Автор Тема: Помош при избор на прв автомобил  (Прочитано 22911 пати)

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #60 на: 10 Јануари 2017, 19:20:28 pm »
Ти Џони да бидеш малце поактивен на форумов..

договорено легендо ;)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #61 на: 10 Јануари 2017, 19:32:16 pm »
Aj да кренат два прста тие што имаат земено над 10К кредит, јас ни 1000 не би зел. Едно е да можиш друго е да сакаш.


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

...за стан...


И за кола и за куќа, ама над 10к имам тоа што имам и не ми пречат кредитите ;)

Другаров купи ли кола?
Мерцедес некој бензинец?

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #62 на: 11 Јануари 2017, 20:16:36 pm »
Дечки ми улета добра понуда за Октавија дизел од 2000-та, домаќинска, не од плац. Аутото е џам, со нови зимски и нов акумлатор, некои кул бандаши низ кои се гледаат кочниците кои исто изгледаат супер. Луѓето се блиски на колега од работа, така да во поглед на доверба сум ок.

Најверојатно ќе ја пазарам до крајот на неделава, па да ве потпрашам малку:

- кој е најдобар и најчесен мајстор за Октавија?
- какво уље да и купувам? Сакам што подобар квалитет.
- кај да точам нафта? Макпетрол или Лукоил?
- препорачајте некое добро авторадио со усб или мемориска. Има вградено, ама сакам помодерно.
- колата иде со нови зимски, така да препорачајте ми летни гуми да си пазарам на пролет.
- дали и каде да ја однесам на хемиско?
- дали и каде да ја чистам климата?
- кај има добри навлаки за волан?
- бојата е малку оксидирана, дали ќе се среди со полирање и ако да, каде да ја однесам?
- како најефективно да бркам мачиња што се кријат под хауба зимово? :D

Фала ви многу на сите за советите и ако се пројде како што треба неделава, ќе ве гњавам понатака на форумов за преправки, нешо спојлерче да стаиме, да ја спуштиме, неонки на подвожје да стаиме, ECU-то да го оверклокуваме да работи ко Intel i7 и така натаму :D

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #63 на: 11 Јануари 2017, 23:50:12 pm »
пријателе доверба нема освен да ја однесеш на мајстор и да ти даде оценка за состојбата на колата. И тоа комплет мотор, подвозје и по можност дали некаде е удрена или фарбана и зошто.
има ли сервисна книшка? ако не е од увоз имаш добра шанса да ја дознаеш точната километража. Исто добро е да добиеш документација што и кога е менувано на колата бидејќи треба да ги запазиш интервалите на промена на некои делови како уље,филтери,каиши,амортизери итн. Дискови и остало мајсторот ќе ти каже..
Од твоите прашања, уље според препорака на производителот мислам дека 505.01 стандард ти треба. Јас лично би плеснал Liqui Moly Longtime High Tech SAE 5W-30. Овде имаш цела листа:
http://www.my-gti.com/2532
-Летни гуми топла препорака Dunlop Sport BluResponse, гуми од висока класа (одма позади high end) цена средна.
-климата последе пат сервисирав и чистев во амсм центар, задоволен сум од услугата. Сервисирање на климата исто се прави во некои интервали..
-хемиско можеш кај Даме -член е на клубов, он ќе ти каже најдобро. Али ќе почекаш за запролети/залети за таа работа.
-навлаки за волан? искрено мене сељачки ми личи тоа.. освена ако носиш некој остар прстен или ако волан ти е веќе многу оштетен - а и за тоа има лек, репарираат волани поволно..
-спољерчиња а особено неонки исто како предходната ставка.. изгледа крајно сељачки освен ако колата е ептен сериозна машина. Спуштања за МК патишта и градска вожња и тратоари заборави...
-и на крај ECU-to, don't touch that shit. Добра аналогија даде со оверклокување, ама овде ако споредам со светот на комјутерите оверклокуваш не само CPU него и хардискови, магистрали, вентлатори итн. ЕCU-то контролира еден куп мехатронички елементи. Штетата што можеш да ја направиш многу покасно ќе ја видиш него при оверклокување кога може да почне да ти сецка ПЦ или да гледаш превисока темп на процесорот..
« Последно менување: 11 Јануари 2017, 23:58:59 pm ford_mkd1 »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #64 на: 11 Јануари 2017, 23:55:34 pm »
Дечки ми улета добра понуда за Октавија дизел од 2000-та, домаќинска, не од плац. Аутото е џам, со нови зимски и нов акумлатор, некои кул бандаши низ кои се гледаат кочниците кои исто изгледаат супер. Луѓето се блиски на колега од работа, така да во поглед на доверба сум ок.

Најверојатно ќе ја пазарам до крајот на неделава, па да ве потпрашам малку:

- кој е најдобар и најчесен мајстор за Октавија?
- какво уље да и купувам? Сакам што подобар квалитет.
- кај да точам нафта? Макпетрол или Лукоил?
- препорачајте некое добро авторадио со усб или мемориска. Има вградено, ама сакам помодерно.
- колата иде со нови зимски, така да препорачајте ми летни гуми да си пазарам на пролет.
- дали и каде да ја однесам на хемиско?
- дали и каде да ја чистам климата?
- кај има добри навлаки за волан?
- бојата е малку оксидирана, дали ќе се среди со полирање и ако да, каде да ја однесам?
- како најефективно да бркам мачиња што се кријат под хауба зимово? :D

Фала ви многу на сите за советите и ако се пројде како што треба неделава, ќе ве гњавам понатака на форумов за преправки, нешо спојлерче да стаиме, да ја спуштиме, неонки на подвожје да стаиме, ECU-то да го оверклокуваме да работи ко Intel i7 и така натаму :D

- Било кој, платформата е на ФВ, така да, има избор за мајстори :)
- 5W-40, по избор, согласно спецификациите на моторот;
- Ќе пробаш кај едните и кај другите, каде поише ќе ти го сака горивото, таму ќе продужиш :)
- неам појма, авто радија не сум глеал 10 години :)
- Hankook Ventus Prime V12;
- Носи ја кај Даме (член на форумот);
- Ако треба некој поголем зафат, во Авто Клима (популарно звани „Цеко“). Ако не, можеш и сам, со средство за чистење клима и вентилација;
- не постојат добри навлаки за волан. Има фабрички обложени со кожа и има фабрички без кожа :)
- Носи ја кај Даме (член на форумот);
- Пред да палиш мотор, чукни 2-3 пати по хауба, ако има некое, би требало да избега.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #65 на: 12 Јануари 2017, 00:11:31 am »
- какво уље да и купувам? Сакам што подобар квалитет.
- кај да точам нафта? Макпетрол или Лукоил?
- колата иде со нови зимски, така да препорачајте ми летни гуми да си пазарам на пролет.
- дали и каде да ја однесам на хемиско?
- бојата е малку оксидирана, дали ќе се среди со полирање и ако да, каде да ја однесам?
- кај има добри навлаки за волан?
- како најефективно да бркам мачиња што се кријат под хауба зимово? :D

Фала ви многу на сите за советите и ако се пројде како што треба неделава, ќе ве гњавам понатака на форумов за преправки, нешо спојлерче да стаиме, да ја спуштиме, неонки на подвожје да стаиме, ECU-то да го оверклокуваме да работи ко Intel i7 и така натаму :D

Па со ред да фатам, прашањата на кои немам одговор ги избришав.

- Масло обавезно по спецификации, кои би требало да ги пишува во упатствата кои би дошле со колата. Ако ги нема, големите производители на моторни масла имаат конфигуратори на своите страници што ќе ти кажат баш кое масло од нивната линија ти одговара. Од маслата што се достапни во државава, со сигурност оригинални се Motul, Liqui Moly, Shell, и уште некои, само убаво ќе се распрашаш кога ќе дојде време од каде да купиш за да е оригинал.

- Нафта покрај на тие две бензински, имаш опција и на Окта, со тек на време ќе спознаеш од каде највеќе го сака горивото (според потрошувачка и работа на мотор).

- Летни гуми зависат од буџетот, ќе ни кажеш колку пари сакаш да потрошиш и каква класа на гуми сакаш, и ќе добиеш соодветен одговор. Битно е да се знае дека има гуми за сечиј џеб.

- Двете следни прашања идат под едно: консултирај се со членот dame ако си од Скопје, со TE-EN ако си од Прилеп и околина, со naser ако си од Охрид и околина.

- Навлаки на волан ТИ ЗАБРАНУВАМ да ставаш! ;D Повели еден корисен линк доколку кожата на воланот ти е оштетена, или пак воопшто немаш кожа. http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6344.msg917663.html#msg917663

- Мачиња од под хауба се бркаат со чукање со прст (ко на врата што чукаш) по хауба и крила. Ако не искочат, суицидални се... ;D

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #66 на: 30 Јануари 2017, 16:43:49 pm »
Конечно ја испазарив Октавијата, денес ги средив сите документи и ја платив. Аирлија нека е дечки, фала за советите, ама ќе ве погњавам уште малку.

- Колата има малку посериозен проблем со електрониката, централното забушава и 2 од прозорците не се отвараат. Ми треба добар електричар да ја стокми. Препорака?
- Треба да се закрпи црево на климата и да се наполни со фреон. Препорака за сервис?
- Некој дихтунг "таму напред" (штознам па јас) е малце зезнат, треба нов.
- Клучот со даљинско го имаат изгубено, имам само еден обичен клуч за возење. Бев до Рамстор, ми рекоа 5-6000 денари за клуч со даљинско, 2900 за обичен. Коса ми се крена. Има некаде за поевтино?
- Што од опрема ми треба? Знам, ми рекоа дека во Хубо имало комплетчиња прва помош со апарат за пожар, да го земам тоа. Што друго ми треба, вака, за да не ме казни полиција?

Да ја средам прво технички, па ќе ја носам кај Даме на хемиско, полирање и сл.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #67 на: 30 Јануари 2017, 17:00:06 pm »
Отвори си тема ОВДЕ дај некое инфо за колата, тури 5+ слики, питај си што ти треба :) Со среќа нека ти е количката и безгрижни километри

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #68 на: 02 Февруари 2017, 11:35:22 am »
Конечно ја испазарив Октавијата, денес ги средив сите документи и ја платив. Аирлија нека е дечки, фала за советите, ама ќе ве погњавам уште малку.

- Колата има малку посериозен проблем со електрониката, централното забушава и 2 од прозорците не се отвараат. Ми треба добар електричар да ја стокми. Препорака?
- Треба да се закрпи црево на климата и да се наполни со фреон. Препорака за сервис?
- Некој дихтунг "таму напред" (штознам па јас) е малце зезнат, треба нов.
- Клучот со даљинско го имаат изгубено, имам само еден обичен клуч за возење. Бев до Рамстор, ми рекоа 5-6000 денари за клуч со даљинско, 2900 за обичен. Коса ми се крена. Има некаде за поевтино?
- Што од опрема ми треба? Знам, ми рекоа дека во Хубо имало комплетчиња прва помош со апарат за пожар, да го земам тоа. Што друго ми треба, вака, за да не ме казни полиција?

Да ја средам прво технички, па ќе ја носам кај Даме на хемиско, полирање и сл.

Проблемот број 1 ќе го решиш кај Дарко, профи електричар 070 579 777
Проблемот број 2 ќе го решиш кај Цеко.
Проблемот со клучот клучар мики
Галантерија било каде. Имаш на секоја бензинска, и супертинекс, веро џамбо, бриколаж, меркур и сл.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #69 на: 03 Февруари 2017, 13:51:48 pm »
Еве што ти треба од задолжителна опрема во возилото (за да не те казни Милиција :):

- знак за означување запрено возило на коловоз - сигурносен триаголник
- опрема за укажување прва помош (кутија за прва помош)
- резервни сијалици и осигурачи (не ти требаат резервни сијалици доколку возилото ти е опремено со ксенон, неон, лед светла и сл.)
- зимска опрема (зимски гуми со минимална длабочина на шарата од 4мм или ако колата ти е со летни гуми ќе ти требаат и ланци за снег)
- сигурносен-рефлектирачки елек
- резервно тркало (нема да ти треба доколку имаш спреј или пена во метално шише под притисок односно средство за привремено оспособување на обезваздушената гума)
- јаже, сајла или телескопски лост за влечење

Сигурносни појаси и наслони за глава намерно не ги набројувам иако спаѓаат во задолжителна опрема од причина што доаѓаат како стандардна опрема на возилото.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #70 на: 03 Февруари 2017, 13:56:39 pm »
Мислам дека мора да имаш ланци без разлика какви гуми имаш кога се движиш на регионален пат зимски период.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #71 на: 03 Февруари 2017, 14:01:05 pm »
Не мораш, освен ако сакаш ти лично да си имаш. Во правилникот за задолжителна опрема на возилата нагласено е: зимски гуми или летни со ланци.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8960
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #72 на: 03 Февруари 2017, 14:04:19 pm »
точно, јас си имам едни сепак Македонија Чат Пат не е најдоверлива :D

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #73 на: 03 Февруари 2017, 14:07:31 pm »
Ги возам во гепек за секој случај, а не ни ми одговараат на гумите, има секакви џандари бољи да имаш него да немаш. Ми правеа фрка еднаш за резервна, а имам компресор и колата доаѓа без резервна од фабрика, едвај некако се смилуваа да ме пуштат.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #74 на: 03 Февруари 2017, 14:16:02 pm »
Е јбг...има неписмени жацовци и кога ќе налеташ на некој таков иди па докажи му дека си во право. Ќе треба да се ебаваш да идеш до станица, да му објаснуваш на старешината негов дека жацово заебал работа, па закани дека ќе го пријавиш во внатрешна, дека ќе тужиш.... се е тоа губење време и нерви ама тоа е, толку и се писмени одредени фигури во сообраќај. Ако дојде пријавата до суд ќе падне ама ќе падне и малтретирање по судови.  Во секој случај законски си бил во право :)
Brains are awesome. I wish everybody had one.