Самото тоа што напомена дека се движиш со Ц. Неможе да се движиш со брзина на светлината, туку да целиш кон брзини блиски до брзината на светлината.
При движење со брзини блиски до брзината на светлината не дека не старееш, туку дека времето (за тебе) минува многу поспоро. Тоа важи и за помали брзини, но при поголеми е по приметливо. Конкретно сателитите кои орбитираат околу земјата за GPS мора да имаат корекција на своите атомски часовници за да не им бега времето.
Доколку патуваш со одредена брзина времето се менува вака:

И ова се случува при било која брзина, само многу малку. Па е занемарливо.
Значи со 2.997*10^8 брзина времето за тебе е 1 секунда, но за луѓето кои се статични во референтниот систем Земја, поминале 40 секунди. Односно 1 према 40. Ако ти со таа брзина отидеш до Алфа Сентаури која е доста позната и се наоѓа на околу 4.3 светлосни години од нас, ќе стигнеш за околу 4.5 години. И твојот часовник на раката ќе вели дека поминало толку време, и твојот лаптоп ќе вика дека поминале 4.5 години. Сите инструменти велат дека поминале 4.5 години. Ти си остарел 4.5 години, точно до ден. Ни помалку ни повеќе. Жив здрав. Си тргнал назад со истата брзина уште 4.5 години. Значи вкупно 9 години те немало од дома. Сите инструменти твои, лаптоп, саат, каледари покажуваат изминати 9 години. Ти си жив здрав и постар за точно 9 години. И не само ти, туку и шатлот во кој си се наоѓал е стар точно 9 години. Се изабил 9 години.
Но, на Земјата поминале 9х40 = 360 години. Сите што ги знаеш умреле, и нивните внуци умреле. Капитализам се учи по историја само и сите го плукаат. Развиена е фузија, и енергијата се добива од водород. Сме станале цивилизација од прв ред. Сето тоа за 9 години според твојата опадната коса, а 360 според Земјаните. Ти сега имаш 400 години. Роден си бил 1980та година, а таму е 2380та година. Само ти се сеќаваш и лично си видел вокмен. Само ти си единствениот кој има каснато не ГМО храна. Само ти си возел кола на бензин од сите тогаш живи земјани. Твојот и7 лаптоп сеуште работи, и веќе е некомпатибилен со нивните петабитни ваерлес мрежи.
Ова всушност се случува.