Самиот феномен на читање е еден од најважните пронаоѓања во нашето општество. Преку некакви чкртаници на хартија да можеш да симулираш гласови и мисли во нечија туѓа глава, на било кое малку понеразвиено општество ќе му личи на црна магија.
Информацијата е само прераспределување на атоми во одреден организам, и тоа (!!!) рачунај од каде е историјата на записот!
Кристалите како се реплицираат од почетна точка? Дали тие содржат информација за создавање на поголеми кристали? Кристалната решетка се реплицира до бескрај самата по себе ако и се дадени соодветни матерјали за градба. Слично на тоа сме и ние (живите организми). Ние се состоиме од молекула која почнала да се реплицира, таа молекула преку својата репликација успевала со секоја следна генерација (мртвата молекула значи) да задржува одредени корисни параметри за следната генерација. И само најуспшените молекули опстанале, и во секоја генерација истото.
Потоа тие молекули се здружиле во клетка како своја тврдина во која може да живеат и размножуваат. Тие клетки формирале свои градови на повеќеклеточни организми кои групно делуваат. Па во тие градови дел од клетките станале пекари, дел станале црн дроб, дел станале око, дел станале чевлари. Потоа оној кој можел подобро да одлучува и да решава според насоките на светлината и чувствата опстојувал подобро. Па потоа се создал систем кој ако некој го закача пекарот, да му викне на чевларот, да дојде да го згази од ќутек со чеканот!
Системот за комуникација се претворил во големи библиотеки на знаење каде се акумилираат различни настани и случувања за подобро предвидување на иднината и симулирање на настани уште пред да се случат. А таа единка кој најдобро ја предвидувала иднината макар и во најкратки периоди имала и најдобри шанси за репродукција. Таа библиотека на записи и функции кај сите животни стигнала до степен да може да ги групира таквите системи (мозоци) во еден голем мозок и библиотека на знаења за групно расудување и пренос на информации (запис)...
Од една молекула која се реплицира, до колекција на квадрилијарди молекули кои може да вршат реакција на спојување и одвојување - според некои записи на тенко парче дрво... А не се по ништо различни од таа прва молекула.