Автор Тема: Помош при избор на прв автомобил  (Прочитано 22925 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #30 на: 09 Јануари 2017, 13:57:30 pm »
Да споделеше како е планот за возење на колата. Колку луѓе, релации, багажен простор, колку време планираш да ја задржиш итн..

Совет 1
Барај кола на која и ја знаеш историјата

Совет 2
Не се ограничувај на одредени модели и сл, и најубавата кола може да ја замрзиш ако купиш лимон.

Совет 3
Пред да ја купиш, каде ќе ја одржуваш. Нормален/чесен мајстор е важен дел во целата приказна. И најздрава кола да имаш, ако ти е шкуљав мајсторот или покварен па вади делови и менува, со време ќе дремеш повеќе  на сервис.

има и други раб али со време.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #31 на: 09 Јануари 2017, 14:53:35 pm »

Планот е да се возат 2-ца, понекогаш 4-ца, ако се собереме друштво за идење некаде, багажен простор да има доволно за 2-3 патни торби, релација низ Македонија и шопинг/одмор Грција, Бугарија. Скопје поретко, на точак сум, освен зимно време кога би ја возел госпожата да не мрзне. Планирам да ја задржам додека не се распадне, односно понатака да купам ново фамилијарно возило, а оваа кола да и ја дадам на идната сопруга за до овде-онде.

Првиот совет малку потешко, не е лесно да се дознае историја на кола ако не ја купувам од прв газда, особено ако е увезувана. Вториот совет веќе го применувам, гледам што било, само да се погоди добро и да биде во рамките на буџетот. Третиот совет иде по изборот на кола, да најдам убав мајстор за брендот што ќе го пазарам, тука и вас ќе ве прашам да ми препорачате.

Дополнително: Какво мислење имате за плацевите "Авто Кодекс" и "Авто Стил"?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #32 на: 09 Јануари 2017, 15:12:19 pm »
Пошто имам 147, од старт ти кажувам дека таа кола не е баш фамилијарна кола, освен ако не сте рационални при пакување :). Има најмал багажен простор :) Али е забавна за возење низ кривините на Ситонија :)

Киа Цидот е од членот даме е стварно добар избор за прва кола. Можеш и плин да ставиш на 1.4 моторот. Другар и комшија мој има ставено плин уште во гарантен рок и еве тера добри 100к. Едино што знам дека му рикна пумпа за гориво летото кога беа горештините али претпоставувам поради недоволно гориво (бензин) и му се одлепи шалтаблата од ветробранското стакло па ја залепија.
Мазда 3 би ти препорачал ако најдеш некоја неувезувана. Генерално тебе бензинец ти треба :)
Плацеви ко плацеви, секогаш се сведува на тоа дека секоја кола (и од ист бренд и модел) е приказна сама за себе. Треба, време, труд, информации и секако среќа.
И не заборавај, што и да купиш, да знаеш дека ќе се заебеш :)

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #33 на: 09 Јануари 2017, 15:35:31 pm »
Земи си ново вакво http://www.dacia.mk/modeli-dacia/novi-sandero/index.html за уште некое евро плус. Ако не си заинтересиран за коли и не уживаш во нив и само сакаш што поевтино и практично да стигнеш од А до Б мислам ова е колата за тебе. А ако сакаш коли и не ти е се едно како се тркалаш како што кажа AllMightyMe што и да земеш на старо ќе се заебеш.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #34 на: 09 Јануари 2017, 15:53:14 pm »
Земи си ново вакво http://www.dacia.mk/modeli-dacia/novi-sandero/index.html за уште некое евро плус. Ако не си заинтересиран за коли и не уживаш во нив и само сакаш што поевтино и практично да стигнеш од А до Б мислам ова е колата за тебе. А ако сакаш коли и не ти е се едно како се тркалаш како што кажа AllMightyMe што и да земеш на старо ќе се заебеш.
Морам да се сложам за степвеј верзијата со дизел мотор. Комшија ја има плавата, навистина е прекрасна колата, има и туле одговарачко. Цакум пакум. Особено важно што дизелот е многу проверен и страшно економичен мотор. Јас гарантирам дека само името и значката ја прави колава слабо да се продава кај нас. Во други земји кај што оди со Рено значка јасно е дека попара прави со продажби. Затоа што добиваш многу стегнато аутце, и на изглед и се, фанки со пластиките е, бојата плава е боли глава, моторот е тешка економија, и целото по цена од 13тина илјади евра, со металик боја и сосе доплатата за 7 години гаранција!

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #35 на: 09 Јануари 2017, 16:55:52 pm »
Без разлика што не е многу популарен избор, колава погоре е одличен избор кој не може да се спореди со било која кола купена на старо кај нас од некој плац пошто гледам дека се распрашуваш за плацови. Кола од плац ти е мачка во вреќа со кој знае какви дополнителни трошоци, со количево погоре барем 5 години ќе бидеш мирен.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #36 на: 09 Јануари 2017, 17:02:08 pm »
Мене лично многу повеќе ми се допаѓа на изглед сандерото од скоро сите нови коли кои се и два три пати поскапи. Може нема многу опрема ама што ќе ти е на евтино ауто.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #37 на: 09 Јануари 2017, 17:10:26 pm »
Степвеј дизел на старо со 20-30ккм, и клима и ќао ѓаци!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #38 на: 09 Јануари 2017, 17:58:40 pm »
Океј дечки, одлучив да направам ревизија на буџетот. Сега буџетот е од 3000 до 4000 евра. Ново Сандеро од 13000 евра отпаѓа. За неколку години кога ќе дојде редот за фамилијарна кола, ќе купам на ново некој габаритен SUV, сега сакам некоја конзерва, да ја изнавозам, да ја изначукам и да ја превртам на кров и ич да не ми е гајле.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #39 на: 09 Јануари 2017, 18:21:44 pm »
Држ:
http://www.pazar3.mk/%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81/%D0%A1%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0/%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BFj%D0%B5/%D0%90%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC/%D0%92%D0%9E%D0%97%D0%98%D0%9B%D0%90/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8/Peugeot/206/PEUGEOT-206-1-6-HDI--110-KS--05/2283042

Се продава Peugeot 206, 1600ccm, 110KS, 2005 година со 81900km и опрема: ABS, ESP, CD-mp3 (фабричко) со команди кај волан, клима, 6 воздушни перничиња, спортски седишта, магленки и 15-ки бандаши. Регистрирано до декември 2016-та.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #40 на: 09 Јануари 2017, 18:43:27 pm »
Абе каков дизел остај ги овие трактористиве, купи си основен бензин за 8000, знаеш ли колку бензин ќе купиш со 5000 евра?
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #41 на: 09 Јануари 2017, 19:55:54 pm »
Држ:
http://www.pazar3.mk/%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81/%D0%A1%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0/%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BFj%D0%B5/%D0%90%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC/%D0%92%D0%9E%D0%97%D0%98%D0%9B%D0%90/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8/Peugeot/206/PEUGEOT-206-1-6-HDI--110-KS--05/2283042

Се продава Peugeot 206, 1600ccm, 110KS, 2005 година со 81900km и опрема: ABS, ESP, CD-mp3 (фабричко) со команди кај волан, клима, 6 воздушни перничиња, спортски седишта, магленки и 15-ки бандаши. Регистрирано до декември 2016-та.

Огласов е од 18 јануари 2016, стар малку. Башка 3500 евра за 206? Не.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #42 на: 09 Јануари 2017, 23:30:34 pm »
bmw 320d за таја цена ке најдеш екстра и ефтина за одржување
;)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #43 на: 10 Јануари 2017, 00:32:34 am »

Консензусот од колегите на работа е да си купам Гољф 4 или 5, бидејќи бил многу стабилен и лесен за одржување (повеќе од пола од нив возат Голфови), но мене ич не ме влече некако. Еден мој многу драг пријател има Алфа 156 и се крсти во неа, ми предлага да земам Алфа 147, ама мене тоа возило ми изгледа како конзерва сардини.

Голф 4 не те влече, а 147ца ти е кознерва сардини.

Значи ми треба возило што е стабилно, и не би ме оставило на сред автопат во странска држава. Исто така би сакал да ми препорачате чесен мајстор или сервисен центар, немора да е евтин, ама да е чесен и да е професионален.

Немој да ме сфатиш погрешно (а и другите да ме сфатат погрешно), чим вака размислуваш (рака на срце си кажа дека не те бива за возила) моја топла препорака ти е нова кола. Имаш добра плата да покриеш кредит од circa 10K EUR и ќе ти ги задоволи сите критериуми.

Не си за кола на старо, верувај ми. Најдобронамрен совет.

Можеш нешто вакво да земеш во предвид (може некој попуст да избоксуваш, околу 11K EUR)

Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Помош при избор на прв автомобил
« Одговори #44 на: 10 Јануари 2017, 02:28:54 am »
дизелите имаат генерално поскапи: делови, големи сервиси и доста поскапи потенцијални дефекти на делови како пумпа за гориво,турбина,инјектори, ДПФ, ДМФ итн. Исто генерално се поголеми, потешки коли и помоќи коли - значи поскапи гуми, дискови, амортизери и поскапо автоосигурување. Се си се собира на крај.. Погоре некој добро ти посочи дека бензинец ти е поисплатлив од дизел до одредена годишна километража. Таа бројка е некаде 15000км годишно (можеби и повеќе), а според оние релации што ти ги опиша милам дека ќе бидеш и под 10К км годишно.