Автор Тема: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer  (Прочитано 47300 пати)

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #45 на: 12 Ноември 2016, 13:37:55 pm »
Со здравје да си ја возите, не сум љубител на Опели, али убав и разумен deal си напраил. Шо би рекле комшииве од карши, да му е арна срејчата :D

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #46 на: 12 Ноември 2016, 13:47:31 pm »
Честито авионче! На толкав простор и куфер ке ставаш? За фирма ке го праеш или за лични потреби(старото злато не го збира а :) ). Инаку, кое годиште е колата, 2013? Нешто ентериерот ми е чуден, очекував нешто во стилот на Ровер 75, знам имам видено таква инсигниа седан... освен седиштата, седиштата се стварно гром овака сликовито, а сигурно и на дело :)

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1382
  • Велешанче
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #47 на: 12 Ноември 2016, 13:55:36 pm »
Со здравје да се вози :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #48 на: 12 Ноември 2016, 14:23:08 pm »
So zdravje da se vozi.Ozbilen si za kuferot?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #49 на: 12 Ноември 2016, 14:57:16 pm »
Не знам зошто ви е чудно куфер што сака да има. Голем дел од товарниот простор ќе биде за  четириножниот пријател, така да корисниот простор за багаж ќе се сведе на помал хеч. Куферче си треба. И добро ќе го личи.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #50 на: 12 Ноември 2016, 15:04:02 pm »
Честитки честитки! Welcome to the Opel club :D :D

Чудно како не ти се нафрлија што си зел Opel ;D ;D

Се зезам

Убавини друже, мноооогу безгрижни километри. Одличен избор.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #51 на: 12 Ноември 2016, 15:26:59 pm »
Честито, со среќа да се вози.
Што би рекол јас, .... доообар Опел со Фиатов мотор.
Секако во комплет е одлично ауто.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #52 на: 12 Ноември 2016, 17:19:20 pm »
Чудно како не ти се нафрлија што си зел Opel ;D

Добро е што му е паркирана под нос, па може да гледа од прозор како р'ѓосува
;D ;D

Се зезам, немам предрасуди према марки :)
Ја биравте таблицата а?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5003
  • The Spartan General
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #53 на: 12 Ноември 2016, 17:25:05 pm »
Таблицата е бирана 100%, само не знам што значи 145.  :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #54 на: 12 Ноември 2016, 19:01:33 pm »
Таблицата е бирана 100%, само не знам што значи 145.  :D
Абе јас знам али газда ако сака ќе сподели :)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #55 на: 12 Ноември 2016, 19:18:37 pm »
Брод!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #56 на: 12 Ноември 2016, 19:35:06 pm »
Фала на тие што пуштија поздрави и честитки, со арно да се враќа!

Ќе ја замолам администрација да зачисти малце, пошо апсолутно не ми е гајле дали е на Фиат моторот или на Опел/ГМ.

На тие што не им е јасно, озбилен сум за куферот, и многу веројатно дека во догледно време ќе купиме куфер. Симо убаво долови зошто.

Таблицата е бирана. ЕИ се иницијалите на ќерка ми, а 145 е 14 мај т.е. нејзиниот роденден.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #57 на: 13 Ноември 2016, 00:29:54 am »
Со среќа нека е Веле :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Ezekiel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 400
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #58 на: 13 Ноември 2016, 00:39:22 am »
Ме интересира дали си размислил за решеткаста преграда помеѓу багажниот дел и делот за патници, како што има кај доста каравани?

Во тој случај ептен ќе биде катче за песот позади..
Cogito ergo zoom

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #59 на: 13 Ноември 2016, 00:56:23 am »
Фала Банза :)

Ме интересира дали си размислил за решеткаста преграда помеѓу багажниот дел и делот за патници, како што има кај доста каравани?

Во тој случај ептен ќе биде катче за песот позади..

„Шипкава“ у багажникот е за тоа:



Едниот дел се закачува на кровот, а втор како ролетна се извлекува надоле, со што се одвојува патничкиот од товарниот дел.
Мада песот сеа за сеа, сеуште ќе си се вози на задната клупа, до ќерка ми. Здравје у будуќност (или сеа по потреба), ќе се вози во багажник.

Прееска ја повозев малку низ маало, онака, да се напраи меракот...
Некој спомна, а сеа го приметив и ја, дека управувањето е сенслес. Не е до толку „одвоено“ како да нема врска меѓу воланот и тркалата, како кај Ситроен Ц5, ама фали фидбек. Кај Лансерот тоа се смени при промена на тркалата, па ќе видиме (здравје) дали и тука тоа ќе биде случај.
Одамна не сум возел дизел, па малце чудно ми падна... Она што приметив, во своевидна споредба со Пасатот на татко ми (2.0 ТДИ ПД 140 КС, 2008 година), е дека многу порамномерно ја добива и распоредува снагата (што не е чудно пошо е комон рејл, не ПД), и е значително порафиниран и потивок моторот при споро, градско возење. Комфорна, цивилизирана, со фино држење на патот. Поприлично безосетно дигнав 120, на патчиња кои не се наменети за толкава брзина. Мењачот ми праи мерак - многу убаво лежи во рака и е доста прецизен. Не е зглобен како на Лансерот, ама па не е ни безосетен и млитав као на пример на старите Хјундаи И30.
Би било подобро надворешните ретровизори да се поголеми. Прегледноста наназад низ средниот ретровизор е релативно т'нка, ќе треба чоек да се навикне на тоа.
Седиштата се перверзии.

Тоа би биле првите импресии. Едвај чекам да смееме малку поише да се повозиме у нејзе, ама сеа за сеа не ќе да може, пошо неаме валидни возачки дозволи.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.