Автор Тема: 1.4 Tsi 125кс  (Прочитано 7038 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4757
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
1.4 Tsi 125кс
« на: 05 Декември 2016, 09:22:17 am »
Гледам кола за девојка ми и приметувам дека огласиве се полни со Seat, VW, Audi, Skoda со овој мотор и со многу ниска километража. Скоро нови коли, едвај разработени со по 30-50.000км.

Зошто толку ги продаваат? Што е работава, има некоја маана?

Некој да сподели искуство или информации околу моторчево, издржливост, слабост, потрошувачка?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #1 на: 05 Декември 2016, 10:57:06 am »
Побарај ја темата „Квалитетот на VW“. У кратки црти, знаат да имаат проблеми со ланчето и/или турбините.

За перформанси и потрошувачки, има пар членови со овој мотор, со Леон, Октавија, и чинам по некој Голф, па побарај им ги темите, ѕирни таму.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #2 на: 05 Декември 2016, 11:20:11 am »
Ако се реши познатиот проблем со ланецот ќе се океј.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #3 на: 05 Декември 2016, 11:21:05 am »
Па шо не го решат проблемот со ланецот? Оти ги продаваат?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #4 на: 05 Декември 2016, 11:25:24 am »
Оти не возат на плин. Затоа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #5 на: 05 Декември 2016, 12:06:13 pm »
Па шо не го решат проблемот со ланецот? Оти ги продаваат?

Ретко кој може да се убеди со Porsche MK дека они треба да ја покријат поправката. Има на форумов случаи кај што луѓе успеале без никакви трошоци да го решат проблемот, ама не се сите толку упорни. Затоа - боље на продажба колата. :)

Присутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #6 на: 05 Декември 2016, 12:37:56 pm »
Јас го имам моторов у голф 5ка..

Као што напоменаја, имаат фабрички проблем на ланчето, поточно (tensioner), не сум сигурен како е на МК, но во тој зафат се менува од ланец до сите попратни делови. Скапа поправка и доколку се изведи професионално, не би требало да имаш проблем.
Овој проблем мислам дека во 5ка и 6ка е застапен. Колку што имам читано, во 7мица нема повеќе ланец, него ребраст каиш.

Од друга страна, моторот е перфектен, бар ја сум презадоволен. Има одлични перформанси, до сега не сум имал проблем на некоја угорница да осетам да нема сила, макар и при полна кола.
Потрошувачка грубо се движи од 6 до 7 и нешто, али не повеќе од 8 литри.
Мојот е со 6 брзински менувач, и не знам дали има изведба со 5 брзини, али ако има, барај 6так, пошто на 200км на час ќе се возиш на 4000 и нешто вртежи, а не во црвена линија.

Мислам дека ако планираш плински уред не ти е најдобар избор, како што кажаа погоре.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4757
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #7 на: 05 Декември 2016, 13:18:39 pm »
Тоа со ланчето се средува, ама ако не е соодветен за конверзија на плин, тогаш и јас би го прескокнал.

Инаку сум го возел во Leon тест возило, супер си е моторчето за 1.4 турбото целосно го менува неговиот карактер и перформанси.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #8 на: 05 Декември 2016, 13:30:08 pm »
Тоа со ланчето се средува, ама ако не е соодветен за конверзија на плин, тогаш и јас би го прескокнал.

Инаку сум го возел во Leon тест возило, супер си е моторчето за 1.4 турбото целосно го менува неговиот карактер и перформанси.
Toa e реалноста. Кај нас бензинци се возат на плин генерално. И кај треба да се замараш со корекциони поправики, и пак неможеш да си возиш на ефтино гориво.

И затоа се продаваат.

П.С. А имаат ниски километражи зошто поголемиот број луѓе што земаат бензинец кола која не оди на плин поминуваат многу мали километражи годишно.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #9 на: 05 Декември 2016, 15:18:13 pm »
Јас за поло се информирав со 1.2 тси, има партнамбер за сет кој е ревизиран и ги нема маните и болестите од претходно.

Ако се направи тој сервис или е направен, тогаш е добра куповина, ако не,  секое влегување во кола со страв :D

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #10 на: 06 Декември 2016, 02:43:31 am »
Јас го имам моторов у голф 5ка..

Као што напоменаја, имаат фабрички проблем на ланчето, поточно (tensioner), не сум сигурен како е на МК, но во тој зафат се менува од ланец до сите попратни делови. Скапа поправка и доколку се изведи професионално, не би требало да имаш проблем.
Овој проблем мислам дека во 5ка и 6ка е застапен. Колку што имам читано, во 7мица нема повеќе ланец, него ребраст каиш.

Од друга страна, моторот е перфектен, бар ја сум презадоволен. Има одлични перформанси, до сега не сум имал проблем на некоја угорница да осетам да нема сила, макар и при полна кола.
Потрошувачка грубо се движи од 6 до 7 и нешто, али не повеќе од 8 литри.
Мојот е со 6 брзински менувач, и не знам дали има изведба со 5 брзини, али ако има, барај 6так, пошто на 200км на час ќе се возиш на 4000 и нешто вртежи, а не во црвена линија.

Мислам дека ако планираш плински уред не ти е најдобар избор, како што кажаа погоре.

За жал на форумов има многу лоша претстава што значи 6та брзина.  Напротив од тоа ти што го збориш, доколку тој мотор се нудеше со 5 брзини, исти вртежи во минута на 200кмх ќе имаше како твојот голф.

Најчесто разликата во 5 и 6 степени менувачи е во односот на пренос помеѓу 3-5ти степен. Краниот степен на пренос е скоро ист секогаш.

Пример 1.6тди 110кс леон

Како и фамозниот 1.9тди во голф 5

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг:
« Одговори #11 на: 06 Декември 2016, 08:27:14 am »
Затоа е важно да знаеш што зборуваш кога даваш совети.

Присутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #12 на: 06 Декември 2016, 08:42:49 am »
....

Добро, се согласувам дека не знам многу за соодносот ама сигурен сум дека придобивките на 6так версус 5 степен менувач се поголеми. Или не е така?
п.с Корисно е ова што си го постирал, искрено благодарам...

Затоа е важно да знаеш што зборуваш кога даваш совети.

Ете, видиш...да се пише нешто

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 774
  • .
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #13 на: 06 Декември 2016, 09:55:26 am »
Тоа со ланчето се средува, ама ако не е соодветен за конверзија на плин, тогаш и јас би го прескокнал.

Инаку сум го возел во Leon тест возило, супер си е моторчето за 1.4 турбото целосно го менува неговиот карактер и перформанси.
сакаш тси да возиш на плин?? ма ај те молам
ПС: ако немаш пари за бензин тогаш овие коли со вакви мотори не ни ги погледнувај, глеј си некој обичен бензинец атмосферец таму
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4757
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #14 на: 06 Декември 2016, 10:03:09 am »