за сега. Докази точно е дека нема. У принцип се нема ни идеи додуша. Се чека на брилијантни умови да си ја тераат работата и да дадат одговор на прашањата
