Автор Тема: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?  (Прочитано 7268 пати)

Отсутен MSiPy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« на: 21 Јануари 2017, 19:38:01 pm »
Здраво на сите!

Ве читам подолго време, па скоро напраив и акаунт. Дојде време да купувам кола, па почнав да разгледувам што има на наш пазар и како се движат цените...односно што коли има во мој буџет. Несакам да заглавувам многу пари на кола, односно би дал до 5000 EUR. Коливе кои што ги имам наброено т.е. гледано се движат во тој ценовен ранг, нормално одвојувајќи уште 1000 EUR за гуми, сервис, регистрација итн. Многу битен фактор ми е одржувањето понатака, потрошувачка, изолација, сигурност и слично...е сега со ова кажано имајте на ум дека не планирам повеќе од 6-7 години да ја користам колава.

Ве молам за советувања, предлози и да дознаам повеќе за маните и предностите на овие модели. Значи предлагајте и други опции, односно што вие би купиле за тој буџет...само без Хјундаи, Киа итн.  ;D
Цените се движат вака (со регистрација):
147(2008) - 4000 EUR
Golf(2005/4) - 5500 EUR
Astra(2005/4)  - 4000 EUR *имам возено неколку пати и не сум нешто имресиониран (поготово изолација) 1.4 90HP

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #1 на: 21 Јануари 2017, 21:23:13 pm »
Има една работа што треба да до прецизираш.

Бензин(плин)/дизел?

Второ, не можеш да се импресионираш со 1.4/90 мотор. Тоа ти е возило за пензионерско возење (точка А до Б).

147 ти препорачувам исклучиво дизел. 1.9JTDm ти е ооодличен мотор.

Астрата само 1.9CDTI (истиот е во Алфата). 1.7CDTI е ОК, ама пре би 1.9 CDTI. 1.7CDTI е Isuzu (не дека е лош мотор да се разбереме).

Место Голф пре би одел на E46 or something.

Отсутен MSiPy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #2 на: 21 Јануари 2017, 21:36:00 pm »
За Astra-та мислев за изолацијата и комфорот (вожњата), не за брзината. Инаку до сега сум возел исклучиво Бензин(плин), па би сменил на дизел, зошто да не?

И мене највеќе мерак ми праи 147цата, пошто Алфа мора некад да возиш...ако навистина ги почитуваш коливе. Некои совети на што да обврнам внимание кога би ги гледал? Цениве им се движат од 3600-4000EUR(регистрирани), дали буџетот од 1000EUR би бил доволен за сервис, гуми, регистрација и некој не предвидлив квар?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #3 на: 21 Јануари 2017, 21:50:27 pm »
147 од 2008 дизел, со цена од 4000е e добар дил. Освен ако не е сумњив дил.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MSiPy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #4 на: 21 Јануари 2017, 21:57:27 pm »
147 од 2008 дизел, со цена од 4000е e добар дил. Освен ако не е сумњив дил.
2006/7 е таа цена, регистрирана. И за да не биде сумњив, некои совети што да припазам?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #5 на: 21 Јануари 2017, 22:03:56 pm »
Стандардно, како и на секоја (скоро) 10 години стара кола. Како вози, каква е општата состојба на надворешноста и внатрешноста, видливи префарбувања, ако не оди „ко по шина“ тогаш обавезно подвозјето да се претресе комплетно (147 има доста посложено подвозје од останатиот избор што го наведе), чудни звуци од моторот (метални звуци, чудни тропкања звуци од каиши ременици), моја препорака ти е да бараш 16v, помирни се во работа, вибрации при возење, вибрации во кабина и сл..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #6 на: 23 Јануари 2017, 20:22:35 pm »
 A.147(2008) - 4000 EUR
B. Golf(2005/4) - 5500 EUR
Под А,

Отсутен alekohrid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #7 на: 23 Јануари 2017, 21:50:37 pm »
можеби не е соодветно место да коментирам, ама, скоро секој кога бара предлог става и алфа и голф. а скоро никој не зема алфа. ако си вљубеник во коли никогаш не би ги споредил тие коли. одиш и купуваш алфа.

Отсутен MSiPy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #8 на: 23 Јануари 2017, 22:04:25 pm »
Јас искрено влечам највеќе накај алфа, никогаш не сум возел алфа и не сум имал никакво искуство со неа, па затоа и пишав на форумов. Гледам има доста огласи за 147ца, планирам нареден месец да видам што се нуди и да почнам да “чешлам“. Секако ќе бидете информирани што ќе биде видено, во меѓувреме може да пишете некои предлози или совети.

Се двоумам околу некои одлуки:
1. Хемиско?
2. Перење мотор?
Нормално ако имате некој свој човек понудете. И дали воопшто да го правам ова.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #9 на: 23 Јануари 2017, 22:08:04 pm »
Прво сервисирај ја, нека ја проверат убаво, смени што има да се смени па после гланцај ;)
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #10 на: 24 Јануари 2017, 13:05:11 pm »
Јас искрено влечам највеќе накај алфа, никогаш не сум возел алфа и не сум имал никакво искуство со неа, па затоа и пишав на форумов. Гледам има доста огласи за 147ца, планирам нареден месец да видам што се нуди и да почнам да “чешлам“. Секако ќе бидете информирани што ќе биде видено, во меѓувреме може да пишете некои предлози или совети.

Се двоумам околу некои одлуки:
1. Хемиско?
2. Перење мотор?
Нормално ако имате некој свој човек понудете. И дали воопшто да го правам ова.

За хемиско и перење последно да му ја секираш имаме форумџии шо се најпрофи за оваа работа со сервис со све.

Гледај да погодиш добро количе.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #11 на: 24 Јануари 2017, 16:05:42 pm »
Јас искрено влечам највеќе накај алфа, никогаш не сум возел алфа и не сум имал никакво искуство со неа, па затоа и пишав на форумов. Гледам има доста огласи за 147ца, планирам нареден месец да видам што се нуди и да почнам да “чешлам“. Секако ќе бидете информирани што ќе биде видено, во меѓувреме може да пишете некои предлози или совети.

Се двоумам околу некои одлуки:
1. Хемиско?
2. Перење мотор?
Нормално ако имате некој свој човек понудете. И дали воопшто да го правам ова.

Моторот ќе ти дојде испран да не се гледа каде течело уље гориво и  антифриз :)

Отсутен MSiPy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #12 на: 24 Јануари 2017, 20:38:57 pm »
Моторот ќе ти дојде испран да не се гледа каде течело уље гориво и  антифриз :)
Па ќе носам со мене поискусни мајстори, ваљда ќе приметат ако има нешто такво шминкано.

За хемиско и перење последно да му ја секираш имаме форумџии шо се најпрофи за оваа работа со сервис со све.

Гледај да погодиш добро количе.
Се надевам дека ќе најдам некое солидно, ќе барам 150кс и по совет на форумов дали да чипувам или не. Целта ми е да биде побрзо од моменталново возило кое го делам со брат ми и татко ми. Се работи за Мерцедес CLK200 Kompresor (141kw). Може да ми дадете и некои совети плус за што би било паметно да направам откако ќе ја купам...како на пример у план ми е да ставам изолација.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #13 на: 24 Јануари 2017, 20:48:41 pm »
Убав мотор имаш во мерцедесот.
147 JTD 16v m-jet има забрзување од околку 9 секунди (140-150кс) и максимална брзина нешто преку 200км/ч
Таа со 170 кс има забрзување околу 8 секунди, а разлика е во енџин менаџментот (factory tuned се води)
Само со ремап ќе стигнеш лесно до 175-180кс и веќе си тука, околку 8 секунди до 100 и преку 215 на саат.
Можеби нема да биде побрза од CLK-то на права линија, ама за возење ќе биде повесела и „пожива“ пошто е помала кола.
Е сеа CLK има бензинец под хауба... тоа е голем плус за задоволство у возење :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MSiPy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Одг: Предлог половна кола...147, Golf, Astra?
« Одговори #14 на: 24 Јануари 2017, 21:09:21 pm »
Убав мотор имаш во мерцедесот.
147 JTD 16v m-jet има забрзување од околку 9 секунди (140-150кс) и максимална брзина нешто преку 200км/ч
Таа со 170 кс има забрзување околу 8 секунди, а разлика е во енџин менаџментот (factory tuned се води)
Само со ремап ќе стигнеш лесно до 175-180кс и веќе си тука, околку 8 секунди до 100 и преку 215 на саат.
Можеби нема да биде побрза од CLK-то на права линија, ама за возење ќе биде повесела и „пожива“ пошто е помала кола.
Е сеа CLK има бензинец под хауба... тоа е голем плус за задоволство у возење :)
CLK-то е далеку потромаво, до 100ка е скоро 10 секунди има 235/17, а и плус е задња вуча. Незнам зашто овој го нема на cars-data, мојот е CLK200 (141kw),а не CLK230. Ама па затоа на автопат е лудница, 160-180 не се осеќа. Оваа е далеку по “жива“, а и со чип мислам дека веќе ќе биде пред мечето.

Небитно брзината, сакам некоја помала кола, поекономична и полесна за одржување. Плус 8 години старост се во прашање, што и не е така малце. И најголем мерак е знакчето :)