После 1200 км поминати мерките за потрошувачка изгледаат вака:
Градско возење на 462 км потрошувачка измерена и пресметана 8.4 l/100km. Гориво наполнето на Окта.
Градското возење е: Наутро се носат деца во училиште и градинка па потоа се оди на работа, и обратно. Обично наутро три пати се пали гаси. Попладне во обратен правец два пати. Попладне уште една тура наоколу по пазарење и слободни активности. Преку викенд има „свашта“, но строго поминати во град се.
Возење на отворено: Скопје (Супертрејд) -Охрид (Св. Наум) - Скопје (Супертрејд) +15км низ Скопје во релаксиран мод. Поминати 436км, измерени 5.3 l/100km, пресметани 5.5 l/100км. Просечна брзина 57 km/h. Гориво од Супертрејд.
Возено во следен ритам:
Скопје- прва патарина: По знаци
Прва патарина - Втора Патарина: Italian tuneup 5 брзина 3200 rpm со мало заспорување накај Групчин
Втора патарина - Трета патарина: +20 од знаци
Трета патарина - Четврта патарина: Возено на круз +20
Четврта патарина па натака до Охрид: слободни активности без прекардашување. Има доста места каде има градежна механизација и контрола на брзина пред Охрид на знаци ограничено 40/50.
Наназад рецептот ист, со тоа што врнеше дожд до Кичево, после и снег нагоре кон Стража, суво после тоа.
Бонус - Слики од кај езерото