Автор Тема: Освежени Audi A4 и S4  (Прочитано 4775 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Освежени Audi A4 и S4
« на: 28 Октомври 2011, 15:31:03 pm »


Audi не чекаше многу долго откако BMW ја претстави новата Серија 3 и ги претстави освежените А4 и Ѕ4...

Однадвор, редизајнираната 4-ка претрпе мали измени, пред се во предниот дел, каде фаровите добија нови LED дневни светла, а браникот и поклопецот на моторот се дизајнирани со поизразени контури, како би се нагласил спортскиот карактер. Понатаму, големата маска е шестоаголна, обоена сива кај 4 – цилиндарските мотори, односно црна кај оние со 6 цилиндари. Задниот дел пак ќе добие нови стоп светла со LED графика, како кај поголемиот А6.



Внатрешноста ќе добие уште поквалитетни материјали и подобра завршна обработка, дел во кој Audi и моментално е најдобар во класата. Ќе бидат понудени и нови дизајни на воланите, како и нови материјали за украсување на централната конзола. Освежен е и системот MMI, кој сега ќе има само четири копчиња, наместо досегашните осум.



Подобрена е и богатата моторизација, па така дизелите ќе бидат застапени со 2.0 TDI (во изведба од 120, 136, 143 и 177 КС со потрошувачка од 4,2 до 4,4 литри на 100 km) и 3.0 V6 TDI (204 КС и потрошувачка од 4,9 литри и 245 КС во најсилната изведба), додека бензинците ќе бидат застапени со 1.8 TFSI (120 КС и 170 КС, потрошувачка 5,6 литри), 2.0 TFSI (211 КС) и 3.0 TFSI (272 КС). Моделот Ѕ4 ќе биде придвижуван од 3.0 TFSI моторот во изведба од 333 КС.



Освежена е и понудата на менувачите, па така сите модели ќе бидат опремени со 6-степени мануелни менувачи, а зависно од моторот, може да се добие и Multitronic автоматскиот безстепен менувач или 7-степениот автоматски S-Tronic со две спојки. Нормално, покрај моделите со погон на предните тркала, ќе бидат понудени и Quattro моделите со погон на сите тркала (достапен од 2.0 дизелот со 177 КС па нагоре).

Освежениот модел треба да пристигне на пазарот на почетокот од наредната година во седан и во караванска изведба, како и во Allroad Quattro изведбата.


Извор: http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=2085

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #1 на: 28 Октомври 2011, 16:17:07 pm »


Тоа е тој гз!
  :-*

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #2 на: 28 Октомври 2011, 16:31:50 pm »
ova nekoj si prael renderi, mislam deka nema vrska so kako ke bide redizajnot i koga ke go ima

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #3 на: 28 Октомври 2011, 16:32:50 pm »
Se poveke zalikuvaat na Hyundai

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #4 на: 28 Октомври 2011, 16:34:05 pm »
Se poveke zalikuvaat na Hyundai

aj sea...i kruskite ke pocnat da licat na hyundai :D :D  :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #5 на: 28 Октомври 2011, 16:34:25 pm »

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #6 на: 28 Октомври 2011, 16:37:38 pm »
Добро е ова s4 од позади :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #7 на: 28 Октомври 2011, 16:39:54 pm »
koja e logikata da ima motor so 136KS i 143KS, vi vikam ja ova nije tacno  :D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #8 на: 28 Октомври 2011, 17:16:33 pm »
ova nekoj si prael renderi, mislam deka nema vrska so kako ke bide redizajnot i koga ke go ima


Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #9 на: 28 Октомври 2011, 17:17:31 pm »
ептен е погодена 4-ва ..

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #10 на: 28 Октомври 2011, 19:46:41 pm »
Убаво :)
Зини да ти кажу.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #11 на: 28 Октомври 2011, 19:51:20 pm »
koja e logikata da ima motor so 136KS i 143KS, vi vikam ja ova nije tacno  :D

Моторот со 136кс е ЕКО изведба на моторот од 143кс и е со намалена емисија на ЦО2 од 112г/км. Има подолга 6та брзина, спуштен е 1цм и има уште некој додатоци за заштедување гориво. Исто така со фејслифтингов ќе се појави мотор со 163кс(117гр/100км) кој ќе биде ЕКО верзија од 2.0ТДИ со 177кс.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #12 на: 28 Октомври 2011, 19:53:41 pm »
Аудиво од позади ко депресија да го фатило, што се обесило толку.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #13 на: 28 Октомври 2011, 20:02:33 pm »
Сите се исти овие аудиава, а4,а5,а6,а7,а8 како јајце на јајце. Јас не можам да ги препознвам повеќе....
Се паркира некој со ново ауди и го гледаш и одиш позади читаш А8 и му викаш.....ииии браво.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Освежени Audi A4 и S4
« Одговори #14 на: 28 Октомври 2011, 20:39:53 pm »
Abe aj da e samo toa so si licat,.....ama i gi vadat kako novi modeli so sekoe novo dodadeno strafce...... 
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson