Радијацијата влијае на бубашвабите во иста мерка како и кај луѓето.
Ни случајно. Напротив, разликата во отпорност е повеќе редови величини. Ако не веруваш, пробај да најдеш линк кој ќе потврди „радијацијата влијае на бубашвабите во иста мерка како и луѓето“.
Но клетките се осетливи тогаш кога се двојат/множат. Финтата со бубашвабите е што циклусот на двоење на нивните клетни е многу подолг одошто кај луѓето, па од таму се и поиздржливи од луѓето
Тука ти е ем погрешна премисата, ем конлкузијата ти противречи на она што самиот си го пишал најгоре. Ниту кај бубашва мејозата трае подолго отколку кај луѓето, ниту пак затоа бубашвабата е поотпорна на радијација (нешто што само неколку реда погоре велиш дека не е така, т.е. дека исто делува и кај луѓе и кај бубашваби.
Линија на резон - пичвајз.
иако јонизирачкото зрачење делува на молекуларно ниво, без оглед на тоа дали се работи за човек или бубашваба.
Тривијално тврдење со, повторно, дубиозна конклузија. И човекот и бувашвабата се направени од молекули и тоа не е спорно (тоа е тривијалниот дел), а јонизирачкото зрачење делува на субатомско, а не на молекуларно ниво. Јонизирачкото зрачење ги менува својствата на атомите со тоа што додава енергија во надворешните електронски обвивки.