Автор Тема: Renault Megane 1.9 dcI Exception  (Прочитано 39731 пати)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #165 на: 14 Април 2015, 09:51:26 am »
Менувај ова лето 60.000 веќе се пројдени одамна. Не ризикувај.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #166 на: 14 Април 2015, 10:02:11 am »
И конечно Карклуб налепница да добие. :D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #167 на: 14 Април 2015, 10:51:22 am »
Хахаха да да налепницата долго време си ја чекам  :)

Иначе 60.000 мислам дека е прерано. Еве сега гледам на интернет, плус од power to the people, и од мојава книшка си пишува 120.000 или 5 години. Разбирам дека каиш и да сакаш да го видиш е скоро секогаш недостапен особено кај Меганов, па и да го видиш од гледање нема да знаеш дали е за менување. Ако идам според книшкава ондак ќе треба да биде на 240.000 ама ајде да не биде многу касно нека биде 210.000-220.000  :D. Ако менување на рачната кочница не е нешто скапо ондак ќе сменам и каишите ова лето. Плус треба предница задница да се провери сигурно нешто ќе биде за менување и некој семеринг најверојатно ми капе уље помеѓу блокот и менувачката кутија. 

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #168 на: 14 Мај 2015, 15:04:57 pm »
Koja марка на сет ребраст каиш се препорачува од следниве ? И дали треба да ја сменам водната пумпа? Цениве идат за сет ребраст каиш и водна пумпа.

-Continental 165 EUR
-SKF 132 EUR
-Bosch 125 EUR
-INA 114 EUR
- HEPU?! 146 EUR
-GATES 117 EUR

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #169 на: 14 Мај 2015, 15:49:23 pm »
Ако одат како сет тогаш ќе да има причина зошто одат како сет.
Инаку првите 3 марки се повеќе познати од вторите 3. Тоа не значи дека вториве не ги бива.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #170 на: 14 Мај 2015, 18:38:56 pm »
Gates е прилично популарна марка во USA, ја користат на све од muscle cars до нови зујалици. За мојата кола Gates и Continental чинеа исто пари. :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #171 на: 14 Август 2015, 06:57:05 am »
Кога бев во Скопје, тоа беше некаде на 200.000 сменет ребраст и клинест каиш, водна пумпа валео, антифриз, затегач и филтер за нафта. Вкупно ми се чини излезе 13.000 со се работна рака.

Пред некоја недела односно на 208.000 почна нешто да ми тропа предницата. Стануваше се погласен звукот. Си мислев да не отишол држачот за мотор или мењач, а тие ич не се евтини за менување. Ја однесов на сервис вчера и до десниот стабилизатор било. Сега тропање нема, нормално :)

Наскоро ќе менувам уље мотул x-cess 5w40 и филтер за уље а многу понаскоро треба да се менуваат комплет предни дискови и плочки. На 220.000 ќе сменам филтер за воздух и полен најверојатно.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #172 на: 17 Август 2015, 09:46:36 am »
Update:

Нарачани предни Феродо дискови и плочки. Монтирање ќе следува за неколку дена па ќе пишам импресии.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #173 на: 17 Август 2015, 09:47:53 am »
што импресии и онака нема да кочат наредни 300км дур легнат :D

Отсутен jordancoj

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
  • Renault Megane 1.9 dci 2005
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #174 на: 17 Август 2015, 15:00:22 pm »
Кога бев во Скопје, тоа беше некаде на 200.000 сменет ребраст и клинест каиш, водна пумпа валео, антифриз, затегач и филтер за нафта. Вкупно ми се чини излезе 13.000 со се работна рака.

Пред некоја недела односно на 208.000 почна нешто да ми тропа предницата. Стануваше се погласен звукот. Си мислев да не отишол држачот за мотор или мењач, а тие ич не се евтини за менување. Ја однесов на сервис вчера и до десниот стабилизатор било. Сега тропање нема, нормално :)

Наскоро ќе менувам уље мотул x-cess 5w40 и филтер за уље а многу понаскоро треба да се менуваат комплет предни дискови и плочки. На 220.000 ќе сменам филтер за воздух и полен најверојатно.

Ристески, Да го поздравиш брат ти (од Јоки) и поздрав и до тебе. И јас земав сеа пред 2 недели Меган 1.9 dci 2005 год. Ваљда ќе се покаже. Сега имам заебанција мала со отклучување на централното, некад не се отклучува возачката врата или задната лева врата.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #175 на: 28 Август 2015, 07:52:24 am »
Немаше феродо дискови па земав некои си Protechnic, мислам се од Полска. Плочките се феродо. Наредна недела ќе ги монтирам. Во моментов предните дискови се во очајна состојба особено при поголеми брзини. 





Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #176 на: 29 Август 2015, 18:36:55 pm »
Денеска ги сменив предните дискови и плочки. Исто така сменето уље (Мотул x-cess 5w40 и филтер за уље).

Мал јубилеј - поминато 210.000 км


free upload

free photo hosting

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #177 на: 29 Август 2015, 22:15:27 pm »
После прв дожд и добро загреан диск, ке видиш како ке се покажат. Ако почне да ти подзатресува, толку од квалитетот на дисковите...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #178 на: 29 Август 2015, 23:33:04 pm »
Nazdravje kocenje :)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Renault Megane 1.9 dcI Exception
« Одговори #179 на: 31 Август 2015, 10:38:19 am »
Бладорариме. Поминав 250 км на отворено со прилично многу малку користење на кочниците и дефинитивно уште им треба време да легнат. При нормално кочење се ок но кога ќе стиснам појако на кочницата скоро и да нема никаква разлика. Ќе пишам после 200км градска дали и каква разлика има.