Автор Тема: НАУКА (Астрономија)  (Прочитано 231783 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #300 на: 03 Октомври 2013, 19:22:11 pm »
Црна материја не те занима. Енергија па уште помалку.

Кога велиш „универзумот“ а после викаш „простор“, како ги разликуваш двете? Универзумот е простор. Како се шири просторот ако нема простор? Всушност самоиот простор се шири во она што е наизглед „ништо“.
Затоа и во поново време се користи терминот „observable universe“. Со други зборови универзумот е онаму до каде што можеме да видиме. Во моментов е околу 14 милијарди светлосни години, од проста причина што е толку стар. Значи светлината имава време само 14 милијарди години да патува. Но, тоа е гледано од кај нас!
Што ако имаме комшија кој живее на 10 милијарди светлосни години од нас, и со него комуницираме инстантно преку „quantum entanglement“. Тој кога ќе гледа наоколу ИСТО гледа 14 милијарди светлосни години околу него! Значи тој гледа во простор кој за нас уште не постои во една насока, а во друга насока ние гледаме во простор кој за него сеуште не постои. Феноменот на брзина на светлината воедно ја одредува и брзината на просторот. Значи просторот „се шири“ со брзина на светлината. Всушност тој си е таму само ние не сме го виделе до сега.
На пример ако СЕГА ете баш СЕГА откријат нова галаксија која е 14 имлијарди светлосни години од нас во правец накај комшијата наш. Сите телескопи гледале накај неа, ама немало ништо таму и наеднаш се појавила!!! Аха се појави галакција! Таа всучност не се појавила, таа тогаш стигнала до нас. Комшијата наш веќе 10 милијарди години ја гледа истата таа галаксија!
Понатаму ако продолжиме ние во тој момент го гледаме СОЗДААЊЕТОна таа галаксија. А за луѓето кои живеат на неа тоа се случило пред 14 милијарди години. Исто како што они сега кога би погледнале накај нас, ќе го видат создавањето на нашата галаксија. Значи светлината ни касни 14 милијарди години од таму навака.
Ајде уште еден пример! Поинтересен. Ако имаш другар на кој живее на 160 милиони светлосни години од нашава планета. И има телескоп доволно силен за да може да гледа детално на нашата планета од кај него дома. А со него си правите муабет преку телефонска врска со quantum entanglement, односно исто како по телефон да се јавиш во Москва. Тој ако погледне низ телескопот кон нашата планета и зумира повеќе и повеќе ЌЕ ВИДИ ДИНОСАУРУСИ како се шетаат по планетава наша. Значи он нема да те види тебе. Ти сеуште не постоиш кај него на планетата, светлината рефлектирана од диносаурусите допрва стигнува кај него. И тоа тој го гледа тоа во реално време. Си се шетаат, си јадат, се тепаат се по пропис.
Истото ќе се случи и ако инстантно ти се телепортираш кај него дома, и ти ако погледнеш кон твојот „дом“ кој нема да е таму. Ќе видиш диносаурус најверојатно.

Ајде уште еден пример уште поинтересен! Ако имаш братучед кој живее на само 10 светлосни години од нашата планета. И се телепортираш на гости кај него. И погелднеш низ телескоп од таму навака кој твојот дом, ЌЕ СЕ ВИДИШ САМ СЕБЕ пред 10 години... Како си одиш во школо или спиеш или копаш по двор или учиш...

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #301 на: 03 Октомври 2013, 20:02:24 pm »
Браво Дени тоа е тоа.


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #302 на: 03 Октомври 2013, 20:03:47 pm »
a do kaj ima prostor... znaci univerzumot se shiri vo nekoj prostor golem 14 milioni godini, e sega shto ima ponataka... i koj se pretpostavkite za toj prostor kade shto sega nema nisto, kade shto ke bidime da recime posle 100 godini, ili posle 5 mins, seedno. Do kaj e toj prostor vo koj moze da se shiri univerzumot?

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #303 на: 03 Октомври 2013, 20:14:44 pm »
Ништо не си разбрал.
До каде има простор не се знае бидејќи е прифатено дека просторот е бесконечно голем. Дени ти посочи на еден поим observable universe односно простор во кој се гледа нешто, некакви објакти и слично. Тој простор е голем во пречник најмалку 14 милијарди години (не милиони), меѓутоа после него има простор во кој има разни работи чија светлина сеуште не дошла до нас. Значи Просторот е многу поголем од просторот во кој може да се набљудуваат објекти. Просторот е бесконечен а времето секако е димензија. Времето е димензија во која опстојуваат трите просторни димензии.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #304 на: 03 Октомври 2013, 20:20:22 pm »
aaa aha, e sea mi se ok rabotive. a na primer vo vakumot na spricot ke ima crna energija i materija?

dafuq did I just read :-)

a do kaj ima prostor... znaci univerzumot se shiri vo nekoj prostor golem 14 milioni godini, e sega shto ima ponataka...

Просторот не е голем 14 милиони години, во години се мери време а не простор.

Ако мислеше на 14 светлосни години - и тоа не е точно. Универзумот е поголем од тоа. Koj знае колку галаксии не ги гледаме и никогаш нема да ги видиме бидејќи се оддалечуваат од нас со брзина поголема од светлината, т.е. се надвор од обзервабилниот (како побогу ова да го кажам на македонски??) универзум. Оттаму црното во ноќното небо.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #305 на: 03 Октомври 2013, 20:22:05 pm »
Универзумот не се шири во простор. Универзумот е простор. Ќе пишам на српскохрватски согласното убаво објаснување на Wikipedia

Цитат
Svemir, kosmos, vasiona ili univerzum je beskonačno prostranstvo koje nas okružuje. To je ustvari vremenski prostor u kome plovi mnoštvo nebeskih tijela i koji postoji neovisno od ljudskog znanja.

Космосот е бесконечен, само ние може во моментов да видиме само дел од него. После универумот, следи уште универзум. И уште. Тоа е како да прашаш кој број оди после 20.000.000.000. Оди 20.000.000.001... И така до бескрај. Што доаѓа после последниот број? Уште броеви...



А самиот збор бескрај значи дека одредени работи почнуваат да се повторуваат, па нешто паралелни ствари (во некои од нив јас сум Бетмен) ама да не навлегуваме толку длабоко. :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #306 на: 03 Октомври 2013, 21:21:58 pm »
Заебана работа бил овапросторов.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #307 на: 03 Октомври 2013, 22:01:31 pm »
Заебана работа бил овапросторов.

и ние сме заебани, шо го ебеш

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #308 на: 03 Октомври 2013, 22:27:35 pm »
Позаебани од кога и да е! хехе

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #309 на: 03 Октомври 2013, 23:10:31 pm »
Заебана работа бил овапросторов.
Ако не ти се допаѓа просторот во центарот на нашава галаксија има супер-масивна црна дупка. Епа внатре густината е бесконечна а материјата е компресирана во бесконечно мал волумен и се вика сингуларитет.


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #310 на: 04 Октомври 2013, 00:04:01 am »
Ова бесконечноства и то зезната работа... не може нешто да е бесконечно.... ако е материјата бесконечно мала не би требало да постои.. значи па мора да зафаќа некој волумен-колкав толкав. Нели црниве дупки се ко инка? на крајот излага нешто или само по филмојне тоа? Таја штп ја спомна дупката во центарот, нели зема све поголем замав т.е. голта све околу неа и со тоа се шири дејството на нејзината гравитација...?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #311 на: 04 Октомври 2013, 00:06:31 am »
и друга работа што ме занимат, ако се наоѓаш во центарот на земјата како ќе влијае гравитацијата на тебе, на кај ќе те влечи ?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #312 на: 04 Октомври 2013, 00:09:25 am »
Ова бесконечноства и то зезната работа... не може нешто да е бесконечно.... ако е материјата бесконечно мала не би требало да постои.. значи па мора да зафаќа некој волумен-колкав толкав. Нели црниве дупки се ко инка? на крајот излага нешто или само по филмојне тоа? Таја штп ја спомна дупката во центарот, нели зема све поголем замав т.е. голта све околу неа и со тоа се шири дејството на нејзината гравитација...?
1,2,3,4,5... И на крај кој број е?

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #313 на: 04 Октомври 2013, 00:14:53 am »
и друга работа што ме занимат, ако се наоѓаш во центарот на земјата како ќе влијае гравитацијата на тебе, на кај ќе те влечи ?

Кон центарот кој е така незамисливо мал.

Бицикле, како што на куче не можеш да му објасниш множење, делење, степенување на броеви така на човек неможеш да му објасниш одредени поими како бесконечност и сингуларитет. Се нема менталниот капацитет тоа да се разбере барем до овој момент.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #314 на: 04 Октомври 2013, 00:37:41 am »
Добро ова Falangasaurus барем утешително делуват, све мислев само мене не ми е јасно... За центарот, еве вака да земиме пример, имаш некоја сверна лушпа(како топка за фудбал да речиме) која има многу голема маса. Имаш еден портокал во облик на правилна топка, ама нели е полн, а топката внатре е празна. Го ставаш центарот од портокалот да се поклопува со центарот на топката која има голема маса. е сега портокалот ќе се исцедит или ќе се разнесит по ѕидојте на лушпата...

Deni ако пиштш n, n-1, n-2... на крај е n нели? само немаш почеток така...