Автор Тема: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI  (Прочитано 32453 пати)

Отсутен igooor07

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« на: 06 Февруари 2017, 13:04:06 pm »
Здраво
Веќе некое време го следам и член сум на форумов, па редно време е да го преставам и јас мојот автомобил.

VW Golf 5 Plus 1.9 TDI - 2005 година
Engine type - Number of cylinders : I 4
Fuel type :   Diesel
Engine Alignment : Transverse
Engine size - Displacement - Engine capacity :   1896 cm3 or 115.7 cu-in
Bore x Stroke :   79.5 x 95.5 mm - 3.11 x 3.74 inches
Number of valves : 8 Valves
Aspiration : TGV + Intercooler
Compression Ratio : 19.0
Maximum power - Output - Horsepower : 105 PS or 104 bhp or 77 kW @ 4000 rpm
Maximum torque : 250 Nm or 184 lb.ft @ 1900 rpm
Drive wheels - Traction - Drivetrain : FWD
Transmission Gearbox - Number of speeds : 5 speed Manual
Top Speed : 183 km/h or 114 Mph
Acceleration 0 to 100 km/h (0 to 62 mph) : 11.9 s
 
Од опрема има:
- двозонска клима
- 9 аир-бега и ЕСП
- електрика на сите 4 прозори
- електрика на ретровизори со греачи
- наслон меѓу предните седишта со изведена вентилација за задна клупа
- магленки
- оригинално ЦД радио плеер

Пневматици:
205/55 Р16

Колата е купена половна, со 178.000км (ако се реални  ;D) со направен сервис сите филтри, масло и 4 нови гуми. Исто така помина еден фул третман во Прилеп кај AUTO CARE и уште го чекам мајсторот неделава да се јави за промена на водна пумпа затегачи и ребрест каиш.
Сеуште ја немам колата доволно време за да пишам повеќе, вака на прва е во ред (ми се допаѓа, добро се понаша на пат, солидно помошни мали прегради, држачи за чаша колку сакаш  ;D, се надевам на добра фамилијарна кола.
Еве неколку слики:













Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #1 на: 06 Февруари 2017, 13:14:34 pm »
Убава кола. Со среќа да се вози и многу километри.

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #2 на: 06 Февруари 2017, 14:12:43 pm »
Фино изгледа! :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #3 на: 06 Февруари 2017, 15:04:15 pm »
Добро количе.

Сум имал шанса да возам, ми се допаѓа и на дизајн и комоција. Изгледа и како доста зачувано.

Многу безгрижни километри!

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3811
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #4 на: 06 Февруари 2017, 15:12:53 pm »
Kaj Dare sredena neli  ;D

Отсутен igooor07

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #5 на: 06 Февруари 2017, 15:51:50 pm »
Убава кола. Со среќа да се вози и многу километри.
Фала, да ти се вратат.
Фино изгледа! :)
Па мене ми се допаѓа :)
Добро количе.

Сум имал шанса да возам, ми се допаѓа и на дизајн и комоција. Изгледа и како доста зачувано.

Многу безгрижни километри!
Да, да доста комотно и широчко и се надевам на не многу чести посети на мајстор. Иако сепак е кола стара 10 и повеќе години.
Kaj Dare sredena neli  ;D
Да кај Даре, како што и пишав погоре. Мислам дека промена на филтри, уље, водна пумпа, ваков-таков каиш, гуми и една посета кај Даре беа неизбежни. Не дека беше нешто многу старшно али сепак.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #6 на: 06 Февруари 2017, 15:52:20 pm »
Позната ми е колава. :)

Со здравје да се вози!

Отсутен igooor07

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #7 на: 06 Февруари 2017, 16:00:50 pm »
Позната ми е колава. :)

Со здравје да се вози!
ХеХеХе :)
Викаш познта ти е ........

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #8 на: 06 Февруари 2017, 16:09:38 pm »
Со здравје да се вози, многу безгрижни километри. И јас барав вакво нешто ради просторноста ама не можев поасално да најдам, па се сменија плановите. :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #9 на: 06 Февруари 2017, 21:38:26 pm »
Бреее, колку и да има поминато колава внатре на сликиве е ко нова, со здравје да си ја возиш

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #10 на: 06 Февруари 2017, 22:05:11 pm »
Добар избор на возило и мотор.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #11 на: 07 Февруари 2017, 00:21:30 am »
Добар избор создравје да се вози...

Отсутен igooor07

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #12 на: 13 Февруари 2017, 12:48:40 pm »
Во петокот сменети водна пумпа, затекачи и двата каиши (ребраст каиш и канален каиш). Исто така проверана на компјутер, немеа никакви грешки така да мислам спремна за возење. :)
Малку ми беше чудно што сите делови кој ги смени мајсторот беа оригинални (со знакот на VW и AUDI). Дали то значи дека не биле сменети до сеа или....... Баш ме збуни.
Еве една слика, паркирана и спремана.


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #13 на: 13 Февруари 2017, 14:33:12 pm »
Oдличен примерoк, дoлгo дa те служи!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf 5 Plus 1.9 TDI
« Одговори #14 на: 13 Февруари 2017, 14:47:07 pm »
Нека не те буни оригиналноста на деловите. Најверојатно биле менувани во официјален сервис - а тоа е добра работа. :)