Двете возила се на иста платформа и исто подвозје со занемарливи разлики во суспензијата во полза на стабилност кај Киа. Единствена разлика која може да прави разлика во мекост како што пишува на нет е мекоста на седиштата, кај и30 се помеки. Значи можно е да има помеко седење но не верувам дека тоа е драматично различно во однос на Сид. Кога ќе се спореди мекоста на возењето во Сид и Аурис има добро забележлива разлика.
Од аспект на дадени пари и добиено за тие пари и30 е дефинитивно најповолниот избор. Меѓутоа кога се работи за купци, под автомобил се подразбира многу повеќе од она кое може да го понуди и30. Најпрво е реномето на брендот кое не е сјајно земјаќи ги во предвид изминатите децении, а второ е дизајнот кој што најмногу го сакати и30 како целина.
Да резимираме во однос на прашањето на авторотЧ
1) Доколку авторот на темава нема проблем со дизајнот на и30, има ограничен буџет и сака ганц-ново возило тогаш и30 е најдобриот избор за него.
2) Доколку авторот на темава има проблем со дизјанот на и30, а не му е проблем да плати малку повеќе за Аурис и го бендисува Аурис тогаш Аурис треба да е негов избор
3) Доколку авторот на темава мисли дека Аурис и и30 се најдобрите понуди во моментов би го посоветувал да разгледа и другу возила како Лансер Спортбек, стариот Фокус, Астра Класик 3 и и останати (кои ќе ги наведат форумџиите кои се во тек).