Никако Македонија!!!
Прво и основно деловите во РЕНО се изгор. За меганот твој полуосовина чини рамно 35000 денари, или нешто под 600 евра.
Минатото лето прашувавме за колегава. Заради прескапата цена, се одлучи да купи на старо.
Старата полуосовина ја плати 100 евра со замена, но замената траеше цели 3 месеци и пролупа повторно.
Се одлучи да купи нова, овој пат од некој си италијански производител во Еуро07, можеби си чул за фирмата.
Ја плати околу 150 евра.
Полуосовината верувал или не беше фабрички дефектна! Кога пополека се движеше колата, се слушаше крцкање. Колегава малку од малку се разбира, па од двете направи една, односно го смени баш тој дефектниот дел на новава , со делот од старата, и така ја оспособи.
После една година ја продаде колата.
Така да мој совет ти е да си ја смениш таму за рамно 200 евра и да бидеш најсреќен.