Црна материја не те занима. Енергија па уште помалку.
Кога велиш „универзумот“ а после викаш „простор“, како ги разликуваш двете? Универзумот е простор. Како се шири просторот ако нема простор? Всушност самоиот простор се шири во она што е наизглед „ништо“.
Затоа и во поново време се користи терминот „observable universe“. Со други зборови универзумот е онаму до каде што можеме да видиме. Во моментов е околу 14 милијарди светлосни години, од проста причина што е толку стар. Значи светлината имава време само 14 милијарди години да патува. Но, тоа е гледано од кај нас!
Што ако имаме комшија кој живее на 10 милијарди светлосни години од нас, и со него комуницираме инстантно преку „quantum entanglement“. Тој кога ќе гледа наоколу ИСТО гледа 14 милијарди светлосни години околу него! Значи тој гледа во простор кој за нас уште не постои во една насока, а во друга насока ние гледаме во простор кој за него сеуште не постои. Феноменот на брзина на светлината воедно ја одредува и брзината на просторот. Значи просторот „се шири“ со брзина на светлината. Всушност тој си е таму само ние не сме го виделе до сега.
На пример ако СЕГА ете баш СЕГА откријат нова галаксија која е 14 имлијарди светлосни години од нас во правец накај комшијата наш. Сите телескопи гледале накај неа, ама немало ништо таму и наеднаш се појавила!!! Аха се појави галакција! Таа всучност не се појавила, таа тогаш стигнала до нас. Комшијата наш веќе 10 милијарди години ја гледа истата таа галаксија!
Понатаму ако продолжиме ние во тој момент го гледаме СОЗДААЊЕТОна таа галаксија. А за луѓето кои живеат на неа тоа се случило пред 14 милијарди години. Исто како што они сега кога би погледнале накај нас, ќе го видат создавањето на нашата галаксија. Значи светлината ни касни 14 милијарди години од таму навака.
Ајде уште еден пример! Поинтересен. Ако имаш другар на кој живее на 160 милиони светлосни години од нашава планета. И има телескоп доволно силен за да може да гледа детално на нашата планета од кај него дома. А со него си правите муабет преку телефонска врска со quantum entanglement, односно исто како по телефон да се јавиш во Москва. Тој ако погледне низ телескопот кон нашата планета и зумира повеќе и повеќе ЌЕ ВИДИ ДИНОСАУРУСИ како се шетаат по планетава наша. Значи он нема да те види тебе. Ти сеуште не постоиш кај него на планетата, светлината рефлектирана од диносаурусите допрва стигнува кај него. И тоа тој го гледа тоа во реално време. Си се шетаат, си јадат, се тепаат се по пропис.
Истото ќе се случи и ако инстантно ти се телепортираш кај него дома, и ти ако погледнеш кон твојот „дом“ кој нема да е таму. Ќе видиш диносаурус најверојатно.
Ајде уште еден пример уште поинтересен! Ако имаш братучед кој живее на само 10 светлосни години од нашата планета. И се телепортираш на гости кај него. И погелднеш низ телескоп од таму навака кој твојот дом, ЌЕ СЕ ВИДИШ САМ СЕБЕ пред 10 години... Како си одиш во школо или спиеш или копаш по двор или учиш...