Автор Тема: НАУКА (Астрономија)  (Прочитано 232147 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #975 на: 21 Август 2018, 15:22:39 pm »
Интересно четиво:

https://www.zmescience.com/science/news-science/creationism-conspiracy-theories-19082018/
^^
Врз основа на анкета заклучиле дека постои корелација меѓу креационизам и теории на заговор, односно колку што ги разбрав - дека тие што се склони кон религија/креационизам, се склони и кон верување во теории на заговор.

На страна големината на испитаничкиот семпл и случајноста на изборот на испитаниците, јас проблемот го гледам во следниов пар моменти. Прво, наведените заклучоци ми личат на strawman argument. Со правилно поставени прашања во анкетата многу лесно може да се донесе и заклучок дека постои корелација меѓу креационизам и верување во се што ни кажува државата (а што често се лаги). И што би бил правилниот заклучок (не тој од текстот)? Правилниот заклучок е дека луѓето кои се лесни за лажење - лесно ги лажат. И сеедно дали ги лажат со релгија, со државни лаги, или со ретардирани теории на заговор (во последново не вклучувам реални заговори кои реално постојат).

Второ јас навистина не гледам зошто да правам разлика меѓу тие што веруваат и тие што не веруваат во теории на заговор. Пошто нели верувањето е за верници?

Што е толку различно во следниве три „верувања“:
- верување во Бога, верба во религии.
- верување во теории на заговор
- верување во непостоење на заговори

Всушност ова третото е најчестото верување, и не е ништо подобро од првото и второто... Најпосле, колку теории на заговори целосно се докажаа дека навистина се заговори?
« Последно менување: 21 Август 2018, 15:29:18 pm Van »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #976 на: 21 Август 2018, 22:52:58 pm »

Не си разбрал. Еве да одберам еден цитат:

Цитат
If you ask people why some phenomenon happens, two dominant and diametrally opposite schools of thought emerge: one is scientific reasoning, which uses a series of deductions and reasoning to reach a logical conclusion. The other is teleological thinking. A teleological thinker, for instance, makes propositions such as “the sun rises in order to give us light” or “the Earth was created for humans” — whereas a scientific thinker will go crazy at the mere thought

Сака да каже дека conspiracy theorist believers и religious believers и двете групи размислуваат телеолошки наместо да користат логика и научен метод.
« Последно менување: 21 Август 2018, 22:58:20 pm Tischläufer »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #977 на: 21 Август 2018, 23:08:35 pm »
Извади "believers" пред заграда.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #978 на: 22 Август 2018, 00:52:06 am »
Не си разбрал. Еве да одберам еден цитат:
Сака да каже дека conspiracy theorist believers и religious believers и двете групи размислуваат телеолошки наместо да користат логика и научен метод.
Тој е моментот според кој прават корелација меѓу тие две групи верници. Јас само посочив дека дека заклучок не може да има без да се земе во обзир уште една голема група верници: верниците во државата/лидерите/политичарите. Таквите веруваат дека воопшто не постојат заговори. А такви сигурно имаш десетици илјади наспроти секој еден верувач во теории на заговор.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #979 на: 22 Август 2018, 01:16:21 am »
Сеа ти вклучуваш и стадо во муабетот :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #980 на: 22 Август 2018, 08:49:50 am »
Во што веруваат тие што ги прават заговорите?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #981 на: 22 Август 2018, 08:50:43 am »
Самодоверба.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #982 на: 22 Август 2018, 10:12:26 am »
Верување е за верници.
Разумните луѓе ставовите ги градат врз основа на факти, и докази добиени со научниот метод.

If you ask people why some phenomenon happens, two dominant and diametrally opposite schools of thought emerge: one is scientific reasoning, which uses a series of deductions and reasoning to reach a logical conclusion. The other is teleological thinking. A teleological thinker, for instance, makes propositions such as “the sun rises in order to give us light” or “the Earth was created for humans” — whereas a scientific thinker will go crazy at the mere thought
Инаку телеолошкиот поглед на светот пред се е својствен на децата. Прашајте деца, на пример заради што постои сонцето - за да не грее и за да ни дава светло. За што постои изворот - за да ни дава вода за пиење. За што постои воздухот - за можеме да дишеме. Итн, итн. Како деца сите сме размислувале слично. Значи верниците (од сите видови), остануваат поврзани со телеолошкиот поглед на светот во кој живеат.

Сето тоа си има свои еволуциски корени, во минатото тоа биле корисни одлики кои ги подобрувале шансите за опстанок. Уште една таква човечка карактеристика која има генетска (еволуциска) позадина, е и верувањето на авторитети. Ова е многу едноставно да се разбере. На пример - порано се живеело во животна средина полна со природни непријатели, со разни предатори (мечки, волци, големи мачки како лавови/тигри, итн). Што се случувало со децата кои не ги слушале постарите? Па тие деца што не слушале постари, нив ги јаделе предатори и таквите деца не успевале да остават потомство (потомство кое ќе има склоност кон неслушање авторитети). Тоа е всушност метод на генетска модификација наречен природна селекција. Децата кои слушале авторитети (постарите од племето), тие деца имале поголеми шанси да доживеат да имаат потомство и да ги пренесат гените на следните поколенија (кои ги наследувале гените за послушност).

Ова се случувало неброени генерации наназад, и како резултат на тоа денес модерниот човек е исклучително подложен на слушање авторитети. Оттука следи и подложноста на слушање на политички и религиозни лидери, два доминантни видови на авторитет во денешното општество. Оттука, религиозните верници слепо веруваат во приказните на религијата. И оттука мнозинството од луѓето (кои исто се верници, само верници во друг авторитет), слепо веруваат во приказните и лагите на политичарите. Едноставно генетски с(м)е предиспонирани да слушаме авторитети.

Некои од нас се доволно свесни да не дозволат предиспозициите да им ги одредуваат ставовите. Некои не се толку кадарни па слепо им веруваат на религиозните и/или политичките лидери. Таквите не се способни трезвено и објективно да размислуваат, и веруваат (без докази) во се што им кажува државата (всушност политичките лидери). Затоа таквите покажуваат немир и когнитивна дисонанца кога ќе им се укаже на докази за заговор, слично на реакциите кога на религиозните верници ќе им се укаже дека не постојат никакви докази дека постои Бог, и дека религиите се приказни измислени паметни политичари кои разбрале дека полесно ќа станат авторитети ако се претставуаат како агенти на Бог (врниот авторитет).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #983 на: 22 Август 2018, 11:06:55 am »
Едноставно генетски с(м)е предиспонирани да слушаме авторитети.

Некои од нас се доволно свесни да не дозволат предиспозициите да им ги одредуваат ставовите. Некои не се толку кадарни па слепо им веруваат на религиозните и/или политичките лидери. Таквите не се способни трезвено и објективно да размислуваат, и веруваат (без докази) во се што им кажува државата (всушност политичките лидери). Затоа таквите покажуваат немир и когнитивна дисонанца кога ќе им се укаже на докази за заговор, слично на реакциите кога на религиозните верници ќе им се укаже дека не постојат никакви докази дека постои Бог, и дека религиите се приказни измислени паметни политичари кои разбрале дека полесно ќа станат авторитети ако се претставуаат како агенти на Бог (врниот авторитет).

Не се сложувам дека сме генетски предиспонирани да слушаме авторитети. Ако сме генетски предиспонирани ќе има многу малку свесни, односно сите ќе веруваат во авторитет. И тогаш кога ќе го нема, ќе го измислат.
Наместо генески, сметам дека сме културолошки предиспонирани да слушаме авторитети. Па од тука доаѓа и религија и верување во политика, лидери и слично. Потребно е да се промени културата на ова поднебје. Зошто ако видиш други култури на пример во скандинавија, јапонија, западна европа, тоа се мнозинско атеистички култури кои во денешно време функционираат разумно наместо вернички. Тоа не било така секогаш. И тие верувале во глупости до пред 50-60-70 години, но културата кај нив е променета и преовладува културата на образование, разум, аналитички размислувања.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #984 на: 22 Август 2018, 12:08:29 pm »
Малку и образованието има замешано прсти.

Премногу се инсистира учење на памет (од песнички, стихотворби па до лекции) без да се размислува (анализира) за напишаното.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #985 на: 22 Август 2018, 12:28:41 pm »
А кои се критериумите дали еден авторите треба да се слуша или не?
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #986 на: 22 Август 2018, 12:41:11 pm »
Гостинот (авторитетот) е секогаш во право!

Се додека не ми побара дупе ;D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #987 на: 22 Август 2018, 12:44:54 pm »
Не се сложувам дека сме генетски предиспонирани да слушаме авторитети. Ако сме генетски предиспонирани ќе има многу малку свесни, односно сите ќе веруваат во авторитет. И тогаш кога ќе го нема, ќе го измислат.
Наместо генески, сметам дека сме културолошки предиспонирани да слушаме авторитети. Па од тука доаѓа и религија и верување во политика, лидери и слично. Потребно е да се промени културата на ова поднебје. Зошто ако видиш други култури на пример во скандинавија, јапонија, западна европа, тоа се мнозинско атеистички култури кои во денешно време функционираат разумно наместо вернички. Тоа не било така секогаш. И тие верувале во глупости до пред 50-60-70 години, но културата кај нив е променета и преовладува културата на образование, разум, аналитички размислувања.

50-60-70 години не се ни милисекунда гледано од еволутивен аспект, а во Јапан и Скандинавија мнозинството сепак се верници - верници во посакуваниот алтруизам на државата. А кога ќе се каже држава читај: политичари, пошто тие ја водат државата (и без да ги почитуваат правилата кои важат за сите други).

Значи повторно имаме огромно мнозинство верници кои веруваат во нешто непостоечко - во случајов алтруизам на политичарите. Само што да очекуваш алтруизам кај политичари е како да бараш невина проститутка. :)

Но луѓето веруваат. Тоа е заради генетската предиспозиција да се слушаат авторитети. Ти кога посочуваш на локални култури кои најслепо веруваат во лажењето на политичарите (тука правиш добар пример со Јапонците), всушност покажуваш општество каде политичарите успеале до крај да ги искористат вродената генетска предиспозиција за слушање авторитети. Затоа во Јапонија е најнормално секојдневено да работат прекувремено по неколку саати, да доаѓаат на работа предвреме и да си одат многу после официјалното завршување на работното време.

За истата работа зборуваме кога зборуваме за генетската предиспозиција на слушање авторитети, и локалната култура на преработување до смрт - како што е тоа во Јапонија.

П.С. Дури нема ни да почнам за тоа дека во Скандинавија веќе сега мнозинска религија е Исламот. Тој правец ќе не однесе во офтопик - ама ете чисто да ти покажам на грешка во фактите. И наместо во пантеонот на Один и на Тор, или во Исус Христос, таму Скандинавците сега веруваат во алтруизмот на политичарите и ќутат додека ги лажат, додека криминалот и силувањата и убиствата раснат како никогаш досега (можеби дури ни за времето на Викинзите), додека делови од Шведска горат во пламен.
Како и секогаш досега, верниците веруваат. Вчера во едно, денес во друго, утре во нешто трето...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #988 на: 22 Август 2018, 12:52:41 pm »
По оваа логика, ние македонците не би требало воопшто да им веруваме на авторитетите бидејки генетски сме така предодредени поради ропството. (Преку 2.000 год.)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #989 на: 22 Август 2018, 13:06:19 pm »
Oва ти е малку конфузна мисла. Прво неколку века не се 2000 години. Второ, 2000 години не се многу време гледано од еволутивен аспект (зборуваме за периоди поголеми од стотици илјади години).

На страна некои локални (и глобални) историски околности кои ја направиле нашата историја да биде таква каква што е, ние сме слични/исти како и сите други луѓе, од аспект на предодреденост кон слушање авторитети. Сите луѓе ја имаат истата генетска предиспозиција на слушање авторитети. И ова не го измислувам јас, ова истото го кажуваат еволутивни биолози како Ричард Докинс (и ај кој ќе ја примети иронијата овде).