Автор Тема: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm  (Прочитано 19776 пати)

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« на: 06 Декември 2016, 16:49:06 pm »
Еве да ја претставам и јас новата "играчка" во фамилијата :)
Се работи за Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm со 105HP и 320NM, ниво на опрема-distinctive.

Поседува :

ABS+EBD
ASR
Електрика на предни и задни прозори
Греење на задно стакло
Автоматски двозонски клима уред со AQS сензор
Висинско подесување на светлосниот сноп
BAS - BRAKE ASSISTANCE SYSTEM
Предни светла за магла
Деллив наслон на задни седишта
VDC со Hill Holder (MSR+ASR+Brake assistant)
DNA селектор
TMPS Сензор за притисок во пневматици
Темпомат
Наслон за рака на предно седиште
Задни паркинг сензори
Воздушно перниче за возач
Воздушно перниче за совозачот
Странични воздушни перничиња
Странични воздушни завеси
Пепелник
Мало резервно тркало 125/85 R16
Спојлер на задна врата
Електрични и греани ретровизори во боја на каросерија
Кит за пушачи
Радио CD + MP3 Uconect 5 ‘ touchscreen
Команди на волан
Blue&Me
USB & AUX приклучок
ANTI WHIPLASH предни наслони за глава
Патен компјутер
Држач за чаши на задни седишта
Совозачки штитник за сонце со огледало
Деактивација на совозачко воздушно перниче
Штитник за сонце на возачот со огледало
Електрика на предни стакла со сензор за удар
Асферично стакло на ретровизорот
Брисач на задно стакло со интервал
Кровно светло
Сензор на надворешна температура
Хром кит
Бандажи од лесна легура 17”
Странични спојлери
Боја Црна пастелна



















Многу кејф ми прават задните светла вечерно време.


И еве една "нечиста слика" :)



До сега можам да кажам дека троши многу малку и има многу сила во 4та,5та и 6та брзина.Пред да ја земам бев скептик дека ќе е тромава но малку ќе троши, но после првиот круг видов дека колата има многу сила.Споредено со Алфа 159 1.9ЈТД ова има многу посилно "лепење на седиште".Претицувањето сега ми е задоволство и во која брзина да сум, додека кај Митото со 1.4 95коња бензин, претицувањето е ритуал.Градска троши 6l/100km што е скоро дупло помалку од 10.5l/100km на Митото.Единствено што фали е звукот на бензинец :)
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2784
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« Одговори #1 на: 06 Декември 2016, 17:02:05 pm »
Многу симпатично ауто... многу.

П.С. И многу ми се свиѓа ентузијазмот кај алфа, на брзинометар ставиле до 260, а по спецификација топ спид е 185

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54952
  • Махер
Одг:
« Одговори #2 на: 06 Декември 2016, 17:27:42 pm »
Супер станаа џулиетиве како стареат. Баш ги гледав пред некој месец. Или црвена или црна јасно.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13844
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« Одговори #3 на: 06 Декември 2016, 18:13:26 pm »
Честитооо! Браво дете! :D ;D ;D

Создравје да се вози!


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« Одговори #4 на: 06 Декември 2016, 18:18:14 pm »
Кукле ...

Свака част !

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43646
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« Одговори #5 на: 06 Декември 2016, 18:28:32 pm »
 Одлично ауто. Со здравје да се вози и долго да те служи :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« Одговори #6 на: 06 Декември 2016, 18:31:53 pm »
Браво, одличен пакет! Јас само би размислил околу унапредување на предните светла кон џенон, пошто имаш лед диоди и леќа у фарот, не ми иде жуто да свети од неа.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2647
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« Одговори #7 на: 06 Декември 2016, 20:02:35 pm »
Аи тие алфисти го преплавија форумот. :D :D
Ами оваа стварно убава!!! Честитки прекрасни се со митото двете :*
Да се изнавозиш! Само за убаво

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« Одговори #8 на: 06 Декември 2016, 20:07:51 pm »
убаво е аутово,со арно да се вози.многу Nm има некако од 1.6 мотор,како да не тегне у секоја брзина :)
како е со димензии Џулиетата,наследник на 147 или друга класа е?на сликиве ми делува поголема.

Присутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« Одговори #9 на: 06 Декември 2016, 20:27:35 pm »
Убаво ауто, со здравје да се вози.  :)

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« Одговори #10 на: 06 Декември 2016, 20:39:26 pm »
Многу симпатично ауто... многу.

П.С. И многу ми се свиѓа ентузијазмот кај алфа, на брзинометар ставиле до 260, а по спецификација топ спид е 185

Шо знаеш ако улете некој чип :D :D

Супер станаа џулиетиве како стареат. Баш ги гледав пред некој месец. Или црвена или црна јасно.

Па само црвена и црна имаа на лагер дизел.Иначе ми прави кејф дизајнот.

Честитооо! Браво дете! :D ;D ;D

Создравје да се вози!

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Фала ти, да ти се врати поубава Giulia :)

Кукле ...

Свака част !

Фала ти, да ти се врати поубаво :)

Одлично ауто. Со здравје да се вози и долго да те служи :)

Фала ти Симо, да ти се врати поубаво Масерати :)

Браво, одличен пакет! Јас само би размислил околу унапредување на предните светла кон џенон, пошто имаш лед диоди и леќа у фарот, не ми иде жуто да свети од неа.

Фала ти, да ти се врати поубаво.Иначе околу хенон размислувам да земам некој халогенки H7 на Осрам или Филипс кои имаат блага боја на бело.Хенон како што читав многу брзо гореле сијалиците.Но ќе видам како ќе биди.

Аи тие алфисти го преплавија форумот. :D :D
Ами оваа стварно убава!!! Честитки прекрасни се со митото двете :*
Да се изнавозиш! Само за убаво

Фала ти друже, да ти се врати поубаво.Интересни коли се со Митото а и многу различни.

убаво е аутово,со арно да се вози.многу Nm има некако од 1.6 мотор,како да не тегне у секоја брзина :)
како е со димензии Џулиетата,наследник на 147 или друга класа е?на сликиве ми делува поголема.

Фала ти, да ти се врати поубаво.Иначе кога е во Natural има 280NM, а во Dynamic 320NM.Многу импресивно за 1.6, додуша ми рекоа дека се исти мотори со 1.9, иста големина на клипови, биле различни во брегастата.Можеби и од овде доаѓа и големиот вртежен момент.
Иначе ова е замена за Алфа 147, мада ми се чини малко поширока, незнам точно.

Убаво ауто, со здравје да се вози.  :)

Фала ти, да ти се врати поубаво :)
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« Одговори #11 на: 06 Декември 2016, 21:15:14 pm »
Преубаво, долго да служи и многу убави спомени со неа да направите :)

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« Одговори #12 на: 06 Декември 2016, 22:49:55 pm »
Фала ти, да ти се врати поубаво
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.6 Jtdm
« Одговори #13 на: 07 Декември 2016, 10:04:35 am »
Со здравје да се вози. Со среќа нека е. Одлична кола.
Јас само би ја зел црвена со 2.0 јтдм.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7785
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #14 на: 07 Декември 2016, 12:15:28 pm »
Ептен скоцкано возило, поготово ентериерот. Со здравје да си ја возиш.