Автор Тема: Издувување на мотор при високи вртежи (или италијански тунинг)  (Прочитано 56442 пати)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Dali duvanjeto treba da bide vo krajniot stepen na prenos ili moza vo 4ta da ja sibas do kraj?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
„Дувањето“ подразбира релативно висока бројка на вртежи, 20-тина минути. Можеш во било која брзина да бидеш, ако вртежите ти се високи.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Dali duvanjeto treba da bide vo krajniot stepen na prenos ili moza vo 4ta da ja sibas do kraj?

Така е. Во 4та или 5-та брзина блиску до максималниот број на вртежи, битна е притиснатоста на гаста.

„Дувањето“ подразбира релативно висока бројка на вртежи, 20-тина минути. Можеш во било која брзина да бидеш, ако вртежите ти се високи.

Јок. Како ќе држиш 4500 вртежи у втора рецимо со притисната педала 100%? Можеш да држиш 4500 у втора со 20-30% стискање и пак ништо не си направил, џабе си потрошил нафтата :)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
I taka da se drzi 20 min? Za 20 min do kraj ke stignes do Veles. Nema sansi da ostanes u Skopje

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Затоа секое испаѓање на автопат се качува 200 за атер и против уроци и нема мака колата. 222300км, сеуште го немам видено знакот за DPF на екранот.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3254
Поентата со "издувување" е следната:

1. Моторот треба да работи во режим на високи вртежи, близу то црвената област на обртомерот

2. Тој режим на експлоатација потребно е да се одржува во период ДО 20 минути

3. Препорачливо е тоа да се изведува во 4 степен на пренос, затоа што во тие услови возилото се движи со брзина околу 100km/h.
При таа брзина и тој режим на работа, челното струење на воздухот врз ладилникот за вода е доволно за да ја одведе екстремната топлина што се јавува при експлоатација на моторот во тој режим на работа. Односно се создава еден процес на "пропорционално" загревање и ладење на моторот и се избегнува екстремно загревање на моторот заради слабо струење на воздух врз ладилникот доколку истиот процес би се практикувал во понизок степен на пренос. При 100km/h имаме струење на воздух кое врши значително одведување на топлината од моторот преку системот за ладење и му обезбедува услови на моторот за полесна експлоатација во максимален режим на работа, без да настане оштетување на моторот заради покачената работна температура.

4. Пожелно е при ваквиот режим на експлоатација после изминати 20 минути со "пуна четврта" да се изврши залетување и во петиот степен на пренос и постепено успорување со моторно кочење во четврт и трет степен без користење на сопирачки. Со овој зафат моторот работи како компресор, односно влече воздух низ доводниот вентил и испушта воздух низ издувниот, без притоа да се пушта гориво во системот. Овој "компресор" момент ќе ги исфрли сите насобрани јаглеродни наслаги или "гареж" кои што претходно биле добро термички измалтретирани (загреани) со возењето во "пуна четврта". Бидејќи во тој режим на "компресор" нема термички процес, ќе дојде до нагло ладење на гарежот насобран на вентилите, дизнити и главата на цилиндерот при што истиот ќе испука и ќе почне да се распаѓа, а со тоа ќе се издува надвор од комората за согорување.

5. Целиот зафат ќе биде значително подобар ако се користи некој адитив за причистување на дизни и вентили, кој што се става во резервоарот со гориво.

ВНИМАНИЕ: Ова се изведува на отворен пат, но претходно добро проверете го нивото на разладна течност во моторот, нивото на масло и проверете да не имате заглавено нечистотија или суви лисја напред врз решетките пред хладњакот.

Доколку возилото после овој режим на експлоатација ви јави некаква аномалија, односно протекување на разладна течност од некое црево или капење на масло од некој семеринг или дихтунг, тоа значи дека возилото ви се "пожалило" каде го "боли" и дека истите треба да си ги смените. Ова ви е одличен начин да извршите самодијагностика и проверка на возилото и воедно да направите генералка во внатрешноста на моторот, после возење на кратки градски релации во метеж и многу често на релации каде што моторот не успеал воопшто да ја постигне работната температура.

Истиот тест можете да го употребите при тестурање на половно возило, пред да го купите со тоа што ќе можете лесно да утврдите кои се аномалиите на возилото, доколку истото било шминкано, моторот бил перен и слично.
« Последно менување: 20 Февруари 2017, 00:45:08 am zlatkoa »

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Браво за опширното објаснување! Уште едно прашање. Дали е поубаво тоа дување да се прави со ново масло или пред сервис?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3254
Браво за опширното објаснување! Уште едно прашање. Дали е поубаво тоа дување да се прави со ново масло или пред сервис?

Јас би го правел пред промена на малсо. Старото масло е доволно контаминирано и термички измалтретирано за да го пуштиш во ваков режим на работа. После ова, ќе си смениш масло и имаш мирна глава некое време. Греота е ново масло да го "гориш" без потреба. Доброто е што ако го правиш пред промена на масло, може да видиш дали ќе ти јави течење од некое цревце, семеринг, дихтунг па кога ќе идеш да менуваш малсо ќе си ги средиш и тие.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2606
  • Custom made interiors
Јас ретко возам на отворен, пат па затоа секоја прилика при излегување на отворен пат на подолга релација ја користам да ја издувам колата.
Следен пат ќе го применам советот од златкоа, убаво објаснето и мислам дека ќе делува. Барем ако не колата јас ќе се издувам.:D

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Ја цело време ја дувам,дали град дали отворено таков ми е стилот,моторот увек си работи како саат.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3725
Да не ја имаш продувано :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Убаво објаснување од златкоа, браво.
Значи правете го пред промена на масло е генералното правило.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
https://en.wikipedia.org/wiki/Italian_tuneup

Дали спорото и летаргично возење низ град на кратки растојанија навистина може да ја „затне“ колата, т.е. да не влече како што треба или па да почне да трокира/да не прима гас ?

Јас иако ги сменив пумпата и филтерот за бензин на Уното (999cc бензин/плин, 45 коња), работеше добро на бензин некои 1000 километри, после почна да трокира и слабо да ја прима гаста. Возам претежно на плин, градска вожња. Денеска ја издував колата  на обиколница, еднаш на плин, еднаш на бензин држејќи ја на максимална брзина (140км/ч ;D) по минута-две, па после возев во четврта 120км/ч и после тоа нормално си ја возев. Почна да работи добро на бензин и ја прима гаста како што треба, т.е. сега поубаво работи на бензин отколку на плин, а претходно на бензин трокираше и понекогаш знаеше да изгасне. Дали е ова резултат на издувувањето на високи вртежи или нешто друго се опраило самото од себе ?

Какви искуства имате и колку често ја издувувате колата на високи вртежи ?

Слично искуство имам со Шкода Фелиција 1.3 карбуратор. Колата се вози и на автопат и во град, но последниве години цело време се вози на плин, бензин скоро да нема видено. Кога ја префрлам на бензин, колата неможам да ја извадам од гаража, едноставно не влече, потребно и е многу време за да тргне. Мене ми рекоа дека нешто се запушило поради тоа што не е возена на бензин воопшто, и претпоставувам треба да се извози еден резервар на бензин за да се стабилизира.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Секогаш кога ќе купам кола, правам Италиански тјунинг, тоа е прва работа што ја правам.
Нормално претходно проверка на масло и сите течности.
Или ќе пукне моторот, или ќе вози долго време. На такво малтретирање ако има нешто
обавезно ќе појави.
Инаку барем еднаш годишно користам адитив за гориво во голема концентрација и го
прочистувам моторот и системот за напојување со гориво.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Се мислев периодов да направам итаљански ама ново ми е маслото нема 4 месеци како е сменето :)
За вкусови не се расправа, по нив се плука.