Еве стигна време за годишен извештај:
Вредностите тука опфаќаат трошоци за колата кои биле неопходни да се направат, сосе сегашната регистрација, зелен картон.
Еден значителен дел не се прикажаи тука пошто се од терање курќеиф. Значи нема спојлери, полици, волани, аудио измени, папучи фолии .. само основно што поминало низ сервис.
За оваа година непредвидени кварови се пумпа за вода за миење стакла. Ја сменив со некоја заменска од ебај и ме чинеше 10 евра. Пумпата добро прска но има проблем со менувањето на насоки напред-назад. За сега гледам да не прскам назад, и со тоа само напред шприцам па не заглавува вентилот. Ќе видам во следна верзија како ќе изиграм. Други непредвидени расипувања не се појавија. Од предвидените освен редовен сервис, сменето е казанчето за разладна течност за кое знаев на купување и задни плочки за кочници. Другото е комплетно редовно и сервисирано во МИ-ДА Гранд Моторс.
Најголем дел од парите за сервис отидени се на Голем Сервис и нови гуми.
Од прилика вака изгледа една прва година за кола купена на старо, што не те сјебала со непредвидени трошоци:
Вкупни трошоциГоривоСервисиТрошоци за регистрација и некои други ситници како хемиско чистење