Да е префарбувана заради соодветна причина (да не удрена во сообраќајка па исправана) не е страшно.
Како што кажа howitz планирај од 1000 до 2000 евра трошоци за било кое половно возило 5000 евра па нагоре.
Замаец комплет (потисна мотисна) ти е, кај нас околу 1000 евра за овие наведените возила.
Ако успееш да најдеш возило со тазе сменет замаец и комплет, ќе спасиш сериозни пари.
Ја сфаќам потребата за големо возило, особено со две деца, мене со едно одвај ме собира во Зафирата
така што јас лично би ти препорачал MPV, ако тоа не ти одговара и сакаш исклучиво караван тогаш било кој од горе наведените мислам ќе ти брка работа.
Ако успееш да најдеш Skoda Superb караван, тоа ти е апсолутен погодок.