Најчесто имам навика единствено да го читам форумов, без да коментирам, поради тоа што за повеќето теми се чувствувам некомпетентен, но еве барем кога сум лично прозван да одговорам со неколку кратки реплики.
Чисто како објаснување накратко би сакал да ви биде јасно, на сите кои ја читате темава, дека не сум автор на петицијава и покрај тоа што прв ја споделив на форумов, НО истата речиси во целост ја поддржувам. Нормално е дека не се согласувам со одобрувањето на „натпреварите“ одржани на Скопската обиколница и по градските булевари, всушност воопшто ниту можам да ги разберам лицата кои се „натпреваруваат“ на автопат со автомобилите за на работа, меѓутоа сакам да верувам дека авторот е не сватен, односно лошо се изразил и да ја гледам единствено генералната слика на идејата, маалски кажано поентата.
ако тебе те мрзи да пишеш, односно да ископираш на форум за автомобили за каква петиција се работи, мене уште повеќе ме мрзи да го отворам линкот
Ако воопшто те интересираше насловот на темава, наместо да се најавуваш, да ја отвориш темата и да губиш време пишувајќи го постов, веројатно единствено само за да ти се брои како уште еден плус, ќе го отвореше линкот и ќе го прочиташе текстот од 382 зборови.
Поентата на петицијата е да живне мотоспортот во македонија малце, тоа трки по улици креативна слобода си земал да има за што да мрчи
Веќе 6 години немаме трки, немаме шампионати ни на ридски ни на кружни патеки, немаме никаков развој на спортот. За разлика од тоа имаме значителен развој на уличните трки, кои на возачите им остануваат како единствен издувен вентил, во ситуација кога нема можност за тркање по тркачки патеки. Тркачите се избркани од својата федерација и приморани да возат трки онаму каде што не би требало да возат. На спортот му треба итна промена на комплетното раководство на АФМ.
Медиумите објавија дека ќе има трка на нашата најпозната тркачка патека на Водно на 29 и 30 април 2017 година. На поголемиот дел од нашите тркачи не им е дозволен настап на оваа трка под матичните клубови, од причина несфатлива за здравиот разум.
Стварно не ми е јасно зошто не им дале да настапуваат.
Причините со години ги разговараме јавно и по форуми и по емисии и по портали, затоа не би сакал да се повторувам и да бегаме со дискусијата од темата, воглавно главната причина за тоа е Македонштината! Не сакам да се замерувам со никој јавно и некој да ме сваќа погрешно, но морам да напоменам дека неколку луѓе кои се на одлучувачки позиции во федерацијата сметаат дека истата е создадена со љубов на нивните родители, а не од клубовите основачи со своите членови и ја третираат како своја, дури се прашувам дали воопшто сето тоа го прават само за нивни лични интереси. Притоа ни најмалку не водат грижа за авто-картинг спортот во Р. Македонија.
Нема кој да ги поведе тркачите, затоа се во таа ситуација. Чест на исклучоци ама таму има навистина тешки идиоти. Направете една сериозна информација за случувањата, потпишете една петиција ама овојпат нека биде најсериозно и обратете се до мултикорумпираниот Жан Тод и FIA.
Како претставник на Авто Картинг Клубот Никола Карев од Скопје слободно можам да кажам дека имаме направено СЕ, дури и повеќе од она што ви паѓа на памет. Поднесени тужби, потпишани МНОГУ петиции, организиран мирен
протест, дописи до новинари и медиуми, обид за одржување и пријавување на трки, испатен допис до Жан Тод и до ФИА со сите добиени и изгубени тужби, опишани проблеми, материјали како докази за злоупотреба и тоа на два јазици, Англиски и Француски кој е мајчин јазик на престедателот, во два топа хартија, неколку пати (пред неколку директори) запознавање со ситуацијата на Агенцијата за Млади и Спорт и слични институции, писма до кабинетот на премиерот и претседателот и што уште не... За жал, според она што го гледам како резултат, до овој ден, ништо од ова не вродило со плод. Всушност можеш да забележиш колку има заинтересираност меѓу народот за решавање на оваа проблематика со дискусијава која се разви на форумов и бројот на потписите на петицијата.
Ако на АФМ е еден чичица у години претседател, му го видов паметот еднаш викаше на глас и се објаснуваше како некој градоначалник на некој општина дозволувал некаква трка па не, па после спомињаше Х иљади евра за членство во ФИА, па он можел и Ф1 да донесе у МК за пари...
Од такви хиени ништо во МК не мрда.
А за уличните трки си има полиција да ги санкционира, затоа плаќаме даноци.
Истата таа чичица, претпоставувам зборуваш за г-динот Ранко Станојковски, пред речиси една година, се обиде по секоја цена да го спречи настапот и тоа во неколку наврати на наколку Македонски натпреварувачи на патеките во соседството, односно на натпревари организинирани од клубови членки и под покровителство на матичните Auto Moto Savez Srbije, Federata e Autosporteve e Kosovës и Българска Федерация по Автомобилен Спорт, федерации членки на ФИА. Покрај тоа што во својата матична држава е еден од главните виновници кои го уништија авто спортот речиси целосно, а картинг шампионатот во потполност и му оставија непоправливи последици. Во последно време дури и навистина почнувам да се прашувам, која всушност е вистинската причина за постоењето на Автомобилистичката Федерација на Македонија. Развивањето и унапредување или уништувањето и назадување на авто-картинг спортот?!
Абе пилот не се станува на булевар или јавен пат?
Што не ти е јасно?
Кинески ли се моиве букви?
Не знам дали воопшто сум во право што ќе реплицирам на ова личност, ама еве ќе се потрудам да одговорам најточно што можам во склад со моите познавања, чисто да ти го појаснам значењето на некои зборови кои благодарение на сиромашноста на нашиот јазик, воспитувачката не била во можност да ти ги опише соодветно.
Кажав прогоре и пак ќе кажам, немам намера да се замерувам со никого и затоа те молам не ме сваќај погрешно, само најискрено повторно те замолувам од се срце, немој да пишуваш повеќе на темава. Како што јас не сум компетентен да ти кажам какви бициклистички би било подобро да си купиш, за тестисите да ти ги прикажат поголеми (ако воопшто ги имаш) пред понежната или можеби посилната половина додека трчаш покрај Вардар, тогаш ти ни најмалку не си компетентен да коментираш на темава. Верувај ми, не те лажам!
Значи вака, накратко неколку историски факти. ФИА или Светската Автомобилска Федерација е формирана во Париз, Франција на 20 Јуни 1904 година. Во почетоците била формирана како здрушение на клубови и под друго име, но тоа сега и не е толку битно, чисто само спомнав за да не ти оставам простор за спин на нештата и повик на мојата неукост. Како актуелен претседател на ФИА се наоѓа господинот Жан Тод од 2009-та година. Покрај тоа што федерацијата е меѓународна, до скоро како официјален јазик на истата беше единствено Францускиот, целата комуникација и документација се пишува исклучиво на овој јазик се до промените кога Англискиот и Италијанскиот јазик се додаваат и стануваат група од официјални јазици прифатени од истоимената федерација.
Кога сме кај Францускиот јазик, „пилот“ или „racing driver“ се преведува со „pilote automobile“ или „pilote de course“. Во Македонскиот јазик, зборот „тркач“ означува нешто друго (
прочитај тука) што никако не можам да го поистоветувам со себе. Притоа во Македонскиот јазик постои збор кој има одредено значење, зборот „автомобилист“, НО поради широката примена на истиот како генерален збор кој се однесува на лице кое за натпреварува со автомобили или лице што се бави со автомобилски спорт се користи зборот „пилот“ во официјална комуникација помеѓу клубовите, федерациите и јавноста.
Ако сеуште имаш недоумица дали сум во право или не, тогаш на овој
линк можеш да најдеш контакт од новинарот Дарко Старковски кој пишува интересна статија за настапот на патеката во Имола на нашиот Македонски и Европски шампион Игор Иџе Стефановски во рамките на ETCC шампионатот минатата година и да го прашаш каде се уште се станува ПИЛОТ.
Инаку чисто како последна информација, за повеќе од ова ќе морам да ти наплатам, не само што пилот се станува на тркачка патека туку се станува и во море/езеро!