Редно да отворам тема:
Еве најдов слободно време да ја преставиме „новата“ играчка што ја иситисна итаљанката од примарното место во возен парк.
Се работи за една швеѓанка, прилично витка, свежа, елегантна и стегната (ништо налик на она Онак и Мечето што го тркалаат).
Поризводител/Модел: Volvo C30 2.0D
Година на производство: 2007
Број на врати: 2 (третата е толку мала што не знам дали може како цела врата да се брои)
Број на седишта: 4 (не, нема место помеѓу двете задни).
Тркала: 16“ легура, со гуми 205/55/16 Michelin Primacy со старост од 4 години од производство во кои има сезона возење.
Мотор: Познатиот PSA/Ford 2.0HDI/2.0 TDCi 136HP/320Nm
Менувач: 6 брзински мануелен
Боја: Темно сива перла со темно сиви бодикит пластики.
Ниво на емисија: Euro 4 без DPF
Колата е увезена од Италија директно во МК, возена на шлепер до Делчево. Купена е без сервисна историја и сервисна книшка. Единствена информација дека на официјален сервис била за две работи под гаранција и дека после тоа ја нема видено никој во официјален сервис да се појави.
Ниво Опрема - „немав пари многу за опрема за моторот ги потрошив“ - нивото е скоро па срамота за колку е платена колата при купување на ново. Од она што би било невообичаено во стандард има Cruse control, сензор за темнина, Само- затемнувачки ретровизор, сензор за дожд.
Од она што би очекувал да има а нема: Аудио на ниво „престанавме касетофони да вградуваме“ без никаква можност за надградба на некој асолен или додавање USB или AUX IN. Патниот компјутер е на ниво на вградна рерна од Горење произведена во иста година. На ист начин се подесуваат дел од параметрите што ги прикажува, како саат и трип1/трип2 + ресет. Нема задна клупа над багажниот простор, туку има мушама од Битпазар која не се ни собира.
Очекувано: Кожен управувач со команди за аудио и круз, магленки и целокупен сет на безбедносна опрема со завеси и арибегови. Контрола на стабилност ( Dynamic Stability and Traction Control - DSTC), електрика на прозори, греани ретровизори со електрично подесување, магленки, грејачи на задни станични стакла (ова е нешто што не сум го сретнал до сега). Стандардни фарови без ксенони. Двозонска автоматска клима.
Состојба при купување На лик: далеку подобро од било што, што би поминало 10 години во Скопје. Километража на одомоетар 150000 (не верувам дека повеќе од 100000 е вратена).
Внатрешност: Внатршноста покажува знаци на умерена истрошеност, чување куче и силен мирис на цигари. Мали видливи вдлабнувања на waterfall consol-ата и металните ракохвати на вратата.
Во делот на моторот: Испран мотор детално светнат, со добра состојаба на каблирање без видиливи имрпвоизации кај цревата и каблите. Пукнато казанче за разладна течност (подобро кажано деградирано/порозно во горниот дел и не личи на удар). Пукнат капак за изолација на мотор.
Каросериски: Вдалбнатини на двете крила од „тест на амортизери“, напрснат заден штоп, замаглени фарови (не претерано со една гребанка на десниот фар). Скинат кедар на задната врата (личи на механички одедна шискинат дел од носење нешто како точак). Нема механички гребнатинки ниту визуелни приметливи бледеење на боја. Дали е пожолтен лакот ќе видиме после сесија полирање.
Во работа/Возење: Лесно запали и во место видливи знаци на невозење/непалење подолго време (лесно бело димење). Моторот работи мирно во место, нема промена на вртежи ниту лупакање на инџектори или тресење. На прво возење малце видлив дим на угорница при натегнување (исчезна после 150 км итаљанско тунирање).
Подвозјето е добро дампирано цврсто но доволно комфорно и нема знаци на некоја голема маана. Затапено е чувството од патот и при управување и при возење скоро нема никаков фидбек. Некаде читав дека некој се жалеше на сервото и проблем со одзивот на воланот. Искрено јас немам забелешки на прецизноста на управување. Само нема никаков фидбек.
Ергономијата внатре е прилично добра (би ја преместил рачната евентуално). Убава позиција на седење. Се нагодува возачкото седиште по висиона, лумбално и нагиб на седење. Седиштата се одлични. Возењето наликува повеќе на кола со поголеми димензии, веројатно заради простороната кабина и добро меѓуосовинско ратојание за класата.
Измерена потрошувачка: После изминати нешто над 600 км, потрошувачка на отворно 7-7,5, потрошувачка во град 9,1. Сите мерки по борд се.
Се' на се', прилично досадна за возење нефамилијарна кола со премал багажник. Најголема маана: покрај багажникот е интерфејсот на италијански, кој на голема „радост“, мора да се даунлоадира во сервис (или да се плати онлајн некаде) за да го сменат на англиски. Сега за сега варијантата да се запишам на курс ми изгледа поприфатливо. Има уште еден куп ситници со шведски карактер за кои треба навикнување, но не се многу страшни.
Веднаш по купувње однесено во МИДА - Основен сервис со филтер за гориво (филтерот за кабина чека хемиско). Заменет експанзионен сад за разладна течност. (оригинал Форд). На проверка нема забелешки од сервис, освен дека кутијата за филтер за воздух има проблеми со шрафовите. Да поминам едно 1000 км па оди на контрола, ако нема начин да го средиме шрафењето на кутијата за филтер ќе си добие нова.
Сега моментално маестро Даме ја средува внатрешноста, и малце шминка за фарови.
План за наредниве месеци пред летен распуст: - Голем сервис со комплет ремени. Средување на ситни козметички маани надворешно (средување на штоп, кедар). Следствно, ндворешен третман за лак и пластики. Можеби бандавче, но никако спуштање и тешко за ремапче.
Не знам дали спомнав дека е УНИКАТ?Слики - Дур да фатам подобра прилика еве ги овие на лице место кај Маестро Даме: