Поентата со "издувување" е следната:
1. Моторот треба да работи во режим на високи вртежи, близу то црвената област на обртомерот
2. Тој режим на експлоатација потребно е да се одржува во период ДО 20 минути
3. Препорачливо е тоа да се изведува во 4 степен на пренос, затоа што во тие услови возилото се движи со брзина околу 100km/h.
При таа брзина и тој режим на работа, челното струење на воздухот врз ладилникот за вода е доволно за да ја одведе екстремната топлина што се јавува при експлоатација на моторот во тој режим на работа. Односно се создава еден процес на "пропорционално" загревање и ладење на моторот и се избегнува екстремно загревање на моторот заради слабо струење на воздух врз ладилникот доколку истиот процес би се практикувал во понизок степен на пренос. При 100km/h имаме струење на воздух кое врши значително одведување на топлината од моторот преку системот за ладење и му обезбедува услови на моторот за полесна експлоатација во максимален режим на работа, без да настане оштетување на моторот заради покачената работна температура.
4. Пожелно е при ваквиот режим на експлоатација после изминати 20 минути со "пуна четврта" да се изврши залетување и во петиот степен на пренос и постепено успорување со моторно кочење во четврт и трет степен без користење на сопирачки. Со овој зафат моторот работи како компресор, односно влече воздух низ доводниот вентил и испушта воздух низ издувниот, без притоа да се пушта гориво во системот. Овој "компресор" момент ќе ги исфрли сите насобрани јаглеродни наслаги или "гареж" кои што претходно биле добро термички измалтретирани (загреани) со возењето во "пуна четврта". Бидејќи во тој режим на "компресор" нема термички процес, ќе дојде до нагло ладење на гарежот насобран на вентилите, дизнити и главата на цилиндерот при што истиот ќе испука и ќе почне да се распаѓа, а со тоа ќе се издува надвор од комората за согорување.
5. Целиот зафат ќе биде значително подобар ако се користи некој адитив за причистување на дизни и вентили, кој што се става во резервоарот со гориво.
ВНИМАНИЕ: Ова се изведува на отворен пат, но претходно добро проверете го нивото на разладна течност во моторот, нивото на масло и проверете да не имате заглавено нечистотија или суви лисја напред врз решетките пред хладњакот.
Доколку возилото после овој режим на експлоатација ви јави некаква аномалија, односно протекување на разладна течност од некое црево или капење на масло од некој семеринг или дихтунг, тоа значи дека возилото ви се "пожалило" каде го "боли" и дека истите треба да си ги смените. Ова ви е одличен начин да извршите самодијагностика и проверка на возилото и воедно да направите генералка во внатрешноста на моторот, после возење на кратки градски релации во метеж и многу често на релации каде што моторот не успеал воопшто да ја постигне работната температура.
Истиот тест можете да го употребите при тестурање на половно возило, пред да го купите со тоа што ќе можете лесно да утврдите кои се аномалиите на возилото, доколку истото било шминкано, моторот бил перен и слично.