Ако е така зошто тогаш притисокот се зголемува како се движиш кон центарот на земјата?
Затоа што има повеќе воздух над тебе.
И зошто гравитацијата на пловите е поголема отколку на екваторот? Тоа е поради тоа што земјата е елипса и половите се поблиску до центарот.
Да, но на половите си
на површината, т.е. нема маса над тебе која те тегне во правец спротивен од центарот.
Финтата е што њутновата равенка за гравитациските сили е
квадратна, а квадратот иде на растојанието од тежишната точка. На половите (на површината!) има нешто помалку маса која те тегне кон центарот, но тоа што си поблиску до центарот компензира и плус надодава.
Јас мислам дека е обратно. Гравитацијата на газилион честички се кумулира во центарот на земјата. Како што одиш со лифт поблиску кон центарот на земјата така повеќе тежиш.
Не.
http://lofi.forum.physorg.com/Gravity-And-Center-Of-Earth_25601.htmlОдносно центрифугалната сила е помала а со тоа и G силата.
Во контекст на муабетов, земјината тежа нема благе везе со ротацијата на планетата. Планетава е толку огромна, што твоето движење во однос на центарот, а како последица на нејзината ротација, можеш слободно да го апроксимираш како праволиниско. За да има влијание, т.е. центрифугална сила, мораш да имаш значајна делта помеѓу вистинското движење и апроксимираното праволиниско, а во значајно кратко време (пошто забрзувањето е функција од времето). Со други зборови, ако планетава одеднаш престане да ротира околу сопствената оска, ќе тежиш мање више исто.