Автор Тема: НАУКА (Астрономија)  (Прочитано 231643 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #345 на: 06 Октомври 2013, 20:30:12 pm »
За нешто да се распарчи потреба е тензија на сили кои ќе влечат на различни делови од објектот со спротивни насоки.


Тоа неможе да го стори гравитација.

Зошто?

Затоа што за нешто да се распарчи, еве да земеме човечко тело со раце и нозе. Значи за да се истргне една рака од телото, треба една сила да делува на раката а спротивна сила да делува на телото. Што значи тоа? Тоа значи дека силите на привлекување треба да се ексклузивни на различните делови. Тоа е едноставно ако се работи за различен вид на сили. На пример ако раката е железна, и на едната страна делува магнетна сила, а телото е од месо и на него делува гравитација. При тоа, магнетната сила ќе делува на лево, а гравитацијата на десно. Тоа би можело да го распарчи објектот (телото). Но во случајов силите се хомогени, а и телото е хомогено. Силите не делуваат ексклузивно, туку делуваат на сите делови од објектот под еднакво.
Со други зборови гравитацијата колку што делува на раката, делува и на телото, нема контра сила која ќе сака да ги оттргне работите една од друга.

Доста убав пример на работа на таков вид на сили може да погледнеме доколку ставиме магнет во бакарна цефка.
 

Проблемот при разбирање на оваа тематика е што се гледаат работите како целина, а не поодделно. Ако земеме дека телото е цело и земјата цела тогаш да има логика да во средината гравитацијта е „јака“. Но е јака на која страна? На сите страни! - се слуша глас. Што дефинира страна тогаш? Нема страни. Секој молекул од телото е привлечен истовремено на сте страни. Значи на молекуларно ниво е привлечен. А ако е привлечен на сите стрнани подеднакво... Значи дека сумата на силите кои делуваат на него е приближно еднаква на нула. А кога сумата на силите на едно тело е приближна на нула е случај кога сме во вселената. И кога лебдиме. Истото и во центарот на земјата. Сума на сили ~0.

На тој принцип ќе работат гравитационите возови, само нема да поминуваат низ јадрото туку само низ кората.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #346 на: 06 Октомври 2013, 20:33:49 pm »
За нешто да се распарчи потреба е тензија на сили кои ќе влечат на различни делови од објектот со спротивни сили.


Тоа неможе да го стори гравитација.

Може. Силите не мора да бидат со спротивна насока, може да бидат и доволно различни по магнитуда.

Замисли те тегне нешто супермасивно, на пример црна дупка. Паѓаш, паѓаш, паѓаш и во еден момент, кога си доволно блиску, гравитацијата која ти делува на нозете е толку појака од онаа која ти делува на главата што се распарчуваш на пола. Разликата во забрзувањето меѓу нозете и главата е толкава што телото не може да го задржи структурниот итегритет.

Ѕирни го она за tidal forces.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #347 на: 06 Октомври 2013, 20:36:57 pm »
За нешто да се распарчи потреба е тензија на сили кои ќе влечат на различни делови од објектот со спротивни сили.


Тоа неможе да го стори гравитација.

Може. Силите не мора да бидат со спротивна насока, може да бидат и доволно различни по магнитуда.

Замисли те тегне нешто супермасивно, на пример црна дупка. Паѓаш, паѓаш, паѓаш и во еден момент, кога си доволно блиску, гравитацијата која ти делува на нозете е толку појака од онаа која ти делува на главата што се распарчуваш на пола. Разликата во забрзувањето меѓу нозете и главата е толкава што телото не може да го задржи структурниот итегритет.

Ѕирни го она за tidal forces.
Сосема јасно. Тоа е она што го реков, ексклузивност на силите. Во случајот на црна дупка „Да“ нашето тело е доволно големо за да разликата во силите е забележлива. Но во Земјата никако тоа не е случај. Ни приближно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #348 на: 14 Октомври 2013, 20:44:20 pm »
Само 9 минути.
А толку многу кажано.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #349 на: 16 Октомври 2013, 20:54:23 pm »
Досега наједноставно објаснето за 10те дименизии, што јас сум нашол.


Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #350 на: 20 Октомври 2013, 19:50:29 pm »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #351 на: 20 Октомври 2013, 19:56:18 pm »
џиџи бе... :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #352 на: 20 Октомври 2013, 20:02:32 pm »
Не е скриен проект ова. Има вакви радија кои работат на ништо. И го тестираа и на митбастерс. Се добива енергија, но неверојатно малку. Треба огромни антени за да се добие некој W моќност. Многу поефтино е да се искористи фотоволтаик за бесплатна електрична енергија. Конкретно за македонија со околу 300 сончеви денови, има голема логика. Еве тука и ги нудат во MK:
http://www.mfc-solar.mk/

http://solarni-paneli.mk/images/stories/cenovnik/Solarni-Paneli-cenovnik.pdf

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #353 на: 20 Октомври 2013, 20:11:37 pm »
Не е скриен проект ова. Има вакви радија кои работат на ништо.

Тие радија не работат на ништо, туку на енергијата од радио-предавателот.

Ама Џиџи не го постираше тоа, туку ова:

http://thetruthabout1111awakeningcode.blogspot.com/2012/09/zero-point-energy-nikola-tesla-secret.html

така Џиџи?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #354 на: 20 Октомври 2013, 20:17:50 pm »
Работат не било кое зрачење. Јас мислев дека за нив постираше, ок.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #355 на: 20 Октомври 2013, 20:24:44 pm »
Искрено не мислев на ништо - само го постирав, ми се виде интересно :) Јасно е дека не е перпетуум мобиле :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #356 на: 20 Октомври 2013, 20:34:19 pm »
Не е скриен проект ова. Има вакви радија кои работат на ништо.

Тие радија не работат на ништо, туку на енергијата од радио-предавателот.

Праевме такви по ОТО. Еве еден линк со фантастични примероци : http://crystalreceiver.co.uk/radios.htm

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #357 на: 20 Октомври 2013, 22:10:36 pm »
Мала заебанција на тема perpetuum mobile :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #358 на: 20 Октомври 2013, 22:21:36 pm »
Еве уште еден пример на перпетуум мобиле, со мала внесена енергија се добива огромна повратна енергија.

Not a valid youtube URL

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #359 на: 20 Октомври 2013, 22:36:26 pm »
Ова се обидуваат со новиве реактори на нуклеарна фузија да го постигнат. Баш последнава недела имаше вести дека мрднала работата. Добиле повеќе енергија од колку што потрошиле за да ја предизвикаат реакцијата.

http://io9.com/breakthrough-the-worlds-first-net-positive-nuclear-fu-1442537401

едит: по се изгледа тоа бела напумпана вест. Еве малце попрецизно за тоа што бил напредокот.
http://news.sciencemag.org/physics/2013/10/fusion-breakthrough-nif-uh-not-really-%E2%80%A6