А со рѓа како стои, таму баш е совршена климата за да цути. Претходниот модел и тоа како солидни корозии имам видено, мислам и општо низ VW најповеќе сум видел на релативно понови возила, на прагови крила, или на безвеза места на хауба кај што гребнала боичка од камче веќе коризија јавена итн.
Ептен е совршена климата за рѓа, да. Од понови автомобили стандард први рѓа на подвозје фаќаат субару и мазда, па после би ги ставил тојота и хјундаи/киа. А кога веќе ќе фати одоздола се шири како канцер и почнува по шасија, прагови итн. Многу позаебано е поправка на подвозје, шасија одоздола или прагови фатени со корозија наместо на врата или хауба.
Кај ВАГ групација доста подобро се заштитени во подвозје од јапонците и корејците, имам приметено има дебел слој на восок или што и да е и после толку години нема никаква корозија фатено шасијата од доле.
НО, шкодите особено што сум видел октавија, суперб или кодиак знаат на рандом места на ѓепек или на врата да почне да со корозија. Кај мене има на неколку места по мали точки али многу зависи и самиот колку се грижиш и одржуваш. На полумесеците може исто така да се забележи има фатено по некоја точка но ја третирам со боја и лак. Но, треба редовно перење со вап ја поминувам одоздола колку што можам и нема гајле.
Состојба кај мене после 7 години