365 P Speciale е првото mid engined Ferrari
Dino-то е прво масовно произведувано Ferrari (кое инаку нема Prancing Horse беџеви на каросерија, веројатно заради V6 моторот) 
Хм, не е баш така... освен ако читаш жолта штампа.
Диното има официјално име Ferrari Dino 246 GT.
Работава беше што Дино (синот на Енцо) притискал да се креира возило со V6 мотор , mid engine уште на почеток на 60-тите за да учествуваат во Formula 2.
Виторио Јано како главен инженер на Енцо, го прифатил проектот со амин на Енцо да направат V6 mid-engine Ferrari.
Резултатот беше 1600 кубика, quad-cam V6 мотор, со кој освоија баги нагарди во Formula 2.
После тоа Aurelio Lampredi (maestro Lampredi според мене

) го превзеде проектот и направи 2.0 кубика мотор
На Енцо му требаше мотор кој треба да биде произведен во 500 примероци за да ги задоволи FIA стандардите за хомологација, па склучи партнерство со Фиат да ги произведува моторите.
Leonardo Fioravanti беше задолжен за дизајнот.
Е сега името.
Смртта на Дино многу го повреди Енцо и целиот проект со midengine возило го потсеќаше на него. Затоа во негова чест го крсти ова возило Dino, а не дека „не заслужувало возило со V6 да биде наречено Ferrari". Официјално стои како Ferrari Dino, барем од документацијата што јас ја имам видено.
Беше замислен како посебен отсек во Ferrari/Fiat кои ќе произведува вакви возила и со самото партнерство со Fiat ќе ги намалат трошоците за производство, а со тоа и цената, а со тоа и профитот.
На крај толку биле намалени трошоците што од алуминиумски панели ги заменале со стандардни челични панели, но и со ојачан мотор за да се избалансира додатната тежина.
Сепак на крај целиот овај проект во соработка со Fiat (Fiat Dino) донесе огромен профит и финансиска инекција на Ferrari која очајно му требаше.
Dino брендот е tribute за синот на Енцо. Ништо повеќе. ништо помалку.
Диното е првото mid engine Ferrari.