Audi не чекаше многу долго откако BMW ја претстави новата Серија 3 и ги претстави освежените А4 и Ѕ4...
Однадвор, редизајнираната 4-ка претрпе мали измени, пред се во предниот дел, каде фаровите добија нови LED дневни светла, а браникот и поклопецот на моторот се дизајнирани со поизразени контури, како би се нагласил спортскиот карактер. Понатаму, големата маска е шестоаголна, обоена сива кај 4 – цилиндарските мотори, односно црна кај оние со 6 цилиндари. Задниот дел пак ќе добие нови стоп светла со LED графика, како кај поголемиот А6.
Внатрешноста ќе добие уште поквалитетни материјали и подобра завршна обработка, дел во кој Audi и моментално е најдобар во класата. Ќе бидат понудени и нови дизајни на воланите, како и нови материјали за украсување на централната конзола. Освежен е и системот MMI, кој сега ќе има само четири копчиња, наместо досегашните осум.
Подобрена е и богатата моторизација, па така дизелите ќе бидат застапени со 2.0 TDI (во изведба од 120, 136, 143 и 177 КС со потрошувачка од 4,2 до 4,4 литри на 100 km) и 3.0 V6 TDI (204 КС и потрошувачка од 4,9 литри и 245 КС во најсилната изведба), додека бензинците ќе бидат застапени со 1.8 TFSI (120 КС и 170 КС, потрошувачка 5,6 литри), 2.0 TFSI (211 КС) и 3.0 TFSI (272 КС). Моделот Ѕ4 ќе биде придвижуван од 3.0 TFSI моторот во изведба од 333 КС.
Освежена е и понудата на менувачите, па така сите модели ќе бидат опремени со 6-степени мануелни менувачи, а зависно од моторот, може да се добие и Multitronic автоматскиот безстепен менувач или 7-степениот автоматски S-Tronic со две спојки. Нормално, покрај моделите со погон на предните тркала, ќе бидат понудени и Quattro моделите со погон на сите тркала (достапен од 2.0 дизелот со 177 КС па нагоре).
Освежениот модел треба да пристигне на пазарот на почетокот од наредната година во седан и во караванска изведба, како и во Allroad Quattro изведбата.
Извор:
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=2085