Хмм... Долговите воопшто не функционираат така и не исчезнуваат магично, посебно не кога
наталитетот ти е многу помал од морталитетот. Инаку кој ќарува од тие „повеќе од 99 саати прекувремено“, обичниот Јапонец кој умира од преработеност, или газдите на индустријата кои си ја виткаат чоколадата?
Но ајде настрана тоа. Јапонија е само едно од дрвата и јас се обидувам да зборувам за шумата. Ако ме разбираш...

Погледни што се случува во светот, што им се случува на луѓето. Погледни ги сите војни и страдања, погледни ја обемноста на ресурсите кои се трошат за војни, за оружја за останување на власт и освојување на власт од страна на политичките класи (и нивните спонзори). Погледни го сето тоа, и кажи ми дека е добро што луѓето имаат генетска предиспозиција некритички да слушаат авторитети, наместо критички и активно да се спротиставуваат на сето ова што се случува?
Во што се вложуваат ресурсите на човештвото? Последните озбилни потфати за освојување на свемирот беа Аполо мисиите (кои некои таму теоретирачи на заговори се дрзнуваат да прашуваат дали воопшто се случиле). Што се случува оттогаш, се измислува ново оружје и нови начини како да се самоуништиме како вид. Што правиме со предупредувањта на научниците како Стивен Хокинг кои предупредуваат дека апсолутно мораме да ги диверзифицираме хабитатите (да се прошириме надвор од матичната планета) ако сакаме да осигураме подолг опстанок на видот?
Што прави човештвото окулу тоа?
Ништо, некритички ги слуша лидерите/политичарите/авторитетите и покрај се што се случува.