После 2-3 години пробав да изгледам една трка Ф1, да видам промениве со што резултирале. Ги накитиле со сите можни гаџети, па керцови, па пошироки гуми, не знам снага. Воланон им изгледа ко кокпит на Боинг 747 и пак џабе. Два пати задремав, дур си се вртеа во круг количките. Страшна работа колку шит стана и остана тој спорт. Место со трка, се замараме дали керцот му бил полн, дали сменил гуми, дали на радио му рекоа полека со гаста... Трка во бокс.
Meanwhile, пошто се спомна ГП, нема никаква споредба во однос на возбудливост, драма. Од старт до крај има акција, поминување, контакти. Многу поедноставно е за гледање пошто нема замарање со небитни податоци, имаш чиста трка. Дечките таму се зверови невидени со огромни КОХОНЕС, пошто, помеѓу другото се гази на 2 тркала со 200км/х во кривина, над 350км/х на правец, а нема најхајтек кафез што издржува нуклеарен напад ко во ф1 болидите!