Автор Тема: CARclub Тест: Citroën C4 Cactus 1.6 BlueHDI Leisure  (Прочитано 15144 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: CARclub Тест: Citroën C4 Cactus 1.6 BlueHDI Leisure
« Одговори #45 на: 07 Јануари 2017, 21:06:32 pm »
Кај колава не ми се свиѓаат само задните прозори и тоа што не доаѓа со лед светла или ксенон.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Citroën C4 Cactus 1.6 BlueHDI Leisure
« Одговори #46 на: 07 Јануари 2017, 21:35:00 pm »
За задните прозори ич не се секирам, пошто и онака и на стилото (3dr) и на 166 и 159 ги држам заклучени, да не можат деца да ги отворат. А мене не ми затребало да ги отварам. Предноста е што има задни врати, што е многу практично.
А за ксенон и јас би се поразмислил, ама сигурно може некој ретрофит....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Citroën C4 Cactus 1.6 BlueHDI Leisure
« Одговори #47 на: 07 Јануари 2017, 21:47:48 pm »
Задните уште подобро што не се отвараат. Да не им текнува на тие позади да отвараат прозор на 120 км/ч на автопат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг:
« Одговори #48 на: 07 Јануари 2017, 22:23:05 pm »
Ксенонче ако не те мрзи ќе ги раштрафиш фаровите и ќе намонтираш биксенон. Јас уште одамна гледав за од ретрофитсорс околу 300евра е конверзијата плус сијалици и трафоа. Ем ќе си ставиш буквално какви сакаш проектори по желба.

Задните прозори стварно ич не ми значат во случајов. Се подотвораат за вентилирање баш онака како што и е логично да се отвара заден прозор за да не прави притисок во возилото.

Само уште половни да излезат. ;)

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: CARclub Тест: Citroën C4 Cactus 1.6 BlueHDI Leisure
« Одговори #49 на: 07 Јануари 2017, 23:06:26 pm »
Задните прозори на страна, не ми е јасно што е со тоа чудото пластично како и да се вика на вратите и околу целата кола? Не ми е јасно најискрено не сум само хејтер ама како да ми се допаѓа ова?
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Citroën C4 Cactus 1.6 BlueHDI Leisure
« Одговори #50 на: 08 Јануари 2017, 00:16:25 am »
Мене единствено ми пречи што нема ролетна на стаклениот кров, друга посериозна забелешка немам. Цената е фантастична.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Одг: CARclub Тест: Citroën C4 Cactus 1.6 BlueHDI Leisure
« Одговори #51 на: 08 Јануари 2017, 09:33:15 am »
Задните прозори на страна, не ми е јасно што е со тоа чудото пластично како и да се вика на вратите и околу целата кола? Не ми е јасно најискрено не сум само хејтер ама како да ми се допаѓа ова?
Тоа е убавото. Пластиките го прават да е фанки и чанки. :) Секако исклучиво да се пластиките во црна боја. На пример жолто да е или црвено или сиво и со црни пластики. И бандажите јас ќе ги офарбам одма во нормална сива боја. Џамче.

Сеа види. Изгледот е контроверзен малку и логично е на некој да му се свиѓа на некој не. Ете тебе не ти се бендисува. Мене банза симо мартин инт ни е океј. Ама особено ме привлекува тоа што е мислена колата а не само направена. Горните работи што ги изнакажав со тежина, суспензија, економичност, одржување, цена мене многу ми ја замилува колата искрено.

Не е да се убедуваме, изглед си е изглед, ама во случајов има бајаги работи покрај изгледот.

Едино мене што ми фали во колава е што нема лумбална поддршка. Ептен фејл момент. :(

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Citroën C4 Cactus 1.6 BlueHDI Leisure
« Одговори #52 на: 08 Јануари 2017, 10:30:00 am »
Не сум погледнал во додатните опреми, може има некоја варијанта со седишта со лумбална поддршка? Ако не, ќе се бараат седишта од ДС3 :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Одг: CARclub Тест: Citroën C4 Cactus 1.6 BlueHDI Leisure
« Одговори #53 на: 08 Јануари 2017, 10:44:05 am »
Не сум погледнал во додатните опреми, може има некоја варијанта со седишта со лумбална поддршка? Ако не, ќе се бараат седишта од ДС3 :)
Нема Симо. Се истражив за колава. Нема лумбална и нема подесување на волан по длабочина. И задната клупа не се дели на 2 дела и нема рамен под со спуштени задни седишта. И нема обртомер. Тоа се главните фалинки. Ама пошто аутоматикот е одличен и економичен обртомерот може да се рачуна како средена работа.

Само лумбалната зеза. Иначе симо седишта од новото Ц3. Неверојатно е колку се добри особено за толку ефтина кола. Типот е сличен како на кактус, само е со подобра пена внатре. Уствари кактусот има премеки седишта и во Ц3 се средени како што треба. Затоа и толку ме импресионираше Ц3 новото. Најголеми и најудобни во класата можда? Ќе видиме на тест еден ден се надевам.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: CARclub Тест: Citroën C4 Cactus 1.6 BlueHDI Leisure
« Одговори #54 на: 08 Јануари 2017, 12:13:17 pm »
Задните прозори на страна, не ми е јасно што е со тоа чудото пластично како и да се вика на вратите и околу целата кола? Не ми е јасно најискрено не сум само хејтер ама како да ми се допаѓа ова?
Тоа е убавото. Пластиките го прават да е фанки и чанки. :) Секако исклучиво да се пластиките во црна боја. На пример жолто да е или црвено или сиво и со црни пластики. И бандажите јас ќе ги офарбам одма во нормална сива боја. Џамче.

Сеа види. Изгледот е контроверзен малку и логично е на некој да му се свиѓа на некој не. Ете тебе не ти се бендисува. Мене банза симо мартин инт ни е океј. Ама особено ме привлекува тоа што е мислена колата а не само направена. Горните работи што ги изнакажав со тежина, суспензија, економичност, одржување, цена мене многу ми ја замилува колата искрено.

Не е да се убедуваме, изглед си е изглед, ама во случајов има бајаги работи покрај изгледот.

Едино мене што ми фали во колава е што нема лумбална поддршка. Ептен фејл момент. :(
Значи како што те разбрав треба да се убедам дека ова е добра кола покрај изгледот, бидејќи има добар мотор, опрема и компетитивна цена. Порано кога бев млад кога ќе излезеше нова кола инстантно ми се допаѓаше само што ќе ја видев без да знам никакви спецификации и сакав да ја имам.
Може не паднав на гз кога излезе за прв пат Ц4ката но инстантно ми се допадна радикалниот изглед бидејќи има целосна непрекината форма колата, спецификации, опрема и цена на страна.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17452
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub Тест: Citroën C4 Cactus 1.6 BlueHDI Leisure
« Одговори #55 на: 08 Јануари 2017, 17:31:35 pm »
Ваквите funky Цитроени од секогаш биле „или ти се свиѓа, или не“. Кога Цитроен почна да прави mediocre коли, како на пример мојата Ксара која теоретски требало да биде прифатлива за сите, на нивно изненадување луѓето што претходно не сакаа Цитроени, и понатаму не ги сакаа, а тие што сакаа Цитроени поради радикалноста, им се придружија на хејтерите.

Затоа е подобро да се задржат на вакви возила со цел да си ја задржат шансата за било каква продажба. Кактусот, новото Пикасо, новата Ц3, ДС серијата од поново време, се за мене коли со интересен (не би рекол убав) дизајн, кој останува свеж подолго време бидејќи автомобилите уште пуцаат на футуризам.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: CARclub Тест: Citroën C4 Cactus 1.6 BlueHDI Leisure
« Одговори #56 на: 08 Јануари 2017, 21:23:59 pm »
Кактус добива деллива задна клупа..

http://www.cactusforums.co.uk/viewtopic.php?f=8&t=618

Се приклучувам на групата на кој му се допаѓа како изгледа ова возило.