Автор Тема: НАУКА (Астрономија)  (Прочитано 232359 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #990 на: 22 Август 2018, 13:10:35 pm »
А кои се критериумите дали еден авторите треба да се слуша или не?

Епа, ако татко ти ти вика не оди ноќе кај мечката ќе те изеде и ти упорно одиш за да провериш дали е тоа така, ќе те изеде. Затоа критериумот е слушај го постариот искусен е, он може видел како мечка јаде човек. Ако отидеш кај мечката и не те изеде, до некаде е во ред да кажеш абе стари немаш поима што зборуваш. Ама можеби тој пат мечката била прејадена или болна или само љубопитна, што се сучува еднаш во 10 пати. Сепак е статистика и логика дали ќе го слушаш авторитетот или не, а исто така и карактерот. На пример, може сум расположен да преземам ризик и да одам кај мечката за да ја анализирам и да извлечам повеќе знаење и заклучоци, можеби ќе успеам и да ја припитомам, како што било со волците на пример.

Тоа е заради генетската предиспозиција да се слушаат авторитети. Ти кога посочуваш на локални култури кои најслепо веруваат во лажењето на политичарите (тука правиш добар пример со Јапонците), всушност покажуваш општество каде политичарите успеале до крај да ги искористат вродената генетска предиспозиција за слушање авторитети.

Ама баш ич не се сложувам. Кој е тој ретард кој слепо верува на политичарите? Како ти дојде до тој заклучок? Јас може да поддржувам некој политичар иако не му верувам, односно го поддржувам како непријател на некој друг. The enemy of my enemy is my friend. Ама тоа ни најмалку не е слепо верување и не може да се употреби истата аналогија како верување во имагинарен авторитет, бог, теорија на заговор и слично.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #991 на: 22 Август 2018, 13:10:56 pm »
Генетски или културолошки, кај нас после избори се слави повеќе отколку што Франција славеше шампионска титлула во фудбал.
Дали слават искрени "верници" во политика или плакатолепачите  кои до петок дремеле по штабови, а од понеделник ќе дремат по Управни одбори на МЕПСО, Телеком и сл., тоа не се мешам.

Битно, толку политички контаминирана "ем шуто ем боде" збирштина од народ како нашиов, немало и ќе нема.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #992 на: 22 Август 2018, 13:23:16 pm »
Епа, ако татко ти ти вика не оди ноќе кај мечката ќе те изеде и ти упорно одиш за да провериш дали е тоа така, ќе те изеде. Затоа критериумот е слушај го постариот искусен е, он може видел како мечка јаде човек. Ако отидеш кај мечката и не те изеде, до некаде е во ред да кажеш абе стари немаш поима што зборуваш. Ама можеби тој пат мечката била прејадена или болна или само љубопитна, што се сучува еднаш во 10 пати. Сепак е статистика и логика дали ќе го слушаш авторитетот или не, а исто така и карактерот. На пример, може сум расположен да преземам ризик и да одам кај мечката за да ја анализирам и да извлечам повеќе знаење и заклучоци, можеби ќе успеам и да ја припитомам, како што било со волците на пример.

Да, ама родителскиот авторитет гледано статистички е еден многу мал дел (двајца) од збирот на сите авторитети кои еден средностатистички човек ги среќава во секојдневието и во текот на неговиот живот. Статистички гледано, не треба да има никакво влијание затоа што станува збор за само “две капки“ од океанот на авторитети. Или има поважни и поневажни авторитети? И како еден средностатистички човек ќе избере кои авторитети да ги слуша/почитува, а кои не? Дали дивите животни/предаторите во твоите примери се исто авторитети или не?
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #993 на: 22 Август 2018, 13:31:11 pm »
Зависи, некој на нешто гледа како на авторитет а некој не. Голорак човек на мечка гледа како на авторитет. Искусен биолог со треквилајзер гледа поинаку, а крволочен ловџија гледа на трет начин. Јас мислам дека најголема улога има индивидуалната причинско-последична врска. кој си ти, кој е авторитетот, која е добрата страна од почитувањето или не почитувањето.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #994 на: 22 Август 2018, 13:38:19 pm »
Oва ти е малку конфузна мисла. Прво неколку века не се 2000 години. Второ, 2000 години не се многу време гледано од еволутивен аспект (зборуваме за периоди поголеми од стотици илјади години).

На страна некои локални (и глобални) историски околности кои ја направиле нашата историја да биде таква каква што е, ние сме слични/исти како и сите други луѓе, од аспект на предодреденост кон слушање авторитети. Сите луѓе ја имаат истата генетска предиспозиција на слушање авторитети. И ова не го измислувам јас, ова истото го кажуваат еволутивни биолози како Ричард Докинс (и ај кој ќе ја примети иронијата овде).
Извини, правеше паралели меѓу Јапонци, Швеѓани, Ислам, итн.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #995 на: 22 Август 2018, 13:50:59 pm »
Зависи, некој на нешто гледа како на авторитет а некој не. Голорак човек на мечка гледа како на авторитет. Искусен биолог со треквилајзер гледа поинаку, а крволочен ловџија гледа на трет начин. Јас мислам дека најголема улога има индивидуалната причинско-последична врска. кој си ти, кој е авторитетот, која е добрата страна од почитувањето или не почитувањето.

Значи се е релативно, и со таа релативност се одлучува кој е авторитетот и дали треба да се почитува тој авторитет. Или со попрости зборови, секој сам си одлучува кои авторитети ќе ги почитува. А како може еден човек да си изгради критериуми или систем за да ги одмерува авторитетите, размислува за нив и на крајот да донесе одлука дали да почитува одреден авторитет во одредена ситуација?
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #996 на: 22 Август 2018, 14:15:35 pm »
Поима немам, ваљда согласно сопствените убедувања. Ако човек е подложен на слушање рекла казала и нема способност за логичко и аналитичко размислување, ќе верува во све и свашта. Ако има способносе, ќе седне ќе размисли, ќе направи анализа, ќе слушне повеќе мислења, ќе ги земе во предвид сите расположливи информација наместо да прави cherry picking и ќе одлучи дали нешто вреди да се поддржи или е bullshit.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #997 на: 22 Август 2018, 15:08:10 pm »
Извини, правеше паралели меѓу Јапонци, Швеѓани, Ислам, итн.
Па нели јасно ја објаснив паралелата?
Јапонци, Швеѓани, Ислам... Верници во политичарите, верници во религија. Верници, веруваат. И биваат искористувани.


Ама баш ич не се сложувам. Кој е тој ретард кој слепо верува на политичарите? Како ти дојде до тој заклучок? Јас може да поддржувам некој политичар иако не му верувам, односно го поддржувам како непријател на некој друг. The enemy of my enemy is my friend. Ама тоа ни најмалку не е слепо верување и не може да се употреби истата аналогија како верување во имагинарен авторитет, бог, теорија на заговор и слично.
Не се фаќај за буквалното разбирање на „слепо верување“. Зборувам за склоноста кон следење на авторитети, во случајов политичари. Во Јапонија што прави работниот народ за да ги спречи политичарите неодговорно да го трошат државниот буџет?

Ништо, слушаат лаги и приказни за жртвување и работат како коњи повеќе од 14 саати на ден. Дури работата е дотаму дојдена, да Јапонија уведе забрана за повеќе од 99 саати прекувремена работа во еден месец. Пошто работниците им умираат од преработеност.

Што прави народот од целиот свет, освен да ги слуша авторитетите, да ги остава политичарите да ги трошат плодовите на народниот труд, и да ја презадолжуваат државата?

http://www.visualcapitalist.com/63-trillion-world-debt-one-visualization/

Фактите зборуваат сами за себе.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #998 на: 22 Август 2018, 15:26:54 pm »
Барем на јапонците им се простува, со тие пари чуда прават луѓето. Погледни што пишува доле: Japan has a sky-high 240% debt-to-GDP, but over 90% of this debt is held domestically. Што значи трошат домашни ресурси, напредуваат и се развиваат домашни компании кои подоцна ќе плаќаат многу поголем волумен на даноци и јавниот долг ќе пукне како балон и ќе го снема преку ноќ. Но они се паметни нема да го направат тоа, јавниот долг ќе го реинвестираат повторно и ќе напредуваат многу побрзо од било која друга нација на планетава.

Ти тоа го претставуваш како негативност но јас мислам дека тоа не е негативност. Е јебига работат, ама и креираат и имаат се што им треба. Нив никој не им е крив како на остатокот од светот, сами си се криви и си ја кројат судбината. Не е дека слепо веруваат, него од тоа што го прават имаат и краткорочна и долгорочна корист. Јас велам напротив, нив ги ставам на генијална страна а не на биливерска страна.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #999 на: 22 Август 2018, 16:05:14 pm »
Хмм... Долговите воопшто не функционираат така и не исчезнуваат магично, посебно не кога наталитетот ти е многу помал од морталитетот. Инаку кој ќарува од тие „повеќе од 99 саати прекувремено“, обичниот Јапонец кој умира од преработеност, или газдите на индустријата кои си ја виткаат чоколадата?
Но ајде настрана тоа. Јапонија е само едно од дрвата и јас се обидувам да зборувам за шумата. Ако ме разбираш... ;)

Погледни што се случува во светот, што им се случува на луѓето. Погледни ги сите војни и страдања, погледни ја обемноста на ресурсите кои се трошат за војни, за оружја за останување на власт и освојување на власт од страна на политичките класи (и нивните спонзори). Погледни го сето тоа, и кажи ми дека е добро што луѓето имаат генетска предиспозиција некритички да слушаат авторитети, наместо критички и активно да се спротиставуваат на сето ова што се случува?

Во што се вложуваат ресурсите на човештвото? Последните озбилни потфати за освојување на свемирот беа Аполо мисиите (кои некои таму теоретирачи на заговори се дрзнуваат да прашуваат дали воопшто се случиле). Што се случува оттогаш, се измислува ново оружје и нови начини како да се самоуништиме како вид. Што правиме со предупредувањта на научниците како Стивен Хокинг кои предупредуваат дека апсолутно мораме да ги диверзифицираме хабитатите (да се прошириме надвор од матичната планета) ако сакаме да осигураме подолг опстанок на видот?

Што прави човештвото окулу тоа?
Ништо, некритички ги слуша лидерите/политичарите/авторитетите и покрај се што се случува.
« Последно менување: 22 Август 2018, 16:14:52 pm Van »

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1000 на: 22 Август 2018, 16:07:19 pm »
Во што се вложуваат ресурсите на човештвото? Последните озбилни потфати за освојување на свемирот беа Аполо мисиите (кои некои таму теоретирачи на заговори се дрзнуваат да прашуваат дали воопшто се случиле). Што се случува оттогаш, се измислува ново оружје и нови начини како да се самоуништиме како вид. А што прави човештвото окулу тоа? Ништо, ги слуша лидерите/политичарите и покрај се што се случува.

И тие освојувања не се од научни побуди, туку да докажат дека Америка е подобра во се од Советскиот Сојуз (и обратно).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1001 на: 22 Август 2018, 16:13:08 pm »
Погледни што се случува во светот, што им се случува на луѓето. Погледни ги сите војни и страдања, погледни ја обемноста на ресурсите кои се трошат за војни, за оружја за останување на власт и освојување на власт од страна на политичките класи (и нивните спонзори). Погледни го сето тоа, и кажи ми дека е добро што луѓето имаат генетска предиспозиција некритички да слушаат авторитети, наместо критички и активно да се спротиставуваат на сето ова што се случува?

Значи пак: јас не верувам дека работите се такви какви што се зошто луѓето слепо веруваат на политичарите туку поради тоа што политичарите имаат начини да се борат против секој што ќе сака да преземе иницијатива против нив. Не е дека они не се свесни дека се јебени, туку они се немоќни да направат ништо во врска со тоа... И сето тоа под лицемерието за владеењето на демократијата.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1002 на: 22 Август 2018, 16:14:52 pm »
Тешко ми да го следам готвачот колку мирудии стави во манџата :), а требаше да биде лајт супа :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1003 на: 22 Август 2018, 16:28:24 pm »
Погледни што се случува во светот, што им се случува на луѓето. Погледни ги сите војни и страдања, погледни ја обемноста на ресурсите кои се трошат за војни, за оружја за останување на власт и освојување на власт од страна на политичките класи (и нивните спонзори). Погледни го сето тоа, и кажи ми дека е добро што луѓето имаат генетска предиспозиција некритички да слушаат авторитети, наместо критички и активно да се спротиставуваат на сето ова што се случува?

Значи пак: јас не верувам дека работите се такви какви што се зошто луѓето слепо веруваат на политичарите туку поради тоа што политичарите имаат начини да се борат против секој што ќе сака да преземе иницијатива против нив. Не е дека они не се свесни дека се јебени, туку они се немоќни да направат ништо во врска со тоа... И сето тоа под лицемерието за владеењето на демократијата.
Точно така. Мислам дека е доволно добро срочено. Капитализам, јебига.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1004 на: 22 Август 2018, 16:38:25 pm »
Капитализам?
Не, капитализам е идеја. Ова што го гледаме во пракса се наместени пазари и фиат финансиски систем каде профитираат тие што ги прават правилата (кои важат за сите освен за нив). Тие што не ги следат правилата им се дешава демократија војна. Прашај го Гадафи што мисли за фер пазарот на капитализмот, прашај ги луѓето од десетици земји кои ги уништуваат, што мислат за идејата дека капитализмот е слободен пазар на кој луѓето се натпреваруваат во претприемаштво.


Во што се вложуваат ресурсите на човештвото? Последните озбилни потфати за освојување на свемирот беа Аполо мисиите (кои некои таму теоретирачи на заговори се дрзнуваат да прашуваат дали воопшто се случиле). Што се случува оттогаш, се измислува ново оружје и нови начини како да се самоуништиме како вид. А што прави човештвото окулу тоа? Ништо, ги слуша лидерите/политичарите и покрај се што се случува.

И тие освојувања не се од научни побуди, туку да докажат дека Америка е подобра во се од Советскиот Сојуз (и обратно).

Уште полошо, и уште поголем аргумент за тезата дека ние луѓето имаме предиспозиција да слушаме авторитети дури и кога тоа не е во наша корист.


Значи пак: јас не верувам дека работите се такви какви што се зошто луѓето слепо веруваат на политичарите туку поради тоа што политичарите имаат начини да се борат против секој што ќе сака да преземе иницијатива против нив. Не е дека они не се свесни дека се јебени, туку они се немоќни да направат ништо во врска со тоа... И сето тоа под лицемерието за владеењето на демократијата.
Прво пази што напиша... „Верувам“.
Второ, сакаш да кажеш дека на избори не можно се престане да се гласа за една од две партии? Некој со сила те тера да гласаш за една од баш тие две партии? Не гледаш дека еден лош авторитет заменуваме со друг лош авторитет?

Ок ова го поедноставувам да биде од локален карактер, иако во целиот свет се случуваат варијации од истото (можеби со повеќе од две опции). Америте исто имаат двопартиски систем, и многу други. За нијанса подобро е со повеќепартските системи каде повеќе партии ја делат власта, но само за нијанса.